Според мене, мислам дека би одговарало, плус и ако имаш темен тен.Јас имам кафени очи и секогаш ставам кафена шминка и баш добро ми стое
Убаво стои и на светол тен. Кај кафените очи и не е толку битен тенот, а покрај црниот туш убаво стојат темнозелен и кафеав. Мене ми се допаѓа и виолетовиот како ми стои, оној гел-лајнерот на Есенс го имам. Дури на кафеаво око подобро стои кафеава маскара него ли црна, ама навикнати сме да се гледаме со црна најверојатно.
Имам два дома. Едниот ми е од Орифлејм и воопшто не сум задоволна, прво не е течен, второ бојата не е баш црна него како сивкаста ми делува и не стои многу, се размачкува. А, од вториот од Голден Роуз тој веќе една година ми трае и задоволна сум, но ете при крај ми е па деновиве треба да си купам нов
Јас имам оваков http://www.catherinearley.com/138-389-l ... pliner.jpg и сум најзодоволна од сите што сум ги користела до сега... Има интензивна црна боја, не се размачкува, го користам повеќе време ама изгледа веќе не го произведуваат бидејќи го нема по парфимериите, а и јас и другарка ми го баравме... И цената му е одлична- около 120 денари
Гел тушот Лореал со четкичка го купив пред некое време и мн сум задоволна,го користам кога имам појака шминка за излегување за викенди. Многу полесно се повлекува правилна линија со четкичката и подебела. Иначе го користам и Боржуа за секој ден ,мн ми се допаѓа, 560 денари е редовна цена, последниов пат го земав на акција за 400 денари со маскара заедно.
Го има во Golden Rose во ГТЦ, но квалитетот не е ист. Го користев пред 3-4 години и бев презадоволна, па кога го видов веднаш го купив, но бев премногу разочарана. Буквално е како вода, бледа линија, воопшто не трае и веднаш се разлева и размачкува.
funsunn и мене ми треба некој убав туш..јас си купив незнам колку пари беше битно беше помалку од 100..од рубин кармин го земав. Ама не купувај ке се заебеш..Четкичето е ептен тенко башка многу брзо се суши тушот во тубичето..Секогаш кога ставам никако да погодам убава линија и без да го намокрам четкичето со вода неможам да нанесам..а пак ако го намокрам се размачкува..дајте препорачајте некој убав туш по пристапна цена..
funsunn и Pufkaa236, Golden Rose туш за очи. Го има со тврда и мека четка во зависнот од тоа каква користите. Сум фрлила многу пари и на крај решението било многу поефтино - овој туш од кој сум прилично задоволна. Цената му е околу 100 ден. (+/- 10 или 20ден.) во зависност од тоа каде го купувате.
Женски имам прашање за вас во врска со црниот туш за очи на Артдеко. Го користам 1 месец првите 2-3 пати кога ставав ок ми се виде но сега како да се размачкува ,дали е од топлово ама и за навечер кога излегувам истото ми се случува. И кога ќе ставам потоа на окото на горната страна линии ми се прават ; не ми се смејте не се разбирам многу во тушеви , а овој го земав околу 740 ден не е баш ефтин и криво ќе ми биде ако не чини. На овие од космо им реков некое добро да ми дадат, тие ова ми го лупнаа..
Изгледа само јас не сум задоволна од тој на Голден роуз и Класик, во дискотека само што стана топло одма лом се направив, денски на сонце исто, во автобус исто... и покрај тоа што под него ставам прво сенка. Предлог за некој што можам да го ставам без страв дека ќе бидам панда?
^ И за сите оние кои имате проблем со растекувањето, неинтензивноста и сушењето на козметиката. Конкретно на темава (туш за очи), проверувајте го рокот на траење. Продавачите имаат обичај да ги разредуваат за навидум да изгледаат како уште да се добри. Така последниот туш на Golden Rose го купив без да го проверам и направив грешка. За разлика од претходниот, овој ја нема интензивноста на бојата и потешко се нанесува (засушен е). Не значи дека производот е лош туку дека можеби е отстојан, а не им се исплаќа на продавачиве да го фрлат па наместо тоа - камуфлираат.
Затоа си зимаш поефтино барем да не ти е криво после Или барем да имаш можност уште еден да купиш. Јасно е понекогаш дека сакаат да профитираат или ептен не се разбираат. Затоа многу пати си ги губат потрошувачите. Уште на лице место кога ќе купуваш - проверувај го. Секогаш кога ќе купам нешто (од било каде), го плаќам (за да не ми мрчат продавачкиве) и веднаш на лице место го проверувам, па ако му недостига нешто и тие да видат. Аферим на оние кои дозволуваат и замена и на невидено ама такви се многу ретки. Вака што е сигурно - сигурно е. Башка и не можат да ти порекнат дека не е купен од тоа место, дека намерно сум го сменила или не знам веќе со какви ниски изговори не се служат што дури мака ми станало што воопшто сум купила нешто. А конкрето за размрчкувањето, да не си сменила подлога или пудра или евентуално да е од топло, како што веќе нагласи?