Туш за очи

Дискусија во 'Лице' започната од Zaljubena111, 27 март 2011.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    1.616
    Многу жени го избегнуваат тушот за очи бидејќи се плашат дека не знаат да го нанесат и дека дополнително ќе си отворат работа откако ќе го размачкаат целото око. Секако дека тушот ни најмалку не е едноставен за нанесување. Многу лесно може да се претера па да изгледате пренападно, многу малку да ставите и да изгледате бледо, или сосема погрешно да го ставите и на окото да му дадете крив изглед.

    Заборавете на старите техники на нанесување туш, со исцртување, повлекување линија на капакот. Едната ќе испадне подебела, другата потенка. Повторно сте на почеток.

    Едноставно со едната рака оптегнете го капакот, а со другата нанесете точкички со тушот по должината на целиот капак и што повнатре во коренот на трепките.

    Целта е со точките да ги пополните празните места помеѓу корените на трепките, за да добиете погусти и дефинирани трепки. Откако ќе нанесете и римел ќе имате чувство дека сте ставиле вештачки трепавици.

    Доколку сакате уште повеќе да го истакнете окото, само спојте ги точките за да добиете убава линија и на крај малку закосете, во зависност колку мислите дека ви прилега.

    Да не ја полниме темата Моливо за очи, решив да ја отворам оваа тема. По препорака го купив Тушот од Авон, значи потполно сум разочарана од него, добро се става меѓутоа доволна е само една солза за да имаш изглед на модро око :@ ( иако пишува дека е водоотпорен)
    Кои Тушеви вие ги користете? Да размениме искуства.
     

    Прикачени фајлови:

    • 4_avon.jpg
      4_avon.jpg
      Големина на фајлот:
      8,4 KB
      Прегледи:
      6.528
    На viviette и verica94 им се допаѓа ова.
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    758
    Јас го користам од Голден Роус. Овој на Авон воопшто не ми се допаѓа, зошто едвај пушта, многу му е лоша амбалажата. Вака на чиста кожа пушта, ама на сенка како што правам јас, амин.
    Инаку не знам зашто сите викаат дека е толку тешко да нанесеш туш. Мене ми е баш лесно, и да згрешам, одма ќе избришам со стапче за уши. Знам да си направам и тенка и дебела линија, и помалку или повеќе заоблен крај. Не практикувам никаква техника, не ја потпирам раката зошто така ми е потешко. Едноставно си ставам и за 2 минути сум готова, двете очи исти ми се речиси секогаш :D
     
    На aceee99, CaperucitaRoja и Sunshine88 им се допаѓа ова.
  3. senza.parole

    senza.parole Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    2.766
    Допаѓања:
    15.968
    Пол:
    Женски
    Обожавам туш за очи. :)
    За верени излегувања обавезно е на мене.
    Некогаш ставам потенка линија, а ако сакам подраматичен изглед ја здебелувам.

    Порано го користев овој [​IMG] од Орифламе, на почетокот беше одличен, супер му беше бојата и имав со месеци од него а бојата си остануваше таква, интензивна.
    Ама последен пат кога си порачав се разочарав, многу многу бледа боја, како веќе потрошен и една другарка си порача и кај неа исто. :^)

    Истото се случи и со тој црвениот од Орифламе.

    Го имам користено и тој од Авон, катастрофа ми беше.

    Е овој е нај, најдобар што го имам користено до сега [​IMG]
    Интензивна боја, четкичката таква убава, тврда и прецизна (иако пишува metaliner, воопшто не се познаваат светките, супер е)
    Го користам сигурно добри 6 месеци, ако не и повеќе, а редовно ставам од него.
    А 150 денари беше тогаш во каталогот. :lol:
    Арно ама само тогаш и никогаш повеќе не го видов :( , а сакам пак да си порачам.

    Ако го види некој пак да го има во каталог, нека кажува одма. :!: :)
     
    На skenco, Lexa и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  4. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    770
    обожавам туш :inlove: скоро секогаш кога се шминкам ставам туш... да се пофалам многу убаво и прецизно знам да си го цртам окото :lol:
    го користам овој:
    [​IMG]

    и тушoт na essence (само неможам да најдам слика)

    презадоволна сум од двата... имам користено и на голден роз и тој е добар.. :)
     
    На aby му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    720
    Користам редовно туш, го обожавам ефектот што го дава на окото. Првиот пат кога зедов туш, една недела вежбав дома па потоа дури почнав да го користам "јавно" :D Сепак денес ми е неизоставен дел од шминката. Ги сакам тушовите со меко, тенко четче бидејќи можам повеќе варијации да правам со нив. Имам повеќе тушови пробано, од најразлични фирми, сепак воопшто не сум задоволна од тие од авон и орифлејм. Моментално го користам од Ingrid cosmetics и тоа 3 пати со ред истиот го земам, и сум премногу задоволна, најбитно каде ќе го аплицираш таму останува, воопшто не се размачкува.
     

