Јас сè поретко пијам турско кафе, ми смета и се одвикнав, ама секогаш имам по дома. Последниов период купувам тазе мелено кафе од Краш, преубаво е. Веројатно мелат Франк во зрно, не сум прашала какво е, но превкусно е. Инаку, ништо не може да ми го замени Браво кафе, поточно моментот кога ја отвораш кесата за да видиш дали има награда внатре. А кафето е средно жалосно, не ми е вкусно. Можеби новото е поубаво, ама не дошло на ред да се проба.
Луѓе, ја еднаш прашував ми се чини, ама пак да прашам: кое турско кафе го пиете по дома? Сите кафиња ги растурија... Нема кафе-кафе, да замириса убаво коа се вари...
Може ќе биде убаво некое свежо мелено? Обично кога ќе поминам таму каде што продаваат кафе мелено баш мириса она на кафе свежо.
Grand Strong, иако и тоа знае некогаш да го уништат. Пробај купи каде што мелат, во Чаршија имаш со сигурност, тоа ми има најблизок вкус до вистинско кафе.