Се надевам дека низ Космо го има овој. Мојот туш е при крај, а сега сакам да пробам нешто ново. Критики, цена? Ми изгледа интересен, со стабилна четка како фломастерче. Се надевам солиден е, МФ имаат доста добри производи.
Мишелке, ако сакаш да пробаш нешто ново, а под претпоставка дека веќе не си го пробала јас ти го препорачувам Gosh Eye Liner Pen Спојлер Тушов има дебело четче, значи ептен лесно се нанесува, буквално во еден потег (или па може јас сум премногу испраксирана ). Шала на страна, ептен лесно се исцртува окото. Интензивна црна боја има и трае буквално со години Мојов го имам година ипол, може и повеќе (одамна го имам земено) и уште е полн, мука нема. Добро, јас не го користам секојдневно, туку за викенди, излегувања и слично, ама муабетот ми е, иако е мал, ќе ти трае доста. Во Космо го имам земено некои 400-тина денари, ама се покажа одличен. Стои цела вечер без проблем, не се размачкува ни кога ќе се заборавиш дека имаш туш и ќе си го почешкаш окото (што јас секогаш го правам ), а се вади многу лесно, дури и само со влажни марамици или со памукче натопено со млака вода. Мојов е доста стар сега кога ќе размислам, може време е да го фрлам, ама дефинитивно пак ќе си го купам истиот. Има и друг еден исто на Гош, во повисока тубичка (или како и да се вика) и со потенко четче, ама јас со тенка четка не сум пробала и не знам како би се снашла Овој ми е лесен за нанесување и ептен прецизен, така што не го менувам
Јас ја владеам и тенката и дебелата четкичка, ама ете овој од МФ ми се виде доста симпатичен. На ум ми се неколку, ми се допаѓа и овој на Гош и навистина не знам за кој ќе се одлучам. Имам време за размислување, демек којзнае од колкава важност е прашањево, ама во лето поретко ставам туш, хит ми се моливчињата во боја. Ма што ми требаше да прашам, сега цела вечер ќе ми се мота овој на Гош, уф.
Пишав еднаш во темава за овој туш, но тогаш ми беше нов и не ми беше убаво истестиран . Ми се допаѓа што е многу прецизен и лесен за нанесување. Но не ми се допаѓа бојата која ја остава премногу е бледа и сивкаста, треба неколку пати да прецртам за да добијам црна боја, исто така не ми се допаѓа трајноста не е баш траен.
Јас го користам тушот на Сефора Супер е нема маана но би сакала некој друг да пробам, на пример ако може да ми кажете каков е на Буржуа,дали е добар?
Вчера го земав овој туш за очи како фломастер што е, сакав да земам нешто добро па и не го платив евтино околу 750 денари беше некоја феминка да го користела ?
Јас моментално имам ваков туш и сум многу задоволна не е скап мислам околу 150 денари е, а добар е и траен е доста. Ко ќе немам некој да ме шминка си ставам обавезно туш само, римелче и поздрав. Сакам да земам од тие што се во боја ама немам видено по парфимерииве (немам ни барано) ако има некоја од вас што користи туш во боја нека каже, баш се ефектни за летово.
јас го користам овој на голден роуз веќе 4-5 месеци и не е лош, си има убава црна боја и не ми се брише додека не го избришам, четката не е тврда како на фломастер ама прецизна сум
Конечно го купив од Golden Rose тушот со тврда четка. Прецизен е, остава преубава црна боја и конечно имам туш со црна боја на очите а не сивкаста . И плус ефтин е, 100 денари. Jaс го имам овој.
го користам тој на Менхетен, исто задоволна сум и од Gosh... не користам сенка за очи, ама туш обожавам !!
СТРОГО НЕ! Значи во кључни моменти ми се имат и размачкано и исчезнато! Особено губрево од есенс.. Предлог некој за добар туш? Макс Фактор и Артдеко слушам дека се добри... Само не Голден Роуз
Моментално го користам тушот на Артдеко тој како пенкалце што е, го земав околу 730 ден, презадоволна сум испушта преубава црна боја не се размачкува и многу е траен, повторно би го купила без размислување
Да не претерам ама туш за очи користам од 7 мо одделение и тоа СЕКОЈ ДЕН го навикнав веќе доброутро ми е го имам користено од авон тој како пенкало добар е не е лош ама брзо се троши/суши... Најдобра и најефтина варијанта е Chaterine Arley oколу 90-100 ден па и 110 некаде зависи не памтам точно АМА НАЈДОБАР МИ Е И ПО ПОЛА ГОДИНА МИ КОРИСТИ И повееќе...
Овај туш од Golden Rose го користам веќе подолго време и остава убава црна боја, перфектен е. А и за парите е супер