Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туторијали за нокти

Дискусија во 'Тело' започната од Wild-GirL, 2 октомври 2010.

  1. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Туторијали за нокти :)

    Леле аман, значи ЦЕЛ ДЕН утепав пробувајќи да го направам ова water marble, и нејќе за жива глава!
    Не можам да си направам убава шара, не ми се прават големи кругови, само мали и брзо се суши не можам да го растегнам убаво. Само 2-3 прста ми успеаа :worried:
    Историшив пола ацетон, еден куп лакови, дури и нови три купив денес, скоро пола од секој потрошив, цела куќа корне на лак и ќе пукнам од мака!!! Кај го видов ова кај се запустив :@
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Туторијали за нокти :)

    Девојки јас пред некој ден ја испробав водената техника за правење ;)
    Сега ќе ви кажам како ги правам јас, ^Натти читај ти, посебно за тебе важи да читаш со внимание :!:
    Значи прв пат ги правев, и си следев упатсва од некој од клиповите што сте ги постирале.
    Зедов место стаклен сад, пластично кутивче од крем истрошено, ама надолго, не е длабоко. Чепкалки, чечкалици, и лаковите, памук и ацетон. (Важно, не дека не знаете ама да не има после последици, на површината кај што го правите ова, постелете весник или хартија за да не ја извалкате)
    Зедов розев во три нијанси, црн и зелен, арно ама првите 2 со црн вистина изгледаа убаво, ама ептен на црно ми маваа и плус дека прв пат многу дебел слојот ми излезе веројатно многу сум ги чувала, и приота не сум го одделила остатокот од лакот во вода.
    Значи едната рака ми беше со 2 нокта во црно и розево некоја шара што хипнотизира :D , а останатите 8 нокти во две розеви нијанси и лилаво.
    И одма да ви кажам, прв пат како прв пат, аматерски, испаднаа какви испаднаа, задоволително што су ја совладала техниката, мисијата средно успешна.
    Е сега ова од помош, ако сте приметиле ( тие што ја правите) во водата со чечкалица лакот многу лесно може да остане на чечкалица и тука си имав најмногу мака, така да следен пат не ги мешам со тоа, ќе земам или од некој исушен лак четка и со неа, или со пумпица или со нешто трето ќе пробам и ќе ви кажам со кое најуспешно се мешаат.
    Кога ставате во вода лаковите т.е ги капкате треба неколку секунди да почекате да се разлеат, па да капкате од другите лакови, ама секако во форма на пикадо треба да ви бидат поредени лаковите. ( и да не оставате многу време помеѓу капнувањето оти брзо се сушат)
    Изборот на боја е ваш, ама поубаво е прво темна нијанса, после светла, па пак потемна, па посветла.
    Мене проблем ми беше чистењето на ноктите и прстите околу, немав во моментот лепак да ги завиткам и со цел памет така си ги шлакав :D и можам да ви кажам дека чистење ми одзеде повеќе време, него ли правењето.
    И од мала помош, ако немате залепено ништо на прстите (ова не го препорачувам) штом го извадите прстот, одма со памукче околу избришете дур е воден прстот за да не се засуши, после потешко се одстранува и ако не се одстрани побрзо плус може да се избрише и налакираното.
    И друг совет, прво една рака направете, оставете убаво да се исуши, па после друга, не како мене набрзина, двете и после знаете што направив од ко ги направив прв пат?
    Си ги избришав фино лепо, ви кажав многу дебел слој имаа и после ги налакирав само со бел и им ставив розеви точки. :emo:
    И плус ова го има и објаснето и во видеото, пред да се “шлакнете“ во вода најубаво ноктот да биде налакиран со бел лак (од тој варот) за поубаво да излезе шарата.
    И додека го чувате ноктот во вода ( еден по еден ги ставав, така да постапката со капнување лак се повторува повеќе пати) нека стои петнаесеттина секунди и додека стои така со другата рака одстранете го непотребниот слој на лак (внатре што е во вода) околу прстот за да не ви испадне многу густ слојот.
    И сега уште ми преостанува да си ја пронајдам најубавата комбинација од лакови (а за поедноставно може и само со два лака - контрасни, еден темен, еден светол) и да го усовршам капнувањето за да сите нотки имаат иста шара.

    P.S Убав начин за тренирање на трпението, се што ви треба е лакови, ацетон, сад за вода и вода, чепкалки, чечкалици, по некоај пумпица или молив и трепние.
     
    На n.a.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Туторијали за нокти :)

    Леле Лукс додека го читав постот склет ме фати.
    Интересен е начинов и факт е дека убаво излегуваат, ама за мене дефинитивно не е.
    Ќе се држам до стандардното украсување на ноктите. :)
     
  4. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Туторијали за нокти :)

    Ах Лукс, верувај дека моето трпение влезе у минус со водава.
    И денес исто пробав некои 29834648 пати, видов дека со водата сум направила грешка, зошто претходно со многу топла правев, денес со млака пробав. Излегоа многу убави шари, арно ама како што кажа ти, слојот беше премногу дебел, како да сум си истурала директно лак на нокти. Мислам дека тоа беше зошто лаковите пак не ми се растопуваа убаво, туку ми испадна мали кругови, онака дијаметар имаа некој 2-3 центриметри. Се правеше шара, ама веројатно имаше премногу лак на едно место и затоа ми беа никакви.
    Ги дотрошив сите лакови, цел ацетон и памук и се откажувам.

