Откако ги откажав цигарите неможам да го пијам не ми е убаво. Само нескафе и 3во1 А додека пушев 3 максимум во ден
Пијам. Две сигурно. Јако да е. Без шеќер. Ретко кој ми го погодува. Еден филџан и лажичка полна како планинче да е кафе.
Пијам но не многу често. Да речеме еднаш или два пати во неделата. Секојдневно пијам нес, едно наутро и едно подоцна во текот на денот.
по три-четири во денот со фул кајмак, без шеќер или агаве...хм уживање, без него не можам, највеќе го сакам од сите кафиња што постојат.
Турско немам пијано 6 месеци некаде, имам машина за еспресо и си пијам едно денот, за турско немам друштво, а и го одпив.
Колку и да менувам, на крај се враќам на старото добро турско без шеќер. Порано пиев 2-3, големи шољи со многу кајмак. Сега едно, во мал филџан ( од оправдани причини)
Зависник од кафе Едно завршува друго си правам.Нес,еспресо и макијато дури воопшто немам потреба да ги пијам
Кафепијачи, предложете некое добро турско кафе кое го пиете најчесто. Јас сум верен обожавател на кафето од Агроплод, ама не знам од кои причини не е достапно во сите маркети и често се случува да не можам да го начекам некое време. Предложете некое друго, ми се пие нешто ново.
Турско кафе не обичам, не знам зошто не ми е убаво, језда тоа е тоа право црно кафе. Многу ретко пијам, некаде на гости ако сум, или по дома ако нема никакво друго кафе, а мене страшно многу ми треба кофеин па да се напијам. На мајка ми и носи пријателка од Швајцарија, препрепрекрасно црно турско кафе во зрна, е само тоа не ми е толку лошо и знам еднаш во месецот да сварам од тоа.