1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Турски серии

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од maja8, 26 септември 2010.

  1. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Турските серии не се ништо друго, туку еден голем проект на турската држава за враќање на Отоманската империја на овие простори. Целоднавна турско-исламска пропаганда на сите телевизии во земја која е на тапет дали ќе ја биде или не е страшно поразувачки. И, баш се емитуваат и се откупувани од земји коишто традиционално биле под турско ропство, па најверојатно и менталитетот е сеуште присутен. Покрај економските инвестиции доста присутни се и турските донации за изградба на џамии, радикализирање на циганското население, одделување на Македонците-муслимани од македонското јадро и попишување како Турци и Албанци. Се е тоа финансирано од турската држава и верска заедница. Преку ноќ ги заборавивме илјадниците силувани и убиени Македонци, јаничарите, несреќните мајки, борбата за слободна македонска држава, вековната борба на Комитите за пар бљувотини коишто го отсликуваат нашиот менталитет во мали средини во името на озборување, недозволена љубов, бегалка, домаќинка мајка и модерна ќерка. На кој канал веќе да одберам јас не слушам како Маријана, Никола, Кирил, Димитар, Зоран, Миле зборуваат, туку Хатиџе, Ајша, Ахмет, Орхан, Омер. Не потруја живи.
     
    Последна измена: 28 ноември 2014
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Коа те читам вака,се подзамислувам,кој ли беше проектот на индијската влада и дали беше успешен?
    @Петре Прличко
     
    На tessie и Sesil им се допаѓа ова.
  3. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Да, и пред 10 години Мексико не окупираше, ама никогаш не кажаа на вести и така не се дозна. Денес историјата се повторува и пак сакаат да кријат од народот напатен, ама сега ти си тука да ја кажеш вистината од 78 профили ако треба на Фемина форум и НЕМА!!!11
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Запрашај се кој ги финансира џамиите во Македонија, кој го турка шиптарскиот шовинизам напред, кој држава добива константна подршка од нив, па ќе ти биде јасно. Не споредувај Латино Американски серии со Турција. Тоа се две сосема различни термини. Турција ја финансира и ќе ја гради најголемата џамија во Албанија, Ердоган константно ги подржува, во Турција на власт е отоманско-исламска партија на власт, а Турците кај Шиптарите, исламизираните Срби, т.е. Бошњаци, Цигани и Македонци-муслимани има голема подршка. Само да не ти напоменам дека најголем дел од Македонците-муслимани се пишуваат и изјаснуваат како Турци и Шиптари. Денес колку што се води војна на улица, за територија исто така се води и медиумска војна, затоа што влијанието на музиката и филмот е непроценливо. Дека сме лижогзачки и куропушачки народ без трошка национална свест, па затоа и не приметуваме такви работи коишто се и те како очигледни.
     
  5. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    И сапуниците имаат врска со тоа. Абе иди. Ердоган пола од тие серии во Турција сака да им ги забрани инаку. Во погрешна тема и во погрешна категорија ги оставаш коментарите.
     
    На tessie и galapce им се допаѓа ова.
  6. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Море и индијскиве продавници,не се случајно отворени.(facepalm)
     
    На Eli23, dragan4eDR и tessie им се допаѓа ова.
  7. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Не е погрешна темата воопшто. Баш си е на место.

    Турските серии воопшто не удираат на турскиот национализам и не промовираат погрешни вредности коишто се спротивни на турските национални интереси.

    Дали во турска серија некаде гледаме хомосексуални бракови, секс сцени, конзумирање дрога, бракови, врски на Турчинки со Германци, Швеѓани, Црнци, Курди, Индијци итн., или one-night stands? Не, баш напротив. Тие не идеализираат други култури, народи, раси, религии во своите серии, туку баш напротив ги промовираат турските вредности и интереси на секаде.
     
  8. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    На место за што е темата? Во погрешен правец влечеш, мешаш сериозни теми за размислување со потполно несериозни.
    Точно е дека филмовите, сериите, музиката имаат улога во формирањето на сликата за земјата на нивно потекло надвор од границите, еден Холивуд може да се гледа и како јак промотор меѓу другото (ама тој е лоциран во политички најмоќната држава), што се потресуваш толку од турските сапуници? Денес се актуелни, утре ќе ги снема како што беше случај со некои други. Пред 5 години само хрватски серии се вртеа по каналите, да не случајно Хрватска имаше некаков политички интерес од/кон Македонија?
    Олабави малку, секаде гледаш заговори... а тоа телевизиите само гледаат да поминат што поевтино.

    И кога веќе ја изврте темата, краток офтопик за ова што го повторуваш во повеќе наврати. Не сакам за некои работи да пишувам на форум, ама Турција нема предиспозиции да претставува опасност или закана по безбедност тука, твојот страв од Турција ти е борба со ветерници.
     
    Последна измена: 29 ноември 2014
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Луѓе не мешајте историја, економија или други пропаганди од Турција, Индија , Шпанија, Хрватска и да не набројувам натаму, тоа што ни се сервира ќе гледаме, не сме ние виновни што нашата мила напатена државичка не може да ни обезбеди серии од сопствен домашен калибар... Оставете зад вас што било како било пред 500 год и гледајте за денес !
     
  10. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    иако не сум љубител на турскииве, најдобра е medcezir ии ја препорачувам (y)
     
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Не ги сакам турските серии и не ги гледам. Единствена турска серија што ја имам гледано и што мислам дека стварно вредеше да се троши време на неа беше Зет домазет, бар ке се насмееш од срце.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Конечно им успеа да ми здодеат. :D
     
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува да ти здодеале, не се откажувај, подобри се од индиските кои една серија трае 5 год, од турските имаш широк избор, една ќе ти здодее , ќе се префрлиш на друга , така си правам и јас .:D:D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bambusce

    bambusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    594
    Не можам органски да ги сварам, поради нив и не гледам македонски телевизии оти ништо друго не дават.
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ќе се откупи некоја по мој вкус, ќе се заразам пак. Не се давам така лесно. :D
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Мој совет да си ја гледаш на нет Kara Para Ask , Валкани пари и љубов , со Туба шо ја глумеше Аси и лепотанецот Енгин Акјурек... оти нема да дочекаш нашите да откупат нешто добро, се само некои второкласни се емитуваат моментално, со исклучок на Карадај .. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Со превод ја имет? Имам слушнато за оваа...
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Да со српски превод ја има на Мовтех таму треба да се регистрираш за да гледаш, исто ја има и на Балкање и Натабану, Гледај ја нема да згрешиш , можеш и на форумов да прочиташ има тема :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    148
    Здраво девојки, сакам да прашам дали некоја знае по кој наслов е запишан новата турска серија што ке се емитува од утре? Снегови на љубовта? САкам да ја најдам на Натабану или на Балкање, но под тоа име не излегува. Фала
     
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Оригиналното име на серијата е
    Kurt Seyit ve Şura, а инаку на српските страници можеш да го гледаш како Курт Шејит и Сура .
     
    На kika.dragan му/ѝ се допаѓа ова.