На ова место можат да се поставуваат линкови од туторијали на you tube кои се однесуваат на едукативни видеа за изучување на странски јазици, компјутерски софтвер, програмирање сите овие видеа, блогови, веб страни несебично ќе им бидат од помош на сите кои сакаат да се стекнат со знаење од овие области Во денешно време на изобилство на информации, податоци интернетот е место на кое се објавуваат најразлични содржини од најразлични области, сметам дека оваа тема ќе им биде од огромна помош на сите оние кои имаат желба да се стекнат со знаење од наведените и други области за кои постојат објавени видеа и други едукативни содржини Изминативе неколку дена на форумов имаше барање од голем број членови за едукативни курсеви и други содржини на германски јазик поради актуелноста од заминување во Германија и интересот за изучување на германскиот јазик во продолжение ќе ставам линк до неколку страни кои имаат ваква содржина: abc.amarilisonline.com многу корисна едукативна страна - блог каде може да се стекнат доста солидни знаења од областа пред се на германскиот јазик до ниво Б1, исто така на странава има и едукативни содржини и од англиски јазик) На следнава страна на you tube https://www.youtube.com/channel/UC6vE3MPcRpD6qY5qGhzZcaA/videos има едукативни видеа за изучување на германскиот јазик кои ќе има бидат од огромна помаош на сите почетници но и оние кои сакаат да го обноват, освежат знаењето и надградбата на истиот За изучување на англискиот јазик го препорачувам следниов линк https://www.youtube.com/channel/UCt_wE2qsIlzfLyamAm-4oqA/videos со голем број на видеа кои се детални и сеопфатни во објаснувањето и од кои може многу да се научи. На https://www.lingohut.com/en Страната изобилува со голем број на курсеви со над 60 јазици кои можат да се изучуваат, прво се избира јазикот кој го зборуваш потоа се избира јазикот кој сакаш да го изучуваш, исто така има звучен изговор на соодветниот јазик што е од голема помош за полесно изучување на истиот. Со совладување на лекциите се добива солидна основа од соодветниот јазик Нешто и од областа на компјутерите - оваа страна е доста корисна особено на оние кои имаат потреба од изучување, освежување, надградба на знаењата од програмите Word, Excel, Power Point, Access, Wordpress, Power Bi, Photoshop......... Amer Krličbegović you tube it lekcije you tube Сите овие содржини се на српско - хрватски јазик и се разбирливи за нас Се надевам дека темава ќе биде од огромна помош за сите заинтересирани, "гладни", желни за едукација, знаење на еден доста корисен начин бидејќи нуди бесплатни содржини Очекувам ова да биде само почеток, потоа истата треба да се надополнува постојано со нови линкови за различни туторијали од различни области кои ќе им бидат од корист на сите членови на форумов и сите други заинтересирани за образование и знаење.
Супер тема, баш би било од помош . Јас ги познавам најкласичните - duolingo (веб-страна, а има и апликација за на телефон), coursera и edx (веб-страни кои даваат онлајн курсови од секакви теми, вклучувајќи ги и овие). За сите овие мора да се знае англиски. За германски мислам дека има вежби и на страната на deutsche welle. Убаво би било и ако можете да споменете некоја книга која ви помогнала со граматика или вокабулар итн .
За сите кои имаат потреба за совладување и обновување на знаењата од областа на граматиката на англискиот јазик, одлична страна која многу едноставно, детално, разбирливо ја објаснува оваа проблематика http://www.gramatika.org/ Оваа страна ќе им биде од голема корист како на почетниците така и на напредните @pdb123 корисници, во изучувањето на англискиот јазик, особено граматиката која знае да им прави доста проблеми