    Прикачени фајлови:

    • tus.jpg
      tus.jpg
      Големина на фајлот:
      6,2 KB
      Прегледи:
      6.457
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.305
    Ех, колку ми требаше да се научам убаво да го ставам тушот, убаво, тенко :D И јас сакам кратки четки, полесно ми е за ставање.Одамна купив на Мис Спорти и Менхетн, ич не ми се свиѓаа, избледуваа некако.Сега го користам на Гош и многу ми е убав.
    [​IMG]
     
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.589
    Допаѓања:
    22.936
    Пол:
    Женски
    Имам купувано и со мека и со тврда четкица и ефтини и скапи и црни и во друга боја ама со ниту еден не се научив да ставам убаво :( и никако да се научам :@ и така си ги фрлам парите за да ми седат во фиока :lol:

    Иначе последен кој го купив е на Seventeen а имам и на Radiant :lol:
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.267
    Од пред 2 години почнав туш да ставам и сега нема вечерно излегување без да ставам туш :)
    50% е техника и искуство со раката за ставање туш, 40% е тушот и неговото "перце" :D и 10% денот како ќе ти се погоди за ставање туш :D

    Сум користела 3 туша до сега.
    1. Miss Sporty Liquid Eye Fabulous Glam Black
    [​IMG]
    На почетокот мислев дека е супер, сега сваќам дека ИЧ не бил. Четкичето е претенко и треба да внимаваш како ставаш и се мачиш да не кажам. Никогаш веќе нема да купувам тушеви со тенки влакненца за цртање. И се бришеше брзо.

    2.IMPALA liquid eyeliner pen
    [​IMG]
    Ставив во спојлер дека голема е сликата, иначе викам ај да пробам пенкалце туш, ама не е убаво. Не пушта доволно црнило. Што е нормално, класичниот туш брцкаш во црнилото и ставаш, ова тече и е како креон. Ич не го користам.

    3. Мanhattan dip eyeliner
    [​IMG]
    Аир видов ставам ептен брзо туш, порано се мачев, цврсто е тоа за исцртување и многу брзо и лесно се става дал сакаш тенко дал сакаш дебело. А не како првиот од Мис спорти нема дебела линија, мора тенко само па 20 минути повторуваш една линија. И многу е црн и не се размачкува. 10ка! :inlove:
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    51.571
    Кога ставав со обична четкичка,... често бев размачкана од веѓите до под очите :D ... па додека избришам, сто маки... најслучајно си купив импала туш, како фломастерче е... мноогу ми е супер, ем не се расшлакувам... ем веднаш сум готова... а и убав е, стои, не се брише така лесно... мајка ми става од тие тенките четкички,.. ама она е олдскул, од прва успева добра линија... :^)
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.267
    ^ eте јас тоа погоре го ставив дека ич не е убаво Импала пенкалцето туш.
    Дома ми стои цело да ти го дадам? :D :D
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.551
    Користам често туш и тоа со години така да веќе сум испраксирана за нанесување, иако имам поретко и лоши денови кога никако не ми се изедначуваат линиите :^) ! Инаку туш со тврда четкица е повеќе наменет за тие што се поискусни во нанесувањето ;) . Моментално имам од Голден Роуз не е скап и задоволна сум, додуше јас поголемиот дел од козметиката си ја носам во чанта со мене за корегирање ако се јави потреба, посебно ако знам дека излегувањето или па некој повод (свадба и сл.) е подолготрајно.
     
