1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Турски серии

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од maja8, 26 септември 2010.

  1. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Гледав по 7-8 на ден тоа 10 саата можеби беше ама веќе досадни станаа се истото се повторува и сега мирниот сокак ја гледам а сила кога имам време и тоа рерко еднаш или двапати неделно.Гледам ја и кога лисјата паѓаат на интернет бидејќи таа серија ми е во првите 10 најдобри турски што сум ги гледала и од неа можеш доста да научиш :)
     
  2. kitanovaj

    kitanovaj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Турските да ги забранат??! Само нека смеат. :devil: Американските треба да ги забранат. Единствена утка им е што ги синхронизираат, а треба да ги титловаат.
    Холивуд?
    Не, фала. Доста од американските западњачки глупости, ладни без емоции само хорор, убиства, истраги, криминали, сајнс фикшн. :envy::puke: Пари да ми даваат, не можам да гледам американски филмови ни 5 min.
    Може звучам како некоја тетка, али имам 14 год. И не ми е гајле што гледа цел свет, си гледам јас турски серии и на ТВ и на You Tube некои убави како: Paramparça, Kara para aşk, kaçak gelinler, Yer gök aşk.... И им препорачувам и во Македонија да почнат да ги емитуваат. :*
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ottoman empire

    ottoman empire Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски



    turskite se najubavi seriski filmovi
     
  4. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    се огласувам со тебе оттоман емпире најубави се турските серии
     
  5. olence86

    olence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    91
    Би скала да ве прашам нешто во врска со турскиве серии!
    Серија немам гледано одамна.Последна што ја гледав беше Величествениот ама не последните сезони....и еве сеа случајно на Тв Алфа почнав да гледам една серија и многу ми се допадна. Се работи за Аманет, односно Hayat Agaci , така се вика на турски.
    Прашањето ми беше... Дали знаете некои веб станици да на кои можем да ја гледам онлине оваа серија??
    Ја барав на natabanu.com ама ја немаше!
    Поздрав
    имајте убав ден
     
  6. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Па добро интересни се турските, особено Милост и Не се откажувам :inlove::inlove: Дила воопшто не ни ја гледам ме нервира таа серија :?::?:
     
  7. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Исто и јас започнав да ја гледам на Тв Алфа многу убава серија и баш ја барав на интернет страниците за турски серии но неможам да најдам под кое име е и со оглед на тоа дека е нова серија од 2014 година, можеби се уште не играла во некои од балканските држави. Ако некој знае нека пиши.
     
  8. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
    Само Полат ја гледав и Лисјата и овие две мислам немаат конкуренција. Полат како серија е вистината за тоа што се случува во светското подземје.
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. olence86

    olence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    91

    HAYAT AGACI.....така се вика оваа серија...
     
  10. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Знам за на турски но на друг јазик мислев спрски, хрватски, босански да не знае некој под кое име може да се гледа со превод :)
     
  11. olence86

    olence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    91
    нема на српски....ги пребарав сите што се на natabanu i balkanje ама не ја најдов....
     
  12. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    Турските серии на некој начин ми се смачија,преку глава фактички...од проста причина шо ја претераа нашите телевизии со нивното емитување.Од мој аспект турските серии немаше да им се здосадат и на други шо мислат слично како мене ако не ги сихронизираа на македонски јазик.Имаш букви човече,имаш компјутерски техники бе човече,може со превод,така?Епа кога може зошто ги сихринозирате?Јазик ќе научевме бе ало!Како со шпанските што прават.Јазик барем знаеме колку-толку од шпанските серии.За актерите да имаат работа?Епа снимајте филмови,развијте ја театарската уметност и не спијте драги македонски телевизии...надвор имате актери со многу талент во себе,можете серија да направите барем!Инаку повеќе преферирам да ги гледам на телевизија,а не на интернет..ајде де...
    Збогум Румелија ми е исклучок од турските(а и Величествениот и сега шо ќе се емитира за Косем,затоа што се историски,историски обожавам),првенствено зашто кумата ми играше 5-6 епизоди таму,секундарно дека актери има и од Битола,трето дека се снимаше и во мојот град и четврто оти го обожавам актерот што го глуми Рамиз,бидејќи човекот е цар во својата работа.Гледам и американски серии,супер ми се...но чисто така мислам дека треба да прекинат со сихронизација на турските.Можеби ќе го сменам мислењето и ќе гледам,можеби и нешто јазик ќе научам.Доста турцизми се користат и во битолскиот дијалект.Можеби...
     
    Последна измена: 25 септември 2015
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Многу е претерано со турскиве серии, ќе завршат и повторно ги даваат. |(
    А и стварно премногу серии даваат. По цел ден, една завршува друга почнува. Наместо нешто корисно тие серии...
    Инаку, омилена ми е Карадај. Не сум љубител на серииве. Имам неколку гледано порано, сега веќе не гледам.
     
