Не знам кај да го сместав постов ако е во грешна тема поправете ме. http://on.net.mk/zezalici/2538/i-nashi-omileni-raboti
Јас ти ги гледам видеата, добри ти се, но треба малку да поработиш на светлото, некако многу темни се видеата.
Леле, а не може да се најде каналот на youtube ако е од таму видеово? А типкава ми е типична наша Австралијанка, ама да не знае да прочита bright и passion ??? Ако знае некој нешто нека не просветли, или линк од каналот
Еве едно од моите видеа се надевам ќе ви се допадне благодарам Да знам но сега работам на осветлувањето па се надевам дека во наредните видеа ке буде подобро поздрав Модератор: Ве молиме, не испраќајте две мислења едно по друго, доколку сакате да го дополните мислењето, редактирајте.
@Rose96, браво за туторијалот, многу светски изгледа! Лично, многу ми се допадна што немаше непотребни објаснувања кои го одземаат вниманието туку самите потези беа сосем доволни гледачот да дознае што и како треба да прави. Исто така, морам да го пофалам и изборот на музика. Дефинитивно мораш да продолжиш со правење на туторијали!
@Nausicaa Фала ти премногу за коментаров ептем ми значи , и да ке има уште туторијали само ја чекам подобрата камера сакам со подобар квалитет да се
@rainbowec Не ова е четка од H&M за бб крема пишуваше, ама јас за секаква пудра си ја користам одлична ми е
Јас ја имам таа од Аура и многу ми личи на оваа твојава од видеото па затоа прашав, пошто јас не ја користам мојата за течна пудра туку за бронзер или камена пудра... некако повеќе ми одговара за нанесување и блендање на прашкасти отколку течни производи.
@rainbowec Баш ми треба мене за камена пудра таква, ја користев на Сигма ама таа подобра ми е за течна него за камена пудра баш ке ја пробам оваа на Аура.
Преубава и премека е, најмека од сите четки што ги имам. За бронзер е како измислена, во 2-3 потега и тоа е тоа изблендирано како од шала. Баш сакам да ја пробам пак да и дадам шанса и за течна пудра, може и на оваа ќе и најдам некоја цака.
Малку ќе ви се приклучам во муабетот со моето искуство со четкава. Многу е лоша за течна пудра, баш заради тоа што е многу мека. Само ја впива пудрата и ја матка натаму-наваму. Пробав повеќе пати, со пудри со различна структура и ефектот не ми се допаѓа. Не е четката за течни продукти, барем јас не би ја користела повторно за таа намена. Ако ептен сакате четка од Аура, супер е онаа која е и наменета за течна пудра. Не ми остава линии откако си ги навежбав потезите, не се споредува со оваа за бронзер.
Знам дека за течна пудра не ја бива баш, кога ја купив прво така пробав да ја користам ама некако не ми беше по ќеиф... е кога почнав да ја користам за руменило и бронзер скрос обратно - бев воодушевена! Ама викам ај да пробам уште еднаш да ставам течна пудра со неа, ќе пробам тоа деновиве иако не верувам дека ќе го сменам мислењето.
Можеби ќе бидам офф топик , ама дојдов да споделам една шминка која е идеална за Hooded eyes или спуштени капаци .Teхниката се вика Cut crease и според мене прекрасно стои на вакви очи.Треба малце да се има трпение и нерви додека се совлада техникава , не е лесно како што изгледа , посебно не на такви очи, за среќа тука е и јутуб . , еве и видео, кој сака нека го изгледа. Други мали советчиња , тушот надобро е да го ставате само на крајот од окото , бидејќи ако се стави преку цел капак уште помало го прави окото .Ова Пресекот кога го правите добро е да биде направен со црна или темно кафеава МАТ сенка.А и уште нешто , ова важи за сите очи Блендање и само блендање ! Можеби ќе ви се измори раката , ама резултатот е перфектен.Ми се гади кога ќе видам неизблендани сенки.
Мора башка тема да си отвориме ние со спуштени капаци за шминка и совети И јас сум една од нив. Јас не ни успевам со ова cut crease зошто нема ни тоа да се познава, имам многу мал простор помеѓу веѓата и сенката каде ја ставам. И кога убаво ќе го отворам окото ни с од сенка не се познава А на Youtube има многу малку со таква шминка. Еве мене ова ми е најубаво објаснето.