Јас последен овој го купив, од Gosh е, и многу сум задоволна. Убава црна боја дава и не се размачкува на очи, а лесно се отстранува со средство за отстранување шминка. Има тврда четка, што според мене е подобро, барем мене ми е полесно да нанесам туш со тврда четка отколку со мека. Од Космо го земав пред неколку месеци, не се сеќавам колку беше, ама не беше скап.
Aко сте во потрага по добар туш ви ги препорачувам овие два,јас сум презадоволна,посебно сум пријатно изненадена од овај на Eсенс Hон стоп го ставам значи,еве пример денес го ставив околу 11 сабајле и дури до сега 12 на полнок не ми е мрднат,брзо се суши и трае т.е не се брише A и овај од Pевлон не е лош,него го користам за посебни прилики,а и малку потежок ми е за нанесување,оти четката е тврда,но сепак е добар,брзо се суши и тој трае,единствена разлика од овај на Eсенс е тоа што е доста поскап,барем за мене е поскап
И јас го користам овој туш веке подолго време и сум презадоволна од него супер е. anabel-a Сестра ми го имаше овој туш ама воопшто не беше задоволна а го зеде 400 ден.за џабе фрлени пари не го ни користеше го пробав и јас ама како што реЧе Saya сув туш што пушта црно како стар црн фломастер
ЈАс го користам само на Golden Rouz и сум презадоволна,стварно е супер ,пред тоа користев еден друг не чинеше за ништо дури и го заборајв како се вика А овај голденов ем ми пушта убава линија,слаба каква што сакам јас,многу брзо се суши и воопшто не ми се размачкува.
Ништо тогаш, ме предомисливте за тушот од Авон. Најверојатно и јас ќе го земам тој на Гош. Мене ми е битно да не се размачкува, да не биде ептен сув и да трае.
Може ли да ми препорачате некој туш за очи кој не предизвикува иритации на окото ,бидејќи носам контакни леќи и не знам каков да одберам?
Не сум користела туш, од причина што не знаев како да ставам правилно. Но овој ми изгледаше како попрактичен и го зедов и не погрешив, баш сум задоволна
Тие тушовите на голд ен роуз, авон, орифлејм, што се како фломастери, би ги препорачала само на оние кои го употребуваат тушот секој ден. Јас не го употребував, само 3-4 пати го употребив, и што, се исуши Повеќе сум за тие со тенко четче. Имам еден од голд ен роуз и еве како година и пол ми трае и не ми е суво.
Се научив да си ставам туш, конечно, леле немате поима како се радувам. Знам, смешна сум ептен ама како очајно си ги правев очите порано, а сега сум се испраксирала брееј. Преферирам тенка линија од почетокот на окото и на крајот ја продолжувам нагоре малку повеќе, забегувам некад де, и после од доле ја пополнувам, како подебела ја правам.. и преркасно стои кога гледам надолу, и вака не е лошо ама на моиве очи скоро ништо од шминка не стои убаво.
Во почетокот кога почнав да другарувам со тушот започнав со оној од орифламе што е на втората слика бидејќи е многу прецизен но со текот на времето, откако научив прецизно да ги пуштам линиите го сменив со овие малечките на вери ми од орифлејм
И јас сакам окото да ми е исцртано со туш , ама никако да се научам , едното око убаво го исцртам , а другото зананикаде затоа братучетка ми е тука !!
Незнев каде да го поставам прашањево, тука некако најприкладно ми е. Дали е можно тушот на едното око да ми остава побледо а на другото потемно? Дебилно е знам, и мене ми дебилно, ама со ист туш буквално и на ист начин и на едното многу побелдо ми остава на другото океј, црно, џабе стискам повторувам никако неќе. До тушот ќе е, или јас не знам убаво да нанесувам па затоа не изгледа исто и убаво. Додуша чудно кај сите со туш очите им се поголеми, кај мене, обратно помали ми изгледаат, ама обично кога линијата е подебела, не ми стои убаво, со потенка ми е полично. Тушот ми е од She од Дм, отпрво беше океј, секако почна за забушава, а не го користам често, 2-3 пати месечно и некако сув ми е. Дај препорачајте убав туш, некој од кој сте задоволни, а остава доста црно, и не се брише, ама и лесен е да е за користење, убаво да ненесува права линија. Цена до кај 300-400 мислам дека има асален туш за тие пари некаде, ич не се разбирам од тушеви.
