Споделете рецепт за вкусно турте за првото запче. Турте Просејте го брашното во подлабок сад за месење, во кое предходно сте ги измешале пецивото и содата. Направете вдлабнатина и во брашното ставете ги скршените јајца, шеќерот, маслото, млекото, ванилата и кората од лимон и се убаво измесете. Тавата добро намастете ја и потоа побрашнете и по дното и по страните и префрлете го измесеното тесто. Тестото во главно доаѓа меко и добро се расплескува, израмнува со раце. Користете тава бр. 28 или 30. Со помош на една или 2 вилушки направете шарки по желба и одозгора украсете со бомбончиња по желба. Овдека се употребени бони-топ. Печете на 160- 180 степени, додека добро не се испечи. Проверете со притисок на рака или чачкалица. Јас откако го направив во тавата, касно се сетив. Сега, по модерно убаво е и во калапи за мафини да се печи, (Ете, можеби како и многу пати оваа идеја ќе послужи некому за некој сличен рецепт), бидејќи поводот за правење Турте е првото запче кај бебињата и тоа се сечи на парчиња, најчесто коцки, се реди во послужавник и се дели на блиските. А тие пак, откако ќе земат, оставаат железни парички за да се цврсти забите и ориз за да бидат бели. https://moirecepti.mk/post/турте
Шoљa oд 250ml. 1Кг брaшнo 1шoљa млекo пoлa шoљa мaслo 2шoљи шеќер 3јaјцa 1пецивo 1лaјче сoдa бикербoнa кoрa oд лимoн и бoни тoп зa укрaс
Medus ме пресмеа со темиве :)))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))) Ова стварно ТУРТЕ се вика?
Леле и јас прееска ја видов темава и се чудев за турте,мислев торте е, грешка само во пишување. Тоа стварно имало нешто што се вика турте. Не знам за вакви обичаи. Оно, од форумов разбрав и за постапалките/ножиња Интересно. Ко некоја погача изгледа туртето,само украсено ко мафин.
И јас не знаев додека не фатив дечко од тој крај пред едно 150 години ... Очигледно Битола, Прилеп и околината прават турте за првото запче, кај нас во СК не сум слушнала Го делат по блиските а како што слушнав тие треба да остават железни пари за забите да бидат бели и цврсти како оризот
Вo сите грaдoви е рaзличнo кaј нaс се пригoтвувa турте или мaфини вo фoрмa и се делaт нa блиските a зa пoрoдувaње прaвaт крoфни или мекици кoј кaкo сaкa
Samo da kazam boni top bonbonite stavete gi na krajot od pecenjeto nekoja minuta ili od koga ke se dopeci.Vo sprotivno ke se stopat i ke stanat crni.