Немаше од мојот омилен туш на Есенс со мека четка па така завршив со ова џамбо туш фломастерче. Морам да признаам дека бев скептична, сум слушнала дека не се премногу добри општо фломастериве (од секој бренд), и не оставаат интензивна боја. Овој туш е предобар. Нанесувањето е прелесно и прецизно, и остана интензивна црна линија со две последователни нанесувања, која не се брише воопшто лесно. 195 ден. и топло го препорачувам за оние кои мака мачат со нанесување туш со четка.
^ Зависи колку си вешта во нанесувањето со четка. Трендафилка прекрасно напишала - фломастерчето е одлично за оние кои имаат тешкотии во ракувањето со четкичките, така да, ако се пронаоѓаш во оваа „група“, земи си го Есенс, ако не - Голден Роуз ќе ти заврши работа.
Jас го земав на Голден Росе после толку читања и фалења и ок убаво се нанесува ама не дај боже да се испотиш или да се насмееш до солзи значи остана од тебе ова Затоа почесто ставам црно моливче него туш, неможам да си најдам идеален.
Мене тој на голден роуз со тврда четка воопшто не ми се допаѓа.Ептен бледо е,ако нанесуваш со таа четка.100 пати да поминеш за црна да добиеш. Ама јас си го ставам со четката од тој со мека четка што е од голден роуз,и добар ми е Така да би ти го препорачала овој од Есенс
Ме изнaсмеа со сликава Препорака, Гош и тоа не тој со тврда чека туку овој со мека Maлку е поскап ама со причина, не се размачкува Од 300 до 350 денари беше,но веќе година дена го имам отвoрено не се исушил. Имав еден на карло ди рома, ист како овој на гош беше само дупло поевтин, штета ги нема веќе кај нас.
^ Се согласувам потполно за тушевите на Гош, феноменални се. Со нив нема грешка во никој случај. Јас го имам овој Спојлер и одличен е. Веќе сигурно има година дена како го користам и се` уште пушта длабока црна боја како вчера да е купен. За трајноста - стои колку ќе го оставиш, мислам дека да не го избришам и два дена ќе ми стои Брзо се суши на око и не се размачкува, а останува црн, не бледее. Ми се чини дека има ист ваков туш на Гош и со мека четка (овој е со тврда), ама некако јас сум си замислила дека нема да знам да го нанесам На цената не се сеќавам, одамна е купен, ама мислам беше околу 350 денари. Само ќе кажам - вреди за секој денар :up: Следниот туш што ќе го купам дефинитивно ќе биде пак на Гош, никогаш нема да ги сменам кога се работи за туш. Е сега дали ќе го земам истиов или ќе пробам некој друг, не знам. Можеби ќе го пробам црниот од овие Хипстер што ги ставила, сигурна сум дека се одлични
Како така? Јас пак немам проблем. Бербат ме стори дожд и уште си стои. На кој дел го нанесуваш? И јас ставав моливче но ми се отцртува и на горниот дел. Башка, туш најчесто оди на очниот капак, а под окото се нанесува моливче
Го имав тушов од порано купено ама не го имав многу користено, само неколку пати и плус неколку пати за низ дома . Дури сега сфаќам дека не би толку лош Спојлер Спојлер Јас пробав да го нанесам како на првата слика и плус малку црн туш
Јас го имам на Есенс гел тушот и четкичката за него наменета(посебно се продава) и супер ми е..Лесно се нанесува и не дава баш така нападен изглед како течниот туш,онака супер е за секој ден.Е сега зависи и во тоа колку си вешт да го нанесеш..,некој може да нанесе течен,а гел не така да,секој си знае што највеќе му одговара..
For fun си купив таков црн со светки, малечко шишенце, се нанесува со четкичка. Вешта сум во нанесување туш со четкичка и не ми е проблем. Си мислев брзо да не се исцица дека ептен мало шишенцето, а често го користам, ама еве 5 месеци како ме служи.
Дненес си зедов туш од Малена ,многу бил квалитетен ,продавачот ми го изнафали ,па ќе пробам и ќе ви кажам каков е.
јас имам од орифлејм многу е убав како фломастер е и многу добро се нанестува плус и евтино го земав до 150 беше
Го користам овој gel eyeliner на Essence и четката што е наменета за него,лесно се нанесува,долготраен по цел ден,а лесно се отстранува со некое млеко за шминка а може дури и со влажно марамче,ми се допаѓа и тоа што не е многу нападен за разлика од течните ми делува многу по природно.Сосема сум задоволна од овој производ на Essence.