1-2 дневно. Но не наутро. Ми ствара тегоби цел ден. На празен стоман пијам или чај или млечно кафе(капучино или макијато) и тоа ако сум дома од оние инстант капучината што се за една шолја.
Порано не пиев воопшто. Сега морам барем еднаш или два пати да се напијам, ми се разминува главата од него.
Пијам по 3 кафиња на ден или не функционирам никако ( а може и да ми мава на психа па така да мислам ) иначе ако во денот заборавам или немам време да испијам кафе до после пладне имам страшни главоболки слични на мигрена па се распрашав и ми кажаа дека тоа ми е од кафиња,кафето стварно било зараза а порано коа некој ќе ми кажеше така се контрав ептен сеа сфаќам дека стварно станува заразно и да кажам вид на дрога за организмот... . П.с не пијам турско кафе не можам да го поднесам,го пијам црното нескафе
Во последно време скоро и да не пијам турско кафе. Незнам зошто, некако ми се одмили, и вкусот веќе не ми е убав. Засега омилено ми е топло капучино од чоколадо, и не го менувам се додека не се стопли ептен времето, па да се префрлам на ладно нескафе
пред да се вработам не пиев кафе, скоро нинакво, потоа почнав со колешките наутро во 8.30 и после пола кај 13.30, и осеќам дека е навика и дека имам потреба од кафе. за викенд кога сум дома, знам да го прескокнам тоа во 13.30 па пијам најчесто кај 16 или 17 после ручек, ама какао или капучино
Пијам гранд но сегашното гранд е ужасно гадно последниве година две. Кое турско кафе е нај квалитетно?
Licno ne pijam tursko kafe no majka mi veli deka najubavo e kafe C. Porano obozavase Bravo no veli deka togasnoto i segasnoto ne e isto
Мене најубаво турско ми е Франк црвеното. Или Агроплод, тоа со брод на пакувањето. Друго ниту едно не ми се допаѓа, а ги пробав сите, од Гранд до она Фиеста од КАМ.
И јас би рекла Кафе Ц, Агроплод Минас (од Голдкафе мислам, црвена амбалажа со жена со филџан) и ако си во можност српското Донкафе (јас пијам Донкафе стронг). Елит и Браво и другите не се квалитетни.
Го обожавам турското кафе. Жешко, горко без ич шеќер и јако со полна супена лажица за еден филџан. Совршено!