1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Турски филмови

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од MayDiamonds, 26 јуни 2014.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    2.043
    Ако има ваква тема или ако сметате дека не е потребна модераторките можат слободно да ја избришат! ;)

    Бидејќи сретнав неколку теми како Американски,Италијански,Српски Филмови.. си реков поради големата популарност на Турските серии кај нас, зошто да не отвориме една тема и за Турските филмови.
    Немам гледано многу но тие што ги имам ми оставиле голем впечаток и можам да кажам дека покрај сериите, Турците навистина можат да се пофалат со продукции кои снимаат одлични филмови.

    Еве ќе ги издвојам овие два кои особено ми се допаднаа како моја препорака до оние кои сакаат Турски филмови.

    Su ve Ates

    [​IMG]

    - Веќе имам пишано ренезија во другата тема за филмови.


    Ya Sonra?

    [​IMG]

    Филмот го следи животот на младиот брачен пар Адем и Дидем, тие двата се вистински совршен пар, имаат совршен брак и бескрајна љубов. Но со текот на времето доаѓаат проблемите како и несогласувањата. Микс од комедија,драма и романса.. Ветувам дека нема ни една секунда да ви здосади, напротив.. филмот е многу динамичен како и локациите на кои е снимен оставаат без здив. Актерите веќе ги знаете повеќе од добро, Дениз Чакир и Озчан Дениз.. нема да ве остават рамнодушни со нивниот шарм. Од мене 10/10 ;)

    Па ако имате некои предлози слободно пишете ги и мала рецензија на оние кои ви оставиле посебен впечаток. ;)
     
    На НаталиЛили и BestFriends.99 им се допаѓа ова.
  2. pink.punk

    pink.punk Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Турски Филмови

    Вака сега.. јас сум нова на фемина, и колку да дадам сега и јас мислење на теми... како прво се согласувам сотебе.. :D турските филмови можат да бидат романтични, убави и возбудливи.. фала за препораките, еве сега го спиштам првиот... сега од друга страна турците знаат и да разочараат со глупави преглупави серии на сител.. :tmi: да небегам од темата, сериите се само перење на мозок, груевски знае што прави... . за филмовите суппер се ....
     
  3. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Турски Филмови

    Турските филмови се СОВРШЕНИ..Инаку сериите ако не ви се убави не мора да ги гледате :D Јас поќе препорачувам сериите да ги дават само зима оти сега на лето не вервам дека некој има време да седи дома и да гледа серија наместо да излези да прошета..:)
     
  4. cicamacak

    cicamacak Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    46

    Прикачени фајлови:

    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Recep Ivedik
    upload_2014-12-7_20-15-3.jpeg

    Филмов е комедија, а типов закон!:rofl:
     
    На Arthur и Идриз им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Bi Küçük Eylül Meselesi


    [​IMG]

    Филмот е врв, ме остави без текст.. на почеток сакав да се откажам ми изгледаше како клише, набрзина го ѕирнав крајот и сватив дека нема откажување .
    Се работи за Ејлул, типична разгалена богаташка која често оди на одмор со другарка и на еден мал остров , таму еден ден ќе го запознае еден сиромашен стрипер Текин кој води скромен живот и нема воопшто самодоверба во себе , ќе почнат врска , се ќе биде испреплетено , всушност филмот цело време покажува сцени од минатото и од сегашноста на дејството , цело време Ејлул всушност ќе се потсеќа на средбите со Текин, на убавите моменти и како на крајот свати дека иаоко го сака не може да води сиромашен живот, и замина без збор од кај Текин , тој замина да ја бара пред друштвото а таа рече дека не го сакала никогаш и да ја заборави, дечкото беше со слаб карактер и од преголема љубов всушност на крајот се самоубива во морето каде што девојката го учеше да плива , заборавив да напишам Ејлул после се ќе доживее несреќа и ке го изгуби помнењето и ке се врати на островот , и ќе оди на сите места каде беше со Тек но всушност тој е мртов и таа го гледа како дух како некое привидение од афект од јаките лекарства, на крајот се освестува дека не требало да го напушти , плачи оди покрај морето каде Тек напиша дека ја сака и и рече дека напишаното ќе го однесат брановите , но секогаш зборовите ќе ја следат, таа почнува да се каее да бара втора шанса, но залудно е Тек го нема,таа останува сама и ја пишува истата порака која ја напиша Тек за неа. Под силни емоции сум , можам да го напишам цело дејство ама ќе ве оставам да си го видите филмот, го има со српски превод на мовтех.нет како Једна септемвриска афера . Се извинувам за долгиот пост и ако имам скокано од едно во друго дејство, ама морав :D
     