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.371
    Допаѓања:
    6.181
    Jaс овој го имам користено,и океј е,само што по подолго користење,четчето се разресува.[​IMG]
     
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.536
    Туш користам веќе извесен период и сум презадоволна многу ми е поубаво одколку со кренон и цел ден да го имам на очите не ми се растечува што и не е исто и со креон. Порано користев голден роус со обична четкичка и не сум задоволна и веќе една година почнав да користам со онаква тврда четкичка и ми е преубаво и ептен се испраксирав со нанесувањето :)
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.673
    Пол:
    Женски
    Јас сум мањак за тушеви.
    Од кога почнав да се шминкам со туш пред некои 4-4ипол години, не сум престанала до сега. Мислам дека нема туш што не сум го користела, прочнувајќи од тврди, меки четки па се до пенкалца.
    На почетокот ми беше потребно многу време за да нацртам убава линија, ама со тек на време влегува во пракса и сега сум мајстор. Се шминкам за помалку од 10 минути, а во принцип и по тоа се двојам од другарките, зошто секогаш очите ми се исцртани. Секогаш!!
    Моментално дома ги имам овие тушеви, за секојдневна употреба го ставам од орифлејм пенкалцето, а за вечерно кога ми треба подебелка линија ги употребувам другите како ми дојдат при рака:


    Генерално не сум задоволна од тушевите на Авон, многу се течни, по две употреби стануваат водени. Тука некаде се и на Орифлејм.
    На Менхетен и на Гош се одлични!!
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0369.jpg
      Photo0369.jpg
      Големина на фајлот:
      212,1 KB
      Прегледи:
      633
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MileyCyrus1Fan

    MileyCyrus1Fan Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    130
    Супер е. Јас ставам многу тенка линија ,само кога испаѓам! :)
     

    Прикачени фајлови:

    • dipliner.JPG
      dipliner.JPG
      Големина на фајлот:
      83,3 KB
      Прегледи:
      605
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    51.571
    ... праќај слободно :rofl:

    Ова мислам може да стои како поука, дека на секого му одговара различно нешто! Јас сум стварно презадоволна од тушот, посебно сум импресионирана од тоа како лесно можам да го нанесам... само што прочитав едно мислење дека полесно е со мека четкичка... :?:

    Сепак, најважно е самите ние да си пронајдеме начин како ни е најлесно да нанесуваме туш,... без притоа да се шетаме како бабароги по улица :D
     
  17. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    849
    Пол:
    Женски
    Значи баш вчера ми текна дека нема тема за туш за очи..викам,да отворам..и ништо си се угасив..и ете
    заљубена ме претрка :D

    Тушот го одбегнував до пред неколку месеци..еднаш пробав и цела се ушлапав на очите и многу лошо ми стоеше и се откажав.. Пред неколку месеци најдов случајно раскревајќи еден туш кај мајка ми и почнав со него полека полека, бриши пиши :D и зачудувачки успеав и изгледаше ПРЕубаво неможев очи да тргнам од огледало :lol: потоа уште неколку пати пробав и сега прилично добро ми иде.. за моја среќа, немав некое тешко искуство при учењето со раководење со тушот :)

    Единствениот туш кој сум го користела, кој и сега го имам е тој истиот што го најдов кај мајка ми, и е од Seventeen .. Бидејќи немам друг, се служев со него, но сепак не сум задоволна само поради тоа што некако е многу блед..и сто пати да поминам нема да имам убава изедначена линија..
    И затоа сега сум во потрага по нов.
    Значи викате менхетен и гош ги препорачувате? :$
     
    На mislilo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. aliciakeys3

    aliciakeys3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    21
    Јас го користев тушот на Golden rose и добар ми беше,меѓутоа мајка ми имаше купено после тоа IMPALA и можам да кажам сум презадоволна,100 пати е подобар од golden rose.
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.107
    Допаѓања:
    4.650
    Ставам туш за очи скоро секогаш - го обожавам. Моментално имам гош и сум задоволна. Не ми пречи каква ќе е четката дали онаа кратка или издолжена го имам испраксирано начинот на ставање до перфектна тенка линија.
     
  20. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.822
    Фешти беше додека се учев да ставам туш а и многу солзи исплакав :rofl:
    Колку само ми се тресеше раката и секогаш крива линијата ми излегуваше и на двете очи различна ,понекогаш ми се случуваше во окото да си намачкам :D колку само се нервирав ,ама со тек на времето се навикнав и сега можам да кажам дека сум специјалист 8) ама за да си ставам сама
    а за на некој друг неможам ,незнам зошто .
    Досега имам користено само Golden Rose (70денари ) во црно паковче и сум презадоволна
    четчето ми е тамам .
    А што имам видено кај другарки туш од Авон со многу дебели четче, мислам дека нема да се снајдам со нив а и многу се скапи ,
    не го менувам Голден Роуз додека се произведува :)