Јас бев таа што го фалеше тушот за очи на Есенс од ДМ маркет . И си стојам се'уште на зборот, супер е, го препорачувам. Значи не е од оние што по некое време откако ќе ги нанесеш избледуваат и се познава некоја нијанса на сива линија, туку фино лепо си стои долг временски период. Пошто мојот веќе поранешен туш ми се потроши, мислев да земам еден од Голден Роуз, по препорака од форумов, ама ми фати око овој и викам ај да го пробам. И не згрешив во изборот, дефинитивно. Еве за кој станува збор. Се наоѓа на првите полици со козметика, лево. 195 денари.
Имам ваков само во црвено пакување. Убав е прекрасен. И четкичката е убава. Имам и од Авон светкав бел, но не се суши брзо треба едно 5 минути а не одма, па така поретко го користам.
Тој се тврда чека е 350, а со мека е 250. И двата се убави, иаку мислам дека подобар е тој со меката четка, некако тие поубаво ми ставаат и поубаво се цртаат линиите. Па и поветин е Не дека тој со твдрата не е убав ама лично мене повеќе ми се доапаѓаат тие со мека четка.
Ми се потроши овој, купив ваков. Кога првиот пат отидов да купувам туш побарав од Golden Rose, ми го дадоа првиов од Classics и ми рекоа дека се исти. Сега побарав од Classics и ми дадоа од Golden Rose и ми рекоа дека се исти. Е знаете што? Не се! Вториов има многу полигава структура, многу е течен, дури мислам и дека четкичката е поинаква. Ставам со четкичката од Classics и малку е подобро. Ах, таман помислив дека мојата сага со тушовите заврши, а се излажав...
Конечно и јас си купив туш. Бев во голден роуз и прво ми го понудија нивниот а потоа и од класкс. И баш затоа што ве имам читано и кажувате дека од класикс е подобар го земав него а и поевтин е, само 80 ден Преска го пробав, не знам баш убаво да ставам но ке се научам, сепак немам до сега користено. Сега за сега е добар
Женски,ај препорачајте ми некој добар туш за очи,ама да не биде многу скап затоа што ќе ставам само неколку пати од него
Го имам користено тушот со слаба четка на Golden Rose и не бев задоволна,потоа го користев и нивниот dipliner,и од него не бев задоволна,се размачкуваше и се бришеше брзо време по нанесувањето. Се додека не го пробав тушот на Gosh..Предобар е.
^ Или уште поевтино, а и подобро ти е да го земеш на Класикс, што исто го има во продавниците на голден роуз и е 80 ден.!
Јас имам туш од Севентин, и сум презадоволна. Се шминкам во 7 часот наутро и шминката т.е тушот си останува во истата состојба во вечерта до 7. Воопшто не се размачкува, само треба да се внимава при отворањето, да не си ги испрскате алиштата, зошто не излегува( ова како жална вест). Мислам дека го купив 250 денари ама за парите вреди премногу
http://www.manhattan.de/en/products/eye ... /42073529/ Ве молам за мислење ако сте го користеле овој гел туш, сакам да го земам, ама уште се мислам, па ми треба ваше мислење и искуство
Ако имате широки очи како на сликата, би требало со помош на шминка визуелно да ги стеснете па потоа да ги истакнете. Сликата која е постирана ја "нацртав" онака како би требало да ставате туш (2/3 од должината на окото), само што пожелно е да ставите црн (темен) креон на долниот внатрешен дел од окото. За вечерни излегувања можете само да го продолжите "опавчето" и истата постапка да ја направите со долниот капак, да исцртате 2/3 слаба линија. Се надевам ви помогнав на сите кои имате потреба од ваква шминка.
Јас годинава прв пат почнав да користам туш,мислам летово де.Отсекогаш сум мислела дека не одговара туш на моите коси очи,но не било толку грдо.Јас задоволна сум си од таквиот изглед.Само треба прецизно да си го нанесам,а тоа кај мене е реткос,морат да се исшлакам Ќе научам со тек на време де Сега моментално го имам овој и ми е убав,а посебно четчето. Е сега друго ме интересира на ваков тип очи каков вид нанесување на туш стои или пак воопшто никаков не стои :
^^ стои и тоа како. А како почетник земи си туш со тврдо четче,попрецизно ќе биде нанесувањето А колку пари е овај на Есенс ?
Порано ич ама ич неможев да си ставам цела се правев лом во очите сега полека полека почнувам убаво да си ставам туш
Денеска го земав овај тушов на Mејбилин,како пенкалце е,многу убаво се нанесува,четкичката е многу тенка и ептен прецизно се нанесува. Mногу ми се допага како за прв пат,јас многу сум "несмасна" кога ставам туш,но со овај се нанесува перфектно,само се надевам дека нема да се исуши за брзо *Aко не можете да ја видите сликата,се вика Master Precise