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    Абе овие турскиве серии...турска каша би рекла јас...Поминаа 500 години турско заробение.Кои 500 години,кој те лажел има вошки и спие на таван. Уште сме заковани како синџирите на кучињата шо ги клаваат.Е така не затупија со турски серии. Насилен бомбашки напад доаѓа од телевизиите наши:а сега најновата хит серија,по ваше барање, најгледана на Балканот и пошироко,со добро познатите турски Бред Питој,ви ја преставуваме серијата Чекајќи ја Стојна.Добро бе,ај давајте серии,ама зошто ги сихронизирвате?Јазик да научевме како во шпанските:Баста порфабор,аста ла виста амиго и такви ми ти срања.Некој пат,не некој спат,секој пат,гласојте на актерите не се во согласност со сихронизацијата.Акетро на пример Аман се вика,ја отвора устата и вели бујрум,нашиот македонски глас доаѓа како да се зее,како да вели буууув видов.А има и семејства кои сериозно ја сфаќаат кашава.Купуваат по два телевизори во домот.Еден за фудбал гледање-еден за серии.И сега најчесто жените се стравстени фанови на овие кажи ми плачи ми серии,и црекаат кога мажот ќе им рече мењај таму.Абе Цане немој вака јас будала сум овде те оставам гласно да пушташа,тапан глата ми ја напрајвте остај ме Шефќет да го гледааааам.Плачи мори,плачи истури се ако сакаш.А за време на паузата...Го виде шо му напрај оној гнаснио,ќе ја отепаше абдалката...гнасни луѓе колку има еј.Тешко на тој шо ќе му ринга да му го треска ова.Има некои шо се Баба Ванѓа.Таман си вели,сега ќе влези и оп ете го Цаци на врата. Во кој ѕид да си ја удирам главата не знам...е не се издржва поќе...Е знаев дека ова ќе се лучи бе!Знаев дека бебето е на Озо...знаев бе!Еми ко знаеше зошто гледаше бе кепек?Ова не е се... оваа каша не се доџвака скроз.Јес оф скроз.Зашто?Еми вака...некои ќе одат на фризер и ќе се резилат:сакам оваа страна косата да ми е како на Надиде,а надолу да ми е виткана како на Фериде.Шо си вели фризерката:а мозоко каков да ти биде?Како Џеврие?Сите ја знаеме Џеврие...И така сме кај царицата Џеврие.На пазар има шутарки ќе напишат на то картончето натпис:купи си три кила за 50 денари,оган се ко Џеврие...конкуренцијата од другата страна:лути се ко Ферхунде... А не дај Боже да почнат со имиња на децата да им даваат од сериите.Замисли наставничката го станува Дарамраџ Трпески или пак Мемати Пиперковски или Лејлон Фидевска...Ау,скраја да е..да не не’ слушнат душманите.До душа има и кај шо озбилно ја сфаќаат работава.Во 8 саато ми е Седумте тикви на Хасан,во 9 ми е Кога ќе заврни...и детето во меѓувреме прашва за домашно...абе доста прекини гледаш дека работам!Секој коментар е вишок...
     
  15. Carmichael02

    Carmichael02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Љубител сум на овие серии но си ги знам границите.Порано гледав премногу серии но сега ги гледам само 2-3.
     
  16. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.342
    Пол:
    Женски
    Па досадни се веќе со турскиве. Се едно па исто. Јас не гледам ни една а и на децата не им давамда ги гледаат. Може само малиот ага и тоа кога се кај баба и дедо.
     
  17. AngelaMK

    AngelaMK Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Се исто па исто се случува и даваат. Моќта на парите, швалерство, дрога, пиштоли, убиства... Народот е таков какви емиисии/серии што гледа.. Што можиме да научиме од турски филм? Како да убијам некој, или како да и го земам мажот на мојата комшивка? Или да ти се позлатат рацете..:bandit::bandit: Едноставно ништо корисно, само губење време... Едиствени филмови кои така ми останаја во сеќавање беа Полат, Карадај и така уште некој..
     
  18. AngelaMK

    AngelaMK Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Состојбава станува алармантна со турскиве серии (n)8-|

     
  19. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    1.983
    na tabanu ili movtex.com ovde imas sekakvi serii
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Треба човек да има премногу слободно време или премногу досаден живот за да ги следи серииве. Ај една, ама кога ќе видам по 5-6 гледаат. Програмата се состои од 70% турски серии. Веројатно луѓево сакаат да си ги пуштат мозоците на пасење со ваква програма што лесно се "вари" и не е потребно да ги напрегаат мозочните клетки. Уште кога ќе ја слушнам лошата синхронизација и менувам канал. Има подобри начини за исполнување на слободното време.