    Последна измена: 18 декември 2014
    На НаталиЛили и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  7. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Kendime iyi bak, добро филмче е, вреди да се изгледа :)
    [​IMG]
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    На мојата листа го додавам и "Sadece Sen" во превод Само ти значи... главната машка улога му припаѓа на добро познатиот İbrahim Çelikkol , а женската улога на Belçim Bilgin . Филмот е преубав, нема да откривам ништо, погледнете нема да зажалите :)
     
    На мкд98 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    109.003
    Пол:
    Женски
    @Rama Само ти го имам гледано може три пати. Преубав филм. Исто добар филм е Мојот свет Benim dünyam со Beren Saat.
     
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Преубав е Само ти, ќе го погледнам и тој што го препорача со Берен Саат :)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Su ve ates
    Evim Sensin
     
  12. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Одамна ги меркам филмовиве и вчера дојде време да ги изгледам. Сите три во еден ден.
    Кому му е за плачење нека ги гледа. После првиот реков не гледам веќе турски филмови, а потоа ги изгледав и другите два.
    download.jpg 20283848.jpg love-resembles-you-ask-sana-benzer-21.jpg
    Тажен, трагичен крај имаат сите три филма. Несудена љубов.
    Бонус песна

    Ги обожавам двајцата.
     
    На joy1, Veki4kaa и Rama им се допаѓа ова.
  13. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    2.043
    192563.jpg
    Delibal
    Го гледав одамна но сеуште ми е свеж во сеќавањето а гледам никој досега не го спомнал. Еден од најдобрите турски филмови што сум ги гледала после Su ve Ateş кој ми е омилен.
    Романтичен е и воедно болен до срж, дефинитивно не остава никого рамнодушен. Актерите се класа Cagatay Ulusoy и Leyla Lydia Tugutlu, прекрасен пар со екстра хемија.

    П.С. Мислам дека можам да го наречам турскиот Tres metros sobre el cielo.
    Приказната не е копија но кој сака таков стил на љубовни филмови ќе му се допадне и овој.
     
    На klinkata, ADOKI, Arthur и 3 други им се допаѓа ова.
  14. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми некој љубовен турски филм :D
     
  15. Me_Beatrix

    Me_Beatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2017
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ask sana benzer
    Sonsuz ask

    Romantik Komedi: Aşk Tadında
     
    На klinkata и marija.980 им се допаѓа ова.
  16. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Ги имам гледано сите три :)
    Некоја друга препорака :wasntme:
     
  17. Me_Beatrix

    Me_Beatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2017
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Deniz Seviyesi (Across the sea )
    Ако го немаш гледано..
     
    На marija.980 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Што ми требаше да го гледам Делибал? Се раскинав во плачење на крајот(facepalm)
    Филмов е врв,значи од сценарио,до глумци,до емоции и песни,абе се:D
    Многу жален филм,но со поука.
    Поуката беше дека не постои совршенство кон кое цело време се стремеше Фусун(па така всушност и на некој начин ја изгуби љубовта).
    И,нај важно од се,не забележа низ што поминува Бариш,при очи беше слепа,а тој си го одзеде сопствениот живот,бидејќи не беше способен сам да се бори против себе,и не сакаше да ја повреди саканата.
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Ask sana benzer-љубовта личи на тебе....го изгледав баш синоќа,феноменален филм,само крајот не ми се допадна,ама повеќето турски филмови и серии завршуваат трагично.
     
  20. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Delibal е првиот турски филм кој го имам гледано, и јас не знам како дојдов до него бидејќи бев голем скептик за турската филмска индустрија. Но, не зажалив бидејќи филмот е навистина модерен и нетипичен за нив.
    Не сум фан на романтика, но буквално се ми се допадна. Глумата фантастична, хемијата меѓу Чаатај и Лејла неверојатна. Ми се допадна што главната тема беше ментална болест, една од најтешките видови на депресија.Иако требаше повеќе да биде прикажана во филмот, сепак беше на ептен емотивен начин изнесена и не ме остави рамнодушна. Се убив од плачење, особено на крајот ама вреди дa се погледне.
    [​IMG]


    Benim dünyam е филм што неодамна го гледав и буквално плачев од почеток до крај. Преубав филм со предобра приказна. Берен Саат е фантастична. Доволно е да погледнете трејлер и да видите за што станува збор.
     
    На klinkata, MayDiamonds и ADOKI им се допаѓа ова.