Ne pijam ni tursko ni bilo kakvo drugo kafe.....ne mi treba ni na sabajle ni preku ostatokot od denot....stanuvam i odma se rasonuvam
Не сакам турско кафе, а консумирам секаков друг вид, најчесто комбинации и варијации од Nescafè. Често експериментирам со кафето и додавам и зачини некогаш, па го мешам и со чоколадо, зависи од тоа како ќе ми текне во даден момент.
Јас пиам обично две на ден или еднаш у денот ептен ако не дојде лај мене некој али обично секој денн сум со луѓе па така да по две три и ми станува само зависнот у 16часот обавезно пиам кафе навикната сум тогаш а за да ме распнува нее мене кога ми се спие ништо не ме расонуваа
Tursko kafe retko piam,najcesto piam 1 Nescafe vo denot i dokolku ispadnam ili mi dojdi nekoj uste edno da pravam drustvo
Јас без турско кафе не можам! Што поради нискиот притисок (особено наутро) а и поради прекрасната арома и вкус. Поради хеликобактер пилори не смеев да го пијам извесно време ама не можев да одолеам кога поминав покрај продавница за мелење кафе и сега си го пијам пак. Го пијам наутро, јако, со една ипол лажичка кафе, без зрно шеќер и да има кајмак. Без кајмак не ми е убаво. Во текот на денот можно е да се напијам уште едно но после 6 часот попладне не практикувам да конзумирам ниту кафиња ниту зелен чај, ми пречат во спиењето ако ги пијам покасно. Кафиња од типот макијато, лате, еспресо не пијам. Ретко некогаш нескафе кога сум во кафич ама и тоа не го обожавам многу. Едно што имаат млеко (мразам кафиња со млеко) а друго што се благи. Благо кафе не можам да замислам. Шеќер не користам ни во чај па може затоа не поднесувам благи напитоци. Имам другарки кои прават турско кафе со 3-4 полни лажички шеќер. Јас тоа им го викам ШЕРБЕТ!
Во основа кафе, чај кои содржат кофеин не се препорачуваат за доилки бидејќи се лачи во млекото. Не е забрането, но има деца кои се осетливи на кофеинот ј треба да се внимава, пример прво доење па после кафе со пауза до друго доење...јас со првото на почеток ич не пиев кафе, немав ни потреба, за син ми и бремена само кафе пиев ко невидена, имав низок притисок, и после породување пиев, но приметував кај него раздразливост, несоница, ококорен беше од ко ќе пиев кафе.. ако Јана си е ок, си спие и не забележуваш некои чудни вакви појави после доење по испиено кафе пиј си.
Ако не се напијам кафе кога ќе станам тогаш цел ден ме боли глава, ми иде од ѕид да ја треснам Пијам повеќе кафиња во денот, секакви пијам. Ама мора да биде ептен јако, кога гледам дома дека мајка ми си прави турско со една лажичка кафе ми иде да поплачам Јас си правам ем јако, ем благо, да те тресне и шеќерот
Не пијам никакво кафе. Имам одбивност кон секакво кафе. Цел живот капка кафе се немам напиено, не ни имам потреба искрено
Не пијaм турскo кaфе, не ми е убaвo. Немa ни убaв вкус, a и не уживaм дoдекa гo пијaм. Сум прoбaл и тoлку. Истo кaкo и Абрaкaдaбрa, и јaс секaкoв вид нa кaфињa кoнзумирaм, oсвен oвa.
13 години пиев турско кафе, по неколку на ден. Денот не ми почнуваше без турско кафе и цигара. Се додека не останав бремена. Од ништо не ми се гадеше, само од турско кафе. Самиот мирис уфф, не можев. И од цигари, за среќа. Еве поминаа три години и уште не можам да го пијам, не ми е исто како порано. Одвреме навреме пробувам, ама исто е, не можам. Сега пијам само нес, по две на ден. Не знам дали некогаш пак ќе можам да уживам во вкусот на турското кафе, а сакам.
Станарите ми се од Либија и кај нив пробав. Од дома си го донеле, имаат резерви колку сакаш. Ми дадоа мало тегличе, ама не е тоа тоа. Дојди ми на гости бар еднаш да го пробаш тоа уживање.
Oхооо,па цел ден без храна без проблем можам да издржам,ама без кафенце,и тоа турско. Еве сега пијам едно,на не ви е во мисла. Оттука лесно се доаѓа до заклучок дека не ми предизвикува никакви негативни ефекти врз сонот.Можам да го испијам и веднаш да заспијам.Интересен,иако доста контрадикторен е фактот дека во голема мера ме рассонува наутро.Да,не ми е јасно и мене... Е сега,за зависник-може да се каже дека сум,ако под тоа се подразбира дека кога имам услови не сакам да ми помине денот без макар едно,а не дека ќе се тресам ако не се напијам цел ден. Прекумерни количини кај мене не се регистрирани,не знам ни до кај ми е лимитот,ама во принцип се трудам да не пијам повеќе од три.Го пијам строго и исклучиво без шеќер,во друштво или сама,без цигара. Пијам и нес,само маткано и ако го споредам со турско во однос на вкусот,може да се каже дека ми се тука некаде,но во однос на ефектите се неспоредливи,нормално,во прилог на турското. Триста години го пијам и не планирам дасе откажам,а кога ќе се сетам дека "се навлеков" поради гледање со другарките... Исто и мене,прв сигнал за нарушена здравствена состојба ми е недостигн на желба за кафе,не дека ми смета туку не ми се пие.Никогаш не го пијам на празен желудник,бидејќи во текот на мојот долгогодишен стаж утврдив дека така е подобро. И тоа би било... Како што некој филозофира за вино,јас можам за кафе.
Еве како да направите оригинално турско кафе, до толку оригинално што ќе се чувствувате дека се наоѓате во ориентален кафе-бар во некој дел од Турција: 1. Купете квалитетно, одлично смелено и добро испечено турско кафе Арабика (ако имате направа за мелење кафе, подобро би било сами да ги смелете зрната кафе). 2. Земете бакарно ѓезве или на турски cezve и наполнете го со вода, која претходно сте ја измериле во шолјата во која ќе го пиете кафето. 3. Во водата ставете две лажички кафе и шеќер, ако го пиете благо кафето. Мешајте додека сѐ се соедини. 4. Ѓезвето ставете го на рингла со средна топлина. Ова е моментот кога целото внимание треба да го насочите кон ѓезвето со кафе. Во ниеден момент не мешајте со лажичка. 5. Кога кафето ќе почне да врие, ќе забележите како пената избива на површина. Тогаш, тргнете го ѓезвето од ринглата и почекајте да спласне пената. Потоа, повторно ставете го ѓезвето на ринглата и почекајте пак да избие пената. 6. Во шолјата за кафе, ставете малку од кафето и пак ставете го на ринглата додека повторно не избие пената и така повторувајте три пати додека не го истурите целото кафе во шолјата. Превземено од: www.kafepauza.mk
Во последно време најмногу уживам во турско кафе, по две на ден, едно наутро и едно попладне за релаксирање. Од макијато и слични млечни кафиња се презаситив веќе, не уживам во нив како порано... А турсково ми е љубов, без грам шеќер го пијам и ме размрдува како ништо друго...
Ич не го сакам турското. Порано го пиев, да, ама сега воопшто не ми се свиѓа. Во последно се трујам со ирско капучино без него не ми почнува денот. Од кафемат си го земам зошто на друго место не сум видела дека има. И Jacobs ми е убаво многу. Битно денот без кафе не ми почнува.