Користев од Орифлејм но веќе е сув (го имам уште пред 4 месеци ). Сакам да земам од Essence па која од вас какво искуство има со нивните производи? Се двоумам помеѓу овие два
Го купив 100денари во една парфимерија во мојот град.Но го има секаде,прашај во која било парфимерија кај тебе
Уф, на левото што убаво научив да го ставам, а на десното се направам шљакатарник. Неможам да замижам само со десното око...инаку таков имам како пенкало на малена некој си.
И јас сега го купив она што е како пенкалце на малена и не сум многу задоволна, оно убава линија црта, но е е мн темна па пораш да повторуваш неколку пати
Боже..во петокот си купив таков малена туш - пенкалце и сега нема, нејќе да пушта. Само една бледа линија шо едвај и се познава. А само 5-6 пати ставив од него.
Јас го користам тушот од Голден Роуз и баш ми е погоден, ми трае долго да речиме еднаш купувам на 4 месеци, а го користам секој ден (плус и мајка ми го користи ), друго убаво ми е четчето, тенко и се добива убава црна боја се на се задоволна сум и сега за сега не би го менувала еве овај
Изгледа толку му е квалитетот ќе видиме мојот колку ќе издржи. Инаку го има во скоро сите парфимерии, јас го купив 130 денари
Мене 200 ми го наплатија. + ги прашав дали има на Голден Роуз тушеви, рекоа дека не ни постоеле такви.
Користам Gosh туш, четката е дебела убава, убаво се нанесува, лесно се брише без да се размачка кога ќе го чистиш лицето
Јас си купив денес еден од Голден Роуз со тврда четкичка, нели за почетници, ама не бре брате 10 пати пробав да си ставам и ни едното ни другото око не можам да ги направам. А уште сакам мачкини очи да си направам. Само од другарка што ми ставаше знам дека мене ми стои средна линија и може малку кај аглите на очите накривена. Сега деновиве ќе се фрлам на пракса, па ваљда ќе научам како се става, мајката. Инаку полесно ќе ми биде да ги правам отпрвин со тоа како фломастер некој што го спомна, и како да си направам мачкини очи убаво, барав туторијали на јутуб ама никако да најдам асални.
Блу, Ана Каренина имаше поставено една сликичка на која многу убаво е покажано како да си нацрташ мачкини очи, па ќе ти ја ставам во спојлерче. Спојлер E сега, линијата може и да варира, можеш да тераш по истиов тертип, ама да си ја модифицираш во потенка.
Пробај како девојката на видеото, баш прави убави мачкини очи. http://www.youtube.com/watch?v=_oI0Bwai83k
истиот го користам повеке од 6 год, презадоволна сум, последниот го купив пред 7-8мес секој ден го користам и уште има