Потоа си го купив овој само со тврда четкичка и дефинитивно е незаменлив ептен сум задоволна, прекрасно црта и воопшто не се растечува. Си вреди![/quote] sovrsensto ме интересира од кај го зема и по која цена??? иначе јаc го користам на classik со тврда четкичка ама не сум некако задоволна
Си го купив 175 денари од парфимерија од мојот град ама мислам дека треба да го има во повеќето парфимерии.
Го има некој корстено пенкало тушот на Менхетен? Го гледав пред некој ден во продавница, ама се мислам дали да го купам, зошто 400 денари е
Ретко се шминкам, па така за жал може да кажам дека туш едвај и да ставам а да не се размачкам Подраго ми е креончето
Јас никако не успевам да си нанесам туш за очи..незнам зошто ама секогаш кога пробам не можам да направам иста линија на двете очи може да ми каже некој како да си ставам и да ми испадне еднакво
Како мислиш крем-сенка? За мене ништо не може да го замени тушот, колку и да ставам црна сенка, или моливче, после со туш ефектот ми е многу подобар, го обликувам окото како сакам, и секогаш го ставам.
Не користам туш за очи, само црно моливче за очи ставам, прецизно не ми се размачкувало никогаш до сега, но, само еднаш имам ставено туш за очи, црн и очиве ептен огромни ги направи, кај имам крупни очи, уште толку треба понатака, здравје, мож ќе ставам :geek:
Кога се шминкам секогаш ставам туш, ретко користам сенки во боја, најчесто го ставам Stylo од Oriflame: А понекогаш, кога сакам посмоуки изглед, ставам Kajal, исто од Oriflame: Не сум пробала (а нема ни да пробам) тушеви во друга боја, освен црна. Исто и не можам да користам тушеви со четкичка, посебно не ако е тенка, туку само овие како фломастери што се. Гледам поназад многу феминки биле незадоволни од првиов туш, не знам зошто, јас веќе второ фломастерче трошам и сум супер-задоволна
Знам дека тушот си е туш, ама јас сум многу непрецизна при оцртувањето, па затоа за замена користам крем сенка. Гледам и по парфимерииве ја нудат како замена за туш. Оцртувањето не е исто, ама убаво доаѓа. Малку потсеќа на смоуки ајс...
Обожавам туш за очи и скоро секогаш имам на мене , го кроистам, и за дневна и за ноќна варијанта. Не користам скап туш. Користам Golden Rose но тој црниот со ептен тенка четкичка како од лак такви влакненца само потенка нормално. Јас сум задоволна , затоа што е црн а не како некои тушеви кога ке ставиш се како вода, стои доста долго време . Јас сум доста прецизна во тоа , со вежбање се се учи . А затоа што се што е поврзано со make up ми е пасија, воопшто и не ми преставуваше проблем ниту пак тешкотија да научам да ставам. Мислам дека тушот го менува целиот изглед и е доста важен . Со малку пракса се е можно ... поздрав
Од минатото лето се обидував да ставам туш како што треба. Лесно ја научив постапката, но никако да го приспособам на формата на окото. Кога окото е отворено, никако не изгледаше. Видов дека не оди, и само понекогаш пробував, онака, барем да го потрошам тушот. Пред некој ден се научив. Не знам како, но ми се допаѓаше тоа што го гледав. Го користам тој на Голден Роуз, задоволна. Можеби откако ќе го потрошам овој, ќе го испробам тој на есенс (постиран погоре), или тие со тенка четка.
ова е профи! најубав туш што сум го имала до сега ефтин е и достапен за секого, лесно се нанесува и е водоотпорен!
Девојки некој туш кој е потраен и да не се размачкува ама да е пристојна цена да ми препорачате , не дека ќе го користам ама нешто ме фати мерак можеби 2, 3 пати ќе ставам од него, па затоа не ми се фрлаат многу пари, фала ви.
^^ нема подобар туш од овој само сега е во друга нова амбалажа, ваква: http://www.essence.eu/products/eyes/eyeliner.html.. верна му сум неколку години наназад (ми го носеа од странство затоа што ги немаше порано кај нас).. цената му е 150-200 денари.. .. четкичката му е мека, лесно се нанесува и е многу долготраен, цел ден стои и не се размачкува
Прочитав поназад дека не сте некои задоволни од тушевите за очи кои се како пенкала, дека брзо се сушеле. Имам кажано во друга тема ете ке повторам дека можно е да се изгуби квалитетот на тушот ако се става директно на мрсен очен капак. Значи обавезно пред да ставите туш, нанесете или база или сенка за очи. Обавезно. Ако не, тушот се нацицува со маснотија која кожата природно ја лачи и не испушта црно.
Го заменив овој од Oriflame со диплајнерот од Classics (ист е како оној од Golden Rose) и е исто толку лесен за нанесување, а многу поинтензивен. Треба да зборувам за цената?