Јас пак имам спротивно искуство - се сложувам дека е полесен за користење од обичен туш, можеби и попрецизен, но не сум многу задоволна. Бојата не е многу силна (иако земав strong black) и е премногу водест и редок, па треба повеќе пати да се нанесе. Барем мене така ми се погоди, можеби вие имате друго искуство, гледам тебе ок ти бил
Нешто што не би го препорачала е тушот на Gosh, како фломастерче. Еве, за ова зборувам: 1. Скроз не вреди за парите, ова како прво и најбитно. 2. Ме разочара од прва, го купив без да го пробам претходно - со надеж дека ќе биде добар, ама не е во никој случај добра инвестиција, си ги сакам парите назад!!!!!!!!! 3. Најлесно бришлив и најмалце долготраен туш за очи што некогаш го имам користено е. Значи, кога ќе сумирам добивам сива наместо црна линија, додека после пола саат максимум немам ни Т од туш на мене..
Пак јас. Морам да напишам дека конечно си го најдов совршениот туш за очи, после долг период испробување на разно - разни тушеви, де пенкалца, де со тенка/дебела четкичка или што ти знам јас какви... После трагичното искуство со тушот на Gosh од погоре, го порачав од Авон овој: За некои си 270 денари добив перфектен туш. Трае цел ден, пушта доволно црно и не е воопшто водест. Што значи вреди за секој денар. Го препорачувам, а мене од што ми е мерак дури и за по дома се мачкосувам со него.
^ Анабелке, јас тогаш мора да сум добила некој фаличен, бидејќи мојот од Авон беше се што ти опиша погоре за тушот од Гош. Црно едвај испушташе, дури и 3 пати ја поминував линијата и не го добивав посаканиот ефект. И не смееш да се чепнеш за очи бидејќи се бришеше мноогу лесно а требаше да биде долготраен. За тушов изгледа на кој како ќе му се погоди, еве мојот беше за нигде, а твојот супер.
Јас од тушов сум презадоволна, го користам со години. Лесно се нанесува, интензивна боја, долготраен, не се размачкува, пристојна цена, некои си 320-350 денари.. Каков и да пробам, на овој секогаш се враќам.
Јас завчера си купив ваков: До сеа сум била само 2 саати со него нашминкана(се учам уште де),ама ми изгледа добар.Интензивно црна пушта,што е најбитно. 100 денари.
Од Авон ми е прекрасен extralasting тушот, сега си нарачав еден од colortrend исто од Авон, па ќе видиме
Значи вака.....во понеделник ми е полуматура и сакам да си ставам туш,моливче,римел и сјај и се ок тоа али проблемот е што до сега не сум ставам туш и не сум имала туш!Бидејќи сум почетник можели да ми препорачатре некој лено коритив,добар,многу црн туш и ако може и видео како се нанесува туш фала многу
http://www.youtube.com/watch?v=oDcXaZMQpV0 Штом си почетник, купи си туш со тврда четкичка или пак од оние како фломастерчиња. Разлистај ги страниците наназад, ќе видиш кој туш е најпрепорачуван, а јас би ти ги посочила Есенс или Голден Роуз, без разлика дали ќе се одлучиш за верзиите со четкичка или фломастерчињата.
Фала многуу..добро ќе го проучам видеово А иначе да читав неколку страници и сигурна сум дека ќе биде со тврдо четкиче а дали Есенс или Голден Роуз незнам знам дека Г.Р. е 80 барем колку што видов во една продавница а Есенс колку е?Баш и не сум при пари со полуатурава а и кое повеќе ќе ми го препорачува продавачката тоа ! Па отако ќе се научам да користам ќ видам кое ми е најубаво.Во секој случај фалаа и ако знаеш колку пари е на Есенс пиши
Јас сум пријатно изненадена од Тушот на импала од овој и од тој како фломастер многу убава боја и многу прецизен.
Истиот проблем го имам и јас. Убаво ми стои туш ама незнам сама да си ставам, а и сеуште си немам купено. Како што читам во претходните постови на некои феминки препорачуваат дека полесно е со туш како фломастер, па си велам таков ќе си земам.
Од Орифлејм имам ваков, задоволна сум. Ама неможам многу да нанесувам со тоа, и испадна да купиме ново. Ова го купивме, го искористив 3 пати и се исуши, сега нема скоро.. Неможе никако да се направи да има, или не е квалитетен значи?
јас користам на golden rose. и да, кога се брише се размачкува на лицето, и мене многу тешко ми се чисти
Бидејки не најдов таков како што си користев ,пред некој ден купив на seventeen водоотпорен и задоволна сум и леткичката е нешто измеѓу тврда и мека што посебно ми се допаѓа бидејки може и попрецизни линии и подебели да се прават , маана мислам дека е што има многу малку 1.8 мл ( на сликата помалото делче од тубичката е тушот , а поголемото четкичката) ,но сепак не се покајав бидејки воопшто не се размачкува дури и кога се бришеш Инаку цената е 384 ден во Космо