Хипстер, до тушот ќе да е, сигурно ти се подзасушил. Јас сум презадоволна со мојот, ефтин е многу и ми врши работа. На Голден Роуз е, тоа црното тенко тубиче со меко четче. Добар е и Менхетн, имав прилика да го тестирам, ама со цената не прашав како стои. Четкичето е прецизно, прави убави црни линии, брзо се суши и потешко се вади без (помрсно) млеко за чистење. Тој во вид на фломастер од Орифлејм е солиден, имав и темно зелен, ама пребрзо се сушат и се појавува истата ситуација како кај тебе, па јас и не ги препорачувам баш. Исто, гел-лајнерот на Есенс е супер, ама не ми е тоа тоа, некако ми го нема тој сјај како со обичен туш. Имаше и уште еден на Есенс, не можам да му најдам сликичка, гарант го има во ДМ, го имаше и кога бев таму пред некоја недела, а чинам и форумџика го имаше пофалено и во темата за маркетот. Црна тубичка е, со розови букви и срценце - убав е, го пробував тука кај нас во парфимерија, ама не го зедов зашто изнакупив други тракатанци кои ми беа попотребни.
Фала ти Мишeлка, струја си, ќе се снабдам деновиве со голден, знам дека се ефтинки тие ама па и добар бил,супер коминација. Инаку веројатно е проблем до овие што се како пекалца со тврда четка се суши прилично брзо, јас имав од Авон, јас беве средно задоволна, ама другарка моја ич не беше за 3 недели сув тушот, па и да ставаш секој ден за 3 недели не треба да ти се исуши. Овој од She убаво ми остава ама само не десното око, на левото не и се гледа разликата се приметува. Полесни се овие со тврдо за ставање, ама па се сушат мнногу брзо Имев еден од карло ди рома, со меко четкиче, пери носи беше, година дена ми треаше топ и имаше уште ама се исуши, ама после година ај да не се усуши и ефтин беше 100 денари ама неможам да најдам деќе нема кај нас.
Јас сум ретко створење што поубаво нанесува туш со мека четка, отколку со тврда. Се чувствувам ко кретенче, жими мама. Нема логика. Значи ги имам овие два: Тушов на Голден Роуз има преубава мека четка, ама составот на самата течност ми е бледуњав и се брише по некое време од око, т.е. избледува. И овој на Класикс (братучетка на Голден Роуз патем) со тврда четка која маневрирана во моите раце делува ко да држам шајка, ама затоа течноста ми е поубава, поцрна, има дефинитивно поубав сјај и подолго трае од брачедана Златна Ружа. Па така, со меката четка на Ружа си брцам во Класичната течност. Тоа е засега.
Трендафилке, ептен се пронаоѓам во првата реченица. И си се „тешам“ на некој начин дека сум си вешта во раката, дека нели обично туш со тврдо четкиче им се препорачува на почетници додека да ги увежбаат потезите. Глупости или не, това је това. Јас засега си останувам верна на Голден Роуз, мене не ми се брише така лесно сам од себе, зашто си ставам на окото од таа базата за сенка на Есенс, па добро е, а може да си пробате и со обична камена пудра; се натапкува на капакот и немаш гајле.
И јас го користам тушот на Golden Rose како на Trendafilka. До сега не сум имала туш со тврда четка и првпат кога купив купив со мека четка. Јас колку толку знам да ставам туш а посебно убаво ми испаѓа кога ставам на левото око со левата рака (левак сум иначе ) а десното потешко и никогаш не ми е потполно исто нанесен тушот на левото и десното..
јас си го купив од голден роуз ист е како втората слика на трендафилка само црн е и убав е убаво става