Здраво, дали е тежок за учење турскиот јазик. Граматиката тешка е? Со кој јазик е најблизок? Сакам да почнам да го изучуам. Каде? Има страна онлајн?
@SunnyGirl2 не е воопшто тежок.Постојат комбинации на самогласките кои откако ќе го сфатиш се ќе оди лесно.Граматиката истотака е многу полесна во споредба со онаа на англискипт јазик.Бидејќи е од алтајско потекло, турскиот јазик не е сличен со ниеден од индоевропските јазици,но поради големиот број на турцизми кај нас ќе ти биде многу полесно.Сличност има со монголските јазици,а и поради взаемното влијание со арапскиот има многу заеднички карактеристики.Побарај ја страната learn turkish online,не знам дали сеуште постои.За секоја потешкотија пиши ми ЛП,бидејќи течно зборувам турски.
Читањето е лесно со оглед на тоа што се работи за латиница.Се разликуваат само неколку букви кои се посебни за турскиот јазик и латиница.Инаку читам течно без никаков проблем. Пиши ми слободно,за што и да ти треба
Дали посетуваше курс, или самата се научи? Јас го разбирам турскиот во најголема мера, ама не го зборувам, освен по некоја фраза и сакам и тој дел да го совладам.
Одев на курс, ама предаваа студенти што беа на размена од Турција. Така и го научив. После, со гледање филмови и многу лесно го совладав. Ако го разбираш, за да почнеш да зборуваш добро е некој курс, можеш и на интернет, за брзо ќе го усовршиш.
Ти благодарам на одговорот. Брзо учам јазици, но сите останати кои ги зборувам се индоевропски и фактички еден преку друг се учат, додека турскиот е поразличен и затоа се уште не го зазборував. А многу ми е убав, некако мек и мелодичен.
Навистина поразличен јазик од оние кои стандардно ги учиме во школо и на курсеви. Имам основна комуникација. Порано наученото го вежбав со еден колега Турчин, ама сега тој замина во странство, така да нема со кој да зборнам.Тежок е, но не е тежок како францускиот или германскиот. Според мене германскиот е дури и потежок од францускиот.
Инаку, шемсие ми е омилен збор, и лутфен исто, така европски звучи овој збор. Се смеев за тоа како ги нарекуваат државите, посебно Албанија, Бугарија, Унгарија...
Што е разлика помеѓу nerede и nereye, и помеѓу burada и buraya? За употреба мислам, кое од нив кога се употребува, која е разликата?