Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туш за очи

Дискусија во 'Лице' започната од Zaljubena111, 27 март 2011.

  1. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Само на горниот капак.
    Како првата слика
    [​IMG]
     
  2. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Не би требало тоа да се случува. Да не ти дошло во контакт со окото?

    Обиди се уште еднаш и ако повторно ти се случи, не е препорачливо да го користиш. Односно, немој да го користиш. Не ти одговара некоја од состојките.
    За да не купуваш, ако имаш другарка која користи различен туш за очи, обиди се со ејзиниот. Ако ја немаш таа реакција до овој туш е проблемот.
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    ^ Па, не е препорачливо ни тоа да користите четкичка од туш, маскара, па дури и моливчиња, четки, апликатори кои веќе ги користел некој друг.
    Класикс или Голден Роуз секоја од нас може да си дозволи, а и цените се повеќе од приступачни.
    Не ескпериментирајте, посебно не со тестирање козметика од другарки.
    Не зборам колку да се најдам на муабет - сум искусила. :)
    А како што окото е еден од најнежните делови од лицето, подобро немојте такви играчки.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Веднаш отидов на оние поскапите и со оглед на тоа што повеќето се поскапи, затоа препорачав на тој начин. Но сепак си во право. И да купи од оние од Golden Rose, секако се прилично достапни и квалитетни. :)
     
  5. srcula

    srcula Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    48
    Би можеле ли да ми препорачате туш во форма на пенкалце кој нема да се суши брзо? :)
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    4.836
    Пол:
    Женски
    Од Авон има таков.
    Инаку јас користам од Голден Роуз, со тенка четкичка убаво ми се нанесува.
    А имав еден од Шутка 100 денари, две години ми траеше и супер беше, се изненадив. :lol:
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кој туш е подобар? Тој со мека четка или тој како фломастер?

    Јас мислев дека е тој како фломастер, ама поискусните велат дека со четка било полесно и поубаво се нанесува. :?:
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Најлесно се нанесува туш ако е во вид на фломастер, зашто нели - го држите како моливче и нема гајле.
    Мене лично не ми се допаѓаат ваквите видови туш, пре би одбрала некој со мека четкичка. Треба некое време додека се навикне раката на потезите, ама не е никаква страшна филозофија.
    Важна е и четкичката, обликот и дебелината (ако станува збор за мека), зашто пресиромашните четкички од три влакна неретко се покомплицирани за ракување зашто четката „бега“. :D
    Мој предлог е да си земеш туш со тврда четкичка - моите досегашни искуства со оние во вид на фломастер беа прилично неславни и многу побрзо ми се сушеа, што секако не е случај со оние спакувани во тубичка со четка. :)
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macefeminka

    macefeminka Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    7
  10. temjanuskaaa

    temjanuskaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    773
    Туш користам и тоа мноогу долго време...пред неколку год кога бев почетничка со ракувањето со четкичката ми беше малце тешко и побавно ми одеше шминкањето ама откако се навикнав за 2мин сум правела 2 екстра прецизни линии на очите и сите ме прашуваа како можело толку прецизно да се шминкам( да не се фалам :P )... иначе тоа не е филозофија битно е да се извежбаш после како песна ќе ти оди значи дефинитивно мека четка е подобра поради тоа што тие што се како фломастер дека се посуви и побледо црни со нив ако повториш врз линијата што претходно си ја нанела за да ја здебелиш,направиш поцрна или пак да ја исправиш ако си накривила некаде не е баш возможно зашто претходната линија некако ти се брише или бледнее и не ми се допаѓа...сестра ми си беше зела еден од орифлејм како фломастер и така и остана таа го проба еднаш и јас и го земав чисто да го пробам да направам споредба и така ни стоеше еден период недопрен и го фрливме не го биваше затоа од искуство ти зборувам за што биднува со тврдата четка...а со мека четка ем добиваш далеку поцрна нијанса ем ако накривиш линија можеш да ја управиш работата се додека не добиеш таков изглед каков што сакаш...јас моментално го имам тој од голден роуз со златна капачка еве ваков [​IMG]
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Мишела дали си пробала со тие тушеви како фломастери да им го притиснеш сунгерчето на косо за да пуштат боја? Затоа што не се сушат толку брзо како што мислиш, сепак незнам за која марка зборуваш, но јас го користам на Менхетн со јапонско мастило ајлајнерот (неможам да најдам слика) и кога го купував баш ми го напоменаа тоа. Дека ако не пута боја треба само да се искриви четкичката на косо и нежно да се притисне за да потече мастилото, да не мислам дека се исушило. Така да... пробај :)
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Долготраен е стварно, мене ми се случи да заспијам со едното око не избришано, сабајлето уште имав туш.
    Смешки бев коа станав ми се изнасмеа.
    Со влажни марамици или со памучиња и млеко за вадење шминка,
    Можеш и крем за лице обичен малку да ставиш на влажна марамица, излегува брзо.
    Незнам сите го фалат овој на Голен и класикот, јас имам два од Гош и немам замерка никаква за долготрајност и нанесување. Само разликата во цената не е мала.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.342
    Пол:
    Женски
    Јас имав искуство со неколку - црн и зелен и двата беа од Орифлејм - мислам дека знаете за кои зборам.
    Имав и Ревлон колорстеј туш-фломастерче и го поставував различно четкичето и косо под повеќе агли, ама ефектот беше ист - по некое време се исуши, а обично тушевите во шишенце ми траеле повеќе.
    Можеби има удел и фирмата, ете Орифлејм не е баш нешто на којзне колку високо ниво, ама Ревлон ме разочара.
    Моето искуство со нив беше ова, па им откажав дружба на некое време.
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    [​IMG]

    Овој е добар.
    Цената му е малку така, какви што се на Bourjois ама вреди.
    Лесно се нанесува, нема потреба 10 пати да поминеш за да направиш дебелина каква што сакаш. :)
     
  15. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.671
    Допаѓања:
    6.542
    Пол:
    Женски
    [​IMG] Јас од овој туш сум ептен задоволна, лесно и прецизно се нанесува. Вака изгледа мало ама мене ми траеше ептен долго.
     
  16. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480
    Јас го користам овој, супер ми е иако јас не знам баш исто да го нанесам на двете очи :lol:
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Се мислам каков туш да купам.Дали оној како фломастер или пак гел туш (на есенс и двата )? Што мислите кој е полесен за нанесување,потраен и не се суши брзо?
     
  18. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Еј земав еден на Авон како фломастер што е, жива катастрофа. Ќе стиснеш и на пола капак е нацртано, на пола е бледа сива линија.
     
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Тој како фломастер не сум го пробала,ама за гел ајлајнерот ти гарантирам дека е потраен !
    Значи мене 6 саати не ми мрдна од место,и после едвај со влажна марамица го извадив.Мало е паковањето ама многу споро се троши.
    Според мене земи го гелот,нема да згрешиш :)
     
    На AnimalLover му/ѝ се допаѓа ова.
  20. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Ваквиот мене одма ми се исуши, а не го користев кознае колку..
    2-3 недели и го немав веќе
    |(

    Моментално користам ваков, иако следново купување се мислам да сменам и да земам со тврда четка. А за квалитет нема збор, преубав е! Иако му е мека четкичката лесно се нанесува и трае. Јас се шминкам наутро и до вечерта сеуште имам шминка. А и ефтин многу е :)
    [​IMG]