^ Денсинг, супер ти е видеово. Сакам да те прашам, ова base coat-ов не е штетен за ноктите како лакот, или...? Ги храни ноктите со витамини?
Маца base coat ти е да го заштитат ноктот. Имаш различни base-coats, имаш со калциум на флормар, има да не ти се кршат, да не се лупат....... Овој на ревлон е за се' .
Супер,одлично е последново видео Да те прашам за турпијата што ја користеше за полирање,од каде ти е? И дали се троши,лупи,брзо..? Мислам,после подолго нејзино користење дали го губи ефектот?
Од аптека ја купив 100 ден мислам дека Титаниум се вика, јас сум многу задоволна 2-3 месеца веќе ја користам. Сега за сега не е излупена и кога ги исполирам ноктите имаат сјај како да се лакирани. Утре ќе снимам туторијал за був нокти, а кога ќе прикачам не знам. И давајте предлози......
Можда ќе сум офф топик ама не знам каде би прашала: има ли некој туторијал за вакви нокти?? Спојлер Мислам на тоа кучешките шепи...
Meне на сликата ми личат како лепенки, ане цртани. Ако сакаш можам да снимам нешто слично на овоа. Ама брзо да го објавам ќе треба да го ставам не едитирано... Еве на кратко ќе ти пишам како можеш да ги направеш: 1. Земаш некоја четка и правеш голема точка (со врвот на четката во претходното виде имам покажано) 2. со стапче за заби правеш 3-4 помали точки
Не ги ставам на you tube бидејќи сум мала (мислам конкретно 13 години)имам видеа но сега се усовршувам Првото видео кое ќе го прикачам ќе ви го објвам секако првен тука!
dancing.queen супер ти се видеава Иначе идеи за туторијали. Хмм Направи туторијал за новогодишни нокти, али мислам дека е малце рано
Еве еден совет од мене, за тие што имаат печати. Доколку печатите не ви излегуваат, а најчесто знам дека се случува, тогаш гумата на печатот добро истурпирајте ја. Некаде го прочитав овој совет уште пред речиси 3 годни кога го купив сетот и навистина успева. Јас одлично сега ја усовршив употребата на печатите,но понекогаш сакам и сама си ги правам. Нареден пат ќе ги сликам па ќе ви испратам да ги видите и да добиете и вие инспирација Поздрав фемина девојки
Епа, конечно и јас да направам еден туторијал. Пробен е, така да се извинувам однапред што текстовите не се напишани и на македонски. Сосема неочекувано испадна и затоа изумив да ги преведам И секако, предлагајте што би сакале да видиме, за да се фатиме за работа со останатите девојки што планираат да прават туторијали http://www.youtube.com/watch?v=xYdrgPlogPM
Видов другите почнаа да прават новогодишни нокти па ќе гледам утре да снимам повеќе видеа. Зошто треба ептен кратко да ги сечам ноктите,сметат ми за свирење.
Овие јас сама си ги правев што мислите?? Прстите ме се извалкани бидејќи ми се правени сите набрзина!
Еден совет - Францускиот маникир не го прави толку голем како на последната слика, ако ме сваќаш. Еве вака некако.