Неколку месеци правам туторијали за нокти на македонски. Имам само 15 години и се усовршувам. Еве линк од каналот http://www.youtube.com/user/TheSarahnails?feature=mhee Добредојдени се критики/предлози/идеи.
Одлична идеја! Бравос,и голема подршка имаш од мене ми се допаѓаат туторијалите,и би ти дала предлог,можеш да направиш видео,како рутина при средување на нокти како ти лично ги средуваш,мислам доколку правиш вака И како мислиш дека би требало И,исто можеш да направиш видео од твоја колекција на лакови(ако имаш повеќе),покрај туторијалите за нокти,и други работи поврзани со лакови Мислам ќе ти се допадне предлогот
^^ A што ти реков ? Штом има што да споделиш зошто да не , затоа и пишав во темата . Да поднаучиме и ние понеталентираниве . Супер . И сите вие што знаете постирајте и така приватноста ви е заштитена а добро дело ќе направите . Од слики не може да се научи . Не бидите себични :geek:
До сега снимав. Нареднто видео ќе биде некаде околу 1ви Ноември (спор ми е интернетот), а ќе биде за омилени лакови и дезени.
Браво девојко, интересни идеи имаш Еднаш ја пробав таа техниката со вода , али не ми излегоа дојде многу дебел слој и не стоеше убаво. Незнам дали беше до лакот или пак водата Едно прашање: од кај ги купи тие како ленти/ селотејп што се со ХелоуКити ??? И очекувам во биска иднина уште многу нови туторијали и идеи за нокти, а за талентот веќе ти имам кажано
Селотејпот ми е од Бугарија од кинеска има 10 селотејпа за 1лев, многу смешна цена. За водената техника треба течни лакови, Оливиа се супер за техниката. Eве една слика од дезените за наредното видео.
Спојлер Спомна течни лакови. На Оливиа еден почнав да користам. Требаше 2 слоја, ич не се гледаше бојата. Би сакала да направиш видео конкретно за лаковите. За секој бренд кој си го користела, трајноста, совети, здравјето на ноктите, за квалитетот на лаковите, совети за почетници, мислам дека супер би било за почетниците како мене. Се разбира, не мора да си го покажеш лицето. Само зборувај. Имитирај некој глас ако мислиш дека ќе те препознае некој.
Па и не мора да зборува, може напишано да биде и да оди во слајдови некако, било како, ама советите ќе бидат добредојдени и од голема помош!
И јас би сакала да има видео кој лак за што е добар, ете викаш течен... Пример јас го имам истото за печати, со огледалцето, ама не со секој лак се копира формата, на не секоја подлога... Таков совет би бил ептен од корист.
и јас правам видеа за нокти исто така... еве мој линк, разгледајте и супер би ми дошле некои идеи за идни туторијали (не се на македонски, но македонка ги прави) http://www.youtube.com/user/happycolorf ... ature=mhee се надевам ќе ви се допаднат!
Браво бе девојки!!! И јас би сакала вака,ама немам храброст,малце сум срамежлива Супер,продолжете само
Предложивте видео за совети и за лакови, епа тоа што го направив му додадов тоа што го побаравте. Една феминка на чет ми побара видео за френч со зебра па и тоа го направив. Еве го: http://www.youtube.com/watch?v=ltyqoEDp ... e=youtu.be
Браво,dancing.queen Многу се убави шариве/дизајниве И бтв,имаш преубави нокти!! Како толку бели ги одржуваш? Поточно,не ти се прават жолти од често ставање на лак?
Во наредното видео ќе пишам за побели нокти, правилно турпирање.... Спојлер Најчесто и избелувам со паста и четка или пак со лимон и сода бикарбона. Сега пак го гледав видеото и забележав дека ми фали дел од дезенот со лепард шарата, ама брат ми е крив ме изнервира.
До сега снимав за рутина на ноктите и совети, доколку сакате да видете туторијал за дизајн пишете во темава или во ЛП (планирам после 1 саат a може и 2 ќе почнам да ги снимам). Ако немате ќе направм нешто што мислам дека ќе ви биде од корист. Најверојатно утре ќе го поставам видеото-ако имам време да го едитирам.
Еве го за рутината, неможев да го прикачам минатата неделеа имав многу обврски. И нема музика но тоа подоцна ќе го средам. http://www.youtube.com/watch?v=hhPzEdRIMik