Dodeka ne rabotev- eden fildzan, fildzan I pol skoro dva gi pravev na den, a od koga odam na rabota znam I 4 da gi napravam-turski sekako. I sredno-slatko, da.
Не пијам воопшто затоа што: 1. Не сум зависен 2. Пласибо ебе матер 3. Ме прави поубаво да се чувствувам. ПозЗ3³ ®
Мене прво самиот ритуал ми годи, она кога лезетски ќе си седнам со шолјата и го впивам целиот мирис и вкус И додека пијам кафе никој не смее да ме чепка, тоа се минути само за мене Бонус е тоа што имам многу низок притисок, па без кафе не можам да функционирам. Обично пијам по едно турско и едно макијато дневно. Ама зависи од расположение, некогаш знам дома да си направам две кафиња од кафемат, а некогаш пијам по две турски. Инаку @Lady Phoenix си пробала кафе без кофеин? Можеби тоа нема толку да ти пречи на желудникот
Да Ана, сум имала прилика да пробам бескофеинско, додуша беше инстант кафе, не сум упатена дали постои турско кафе без кофеин. Убаво е, вкусно, не ми пречи, но некако не ми се исплати да купувам бескофеинско само за мене. Сите околу мене се нормални. Како и да е, секоја можна прилика ја користам да уживам во вкусот и мирисот на кафето. Најубаво нешто ми е тазе мелено кафе, чија арома се шири низ целиот стан.
Турско кафе не пијам никако. Ова го кажувам како долгогодишен "зависник" од кафе. Не можам да го поднесам турското, убав мирис има, но не можам да го пијам. Инаку јас кафето (инстант) го растворам во полна чаша млеко, сосем малку вода и додавам шеќер. Па може да се каже дека пијам млеко со кафе. Вака го пијам дома, по 2-3 шолји дневно. А кога сум излезена, нарачувам или макијато Нес со шлаг. Ирско кафе или фредо капучино исто така Ги обожавам кафињата кои се повеќе десерт отколку обично кафе
Мене од сите кафиња турското ми е едно од најгрдите... па и не можам да се сметам за љубителка на турското кафе, јас повеќе си сакам капучино, макијато, колку повеќе млеко и шеќер имаат толку подобро.
едно до две на ден, сакам турско кафе, иако во посл време почнав со едно јакобс велвет, добро е и тоа, ама турското ми е некако - поим за кафе, што знам.. наздравје ))
Сакам турско кафе, ама ретко го пијам бидејќи треба ептен да ми се погоди. Не секое ми се допаѓа. Пример Гранд, Браво кафе, или Фиестата на мајка ми не ми се допаѓаат ама ич. Е пробав денес либиско кафе, абе каква арома имаше, здивев, лелеее. Мирисот му е дефинитивно уникатен и превкусно е. Ми дадоа и една мала тегличка за домче, мхм, мхм, уште сега се радувам за кафето сабајле.
Не пијам турско кафе - не ми се допаѓа овој стандарден вкус што кај нас се припрема. Сакам да пробам вистинско турско кафенце спремено од врвен бариста.
Турско кафе не сакам и никогаш не пијам.Само капучино,нес,какао,макијато..Инаку моите пијат да не може денот да им почне без турско кафе.А јас понекогаш дури заборавам им сварам кафе на гостите
Има некаква поврзаност помеѓу коефеинот и доењто, грчеви, лактација и слично? Инаку пијам по едно турско на ден. Порано пиев и повеќе, ама ми страдаше желудникот. На периоди послатко ми е несот или некое др млечно каде, а претежно во есен и зима, сакам турско да ме згрее и размрда. Наутро единствено турското успева да ме расони.
Е и јас баш би сакала да пробам такво либиско а инаку не пијам турско кафе, ептен ептен ретко у година два три пати. ја нескафе си пијам, дечкоми се смее вика - ти од тоа луксузното пиеш
Денот ми започнува со турско кафе. Без него не се будам. Потоа во текот на денот ако испијам уште едно: нес или макијато, ама не секогаш. Така да во принцип пијам едно ама вредно Имаше период кога ми беше смачено од турско насабајле, направив пауза па пиев нес, па потоа пак се вратив на турско.
Ептен сум мераклија на турско кафе, особено во друштво. Така полна лажичка (да не речам лажичка и пол), без шеќер, со кајмак одозгора. Ама не пијам повеќе кафе, никакво, не ми е убаво после него. Се научив да живеам без него, иако на моменти ми фали. Ама кога ќе се сетам како лошо ми делува, желбата ми поминува. Инаку кафе арабика ми е д бест, имаше едно време во центар на Скопје на Максим Горки мала продавничка каде што продаваа и мелеа различни видови кафе. Таму си купував арабика. За мерак!
Не сум голем љубител на кафето и пијам единствено турско кафе. Утринското е прво и последно во текот на денот, сама го подготвувам и така го пијам. Рецептот е помалку шеќер и повеќе кафе, погуста смеса со кајмак одозгора. Уживам во мирисот и вкусот по сопствен избор.