За спуштени капаци не треба воопшто над окото да се нанесува ајлајнер или креон. Под окото само,за окото да изгледа поголемо. Креон внатре во окото никако. ете видео за помош
Се изначитав се и сешто. Ако имате и спуштени капаци може пак да се изведе winged eyeliner јас имам спуштени капаци и пак успевам и изгледа многу убаво Ехее колку време ми требаше да сфатам што и како треба да направам. Вежбајте, пробајте различни техники, никогаш нема од неколку пати да се научите, бидете упорни ова видео според мене е многу добро
Наидов на инстаграмов и ми се виде како интересен, па реков да го споделам на фемина. Има кратки видеа за шминкање, најчесто очи. Не ги прикажуваат сите чекори како на јутуб туторијал, ама за некој кој е уходан со шминкање, ќе сфати што и како е. https://instagram.com/makegirlz/
Ваквите кратки видеа мене ми се милион пати покорисни од туторијалите кои неретко знаат да бидат досадни, кога речиси секогаш 90% од муабетот е непотребно зборување за производите или беспотребно долго прикажување на блендањето. Доволни се само неколку секунди блендање, за да сфатиш во која насока и како да маневрираш со четките. Светот нема време за чекање и гледање долги „бесцелни“ видеа, овие ваквите профили со кратки инструкции ми се откритие на векот последниве неколку месеци. Фала Инстаграм.
Пред некое време буричајќи низ YouTube случајно се најдов на каналот на девојкава - Vanessa Đurašaj, ја ставив во Bookmarks и повремено проверувам што има ново и секогаш пријатно ме изненадува колку е умешна со четкичките за шминкање.
Пратам повеќе канали за шминка на јутјуб. Во последно време многу ми се интересни овие за техниката стробинг, која и сама по себе па ми е многу поубава од тешкото контурирање. Многу посвежо и поприродно ми делува и долго време и нешто слично си употребувам, ама никогаш не сум знаеле дека се вика така.