Истиот го користам и сум максимално задоволна. Го купив пред повеќе од 1 година и сеуште не е потрошен , а башка и ефтин беше.
Пред две недели го купив тушов и сум ПРЕЗАДОВОЛНА. Најдобар од сите кои досега сум ги користела. Со тврда четка е.
Значи овој туш е неверојатен , со имала и други од орифлејм но овој е незаменлив и не скап што е битно
Редовно користам туш, ми се допаѓа како изгледа на очите, некако ми ги истакнува. Порано го користев од Гош, но сега го имам овој на Debby и ми брка работа, за цената е супер
Добар е тој на Орифлеим како фломастер што е, тој го имам. Инаку сакав еднаш и од голден роуз да си земам еден со четче се нанесува (го сретнав неколку пати низ темава), другарка го има и многу го фали. Можеби понатака, сега не. Овој што го имам добар е засега.
Моментално имам од Класик, супер е. Обично ставам слаба линија над сенка и не ми е толку важна марката за туш
Јас си земав туш-пенкалце од Гош, црно, уште покрупни ми ги прави очиве, па за сега е ок, ми се допаѓа
Јас се научив пред некое време и многу сум задоволна. До сега користев еден никаков туш за никакви пари колку да се извежбам, и сега кога знам како да го ставам, си порачав долготраен туш од Авон. Од сега па натаму планирам така да ги шминкам моите очиња за излегување
А знае некој каков вид на нанесување на туш стои на округли, заоблени очи? И така средна големина, накај големи. Другарка ми незнае да прави тенки мачкини, ми ги прави со дебела линија а тоа ич не ми се свиѓа како стои. Вака нешто ми се.
Taкви коментари сум слушнала од повеќе девојки, ама ете јас го користев скоро 10 месеци, со онака средно интензивна употреба. Мислам дека 10 месеци не е мал период :/ што знам. Сега ми се потроши црниов, па си земав кафен, а планирам и зелениот да го земам, една другарка го користи, премногу ми се допаѓа како изгледа.
Blueeparadise и јас имам такви, најдобро стои потенка линија од средината па нанадвор и кога ќе дојдеш до крајот на окото малце ќе продолжиш малце нагоре. Ако ставиш од почетокот до крајот на окото ќе изгледа уште поокругло.
Имам туш за очи од Менхетн , само уште да научам да го користам,а да изгледа убаво. Ќе морам да се увежбам.
Ај да ве прашам нешто. Го има користено некоја овој туш? Секакви критики и пофалби ако ги има би биле добредојдени . Баш сакам да го пробам, али во дилема сум. Јас досега користев еден од Голден Роуз што го земав, просечен е, не е нешто вааау.
Анабела, јас го имам користено и воопшто не сум задоволна. Не знам дали јас сум била до толку баксуз, ама добив сув туш што пушташе црно како стар црн фломастер.