    Секоја чест на оние што им успева :bow:
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Туторијали за нокти :)

    Што беше склет ? :D
    Па веројатно треба вежбање и упорност, а богами и нерви за да ти успее, впрочем и секое нешто што го правиш ако немаш упорност и ако не го извежбаш нема да биде успешно ;)
    Интересна е техниката со вода, одзема време, но сепак од обичен француски маникир и чисто обоени нокти во една боја поубаво нема :!: иако и нокти со точкици, шарки и печатчиња се многу привлечни и слатки .
     
  6. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Туторијали за нокти :)

    Феминки,
    јас како разбрав на самото видео стои дека треба да се користи не „чешмовача“ туку да се користи филтрирана вода(мислам јас користам флаширана- и таа си ја чувам во едно тегличе со вода и таму ми е постојано, не ја мењам сега засега)
    Мене лично постапкава ми е мннн мнн лесна ;)
    (но како што кажала и ЛУХ... треба салотејп или пак мнн мнн вазелин на прстите за да не се мачите после со мнн триење и чистење)...
    ако основата е темна која ја ставате после шарките во водата можат да се светли(тоа нема ограничување, за само користење на бела основа)...
    и последно што можам да додадам е дека какви и да испаднат се сепак најубави, никој нема да има нокти како вашите) :angel:

    искрено мислам дека ја „изиграв“ целата финта и дека слободно може да Ви одговорам на некои плус прашања....
    Кис4иња
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Туторијали за нокти :)

    Јас чешмовача користев, ама ладна. :!:
    Ги погодив од прв пат, и воопшто не е тешко. Ги лепев со селотејп.
    Нати пробај барем на еден нокт со ладна вода, ќе видиш дека ќе ти испадне. ;)
     
  8. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Туторијали за нокти :)

    Ааа, не бива ова вака. Сега ќе земам ладна вода и салотејп наместо лосион и ќе пробам последен пат.
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Туторијали за нокти :)

    Луѓе бе незнам зашто не ви успева, мене уште од прв пат ми успеа, многу е едноставно.
    Водата од чешма, ладна...
    Си капнуваш лакови, правиш шара, го брцнуваш прстот, го собриаш лакот со чепкалка, го вадиш прстот и готово.

    Сега за да не се ушлакате лепете селотејп. :)

    Инаку има ли кај нас негде онакви лакови што распукуваат?

    Пред некој ден прочитав на некој хрватски сајт дека ESSENSE имаат нови такви лакови, ама кај нас незнам дали ја има оваа марка. А и да ја има, додека стигнат кај нас треба да поминат месеци.
     
  10. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Туторијали за нокти :)

    Изгледа во ладната вода и селотејпот лежел зајакот.
    Еве ги моите нокти, не ми се нешто нај-нај, ама за разлика од другите мои обиди :x
    Не ми се смејте, ќе ги направам и поубави :$
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC04551.JPG
      DSC04551.JPG
      Големина на фајлот:
      185,1 KB
      Прегледи:
      213
    На soncicko, BeYourself, ivo-na и 9 други им се допаѓа ова.
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Туторијали за нокти :)

    natty какво смеење супер ти излегле :clap: :clap:
    и апсолутно се согласувам ладна вода и се е можно
    не ми се верува дека ми успеа и тоа од прв пат со ладна вода а не ке се глупирам јас со топла со млака
    сакав да ви дадам еден дополнителен совет јас не ставив селотејп туку го намачкав делот околу ноктот со бекутан зашто е така прилично мрсен
    абе тоа вишокот лак ви се верува дека со тоалет се извади ви секунда ни триење ни ништо
    ова ми е револуционерно откритие од сега само со бекутан околу нокт ке се лакирам
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Туторијали за нокти :)

    "n.a.t.t.y" Добро дојде во клубот.... прекрасни се навистина :clap:
     
  13. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Туторијали за нокти :)

    Добро ве најдов :D Баш ми е мило што ви се свиѓаат, мене не мебендисуваат нешто многу, следен пат подобро :D Ама барем знам дека не е толку тешко како што мислев :)
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  14. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Туторијали за нокти :)

    Aј уш некоја
     

    Прикачени фајлови:

    • 3EXIT09 (44).jpg
      3EXIT09 (44).jpg
      Големина на фајлот:
      218,5 KB
      Прегледи:
      257
    • 3EXIT09 (46).jpg
      3EXIT09 (46).jpg
      Големина на фајлот:
      301,6 KB
      Прегледи:
      257
    • 3EXIT09 (31).jpg
      3EXIT09 (31).jpg
      Големина на фајлот:
      226,3 KB
      Прегледи:
      257
  15. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    Туторијали за нокти :)

    како да си ги напраам вака плави со такви линии :)
     
  16. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Туторијали за нокти :)

    И јас си бендисав едни :) сега ќе си ги правам...па кога ќе успеам ќе ги споделам со вас :*
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.221
    Пол:
    Женски
    Туторијали за нокти :)

    Следна Мисија ...мене и на другарка мии..ко ќе ги напрајме..ќе клам да ги видите :D :D ..Позз

    http://www.youtube.com/watch?v=zUo8cgr98V4
     
    На miss-bootylicius му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Туторијали за нокти :)

    ^ аа да и ја го видов ова..ептен е убавко ^^ :)
     
  19. TammyDeyn

    TammyDeyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    240
    Туторијали за нокти :)

    Ги направив Мини маусот...ама мн малечки ми излегоа точките :/
    после ќе ги поправам, сега морам да учам :)
     
  20. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Туторијали за нокти :)

    http://www.youtube.com/watch?v=pRQOj8dXLa0 моето најново откритие,а ноктите кога ѓи правам со водната техника сите ми ги бендисуваат и прашуват кој ми ги правел 8)
     
    На Lux, bella.gk, ivo-na и 4 други им се допаѓа ова.