Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туш за очи

Дискусија во 'Лице' започната од Zaljubena111, 27 март 2011.

  1. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Моментално го користам овој на Maybelline кој има убава црна боја и убаво е што е заедно со четкичка, но забележав дека ми копира и црна линија на очниот капак.

    [​IMG]
     
  2. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Па јас туш не користам многу оддамна па досега само еден имам користено а тоа е Golden Rose и морам да признаам дека сум многу задоволна од него. Не му треба долго време за да се исуши па така не се ни размачкувам :) Според мене тушот е супер и ќе продолжам да го користам.
     
  3. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    го користев трипати по ред овој туш за очи на менхетен. Се покажа одличен зашто траеше по цел ден и свежо како штотуку да сум нанела. Меѓутоа пред некој ден стариот мислев дека ми е при крај па со шопингот во Космо тинекс си викам дај да си го земам да не идам после за еден туш само. Но од претходниот ставам ставам а бе уште немаше абер да се потроши. После некое време, кога го отворив новиот, уште пакувам и не отворен, малку ко да беше подзасушен. Сакам да ве замолам ако некоја знае што помага во овој случај? За засушена маскара имам прочитано дека помага да капнеш неколку капки млеко ама за туш?!!! И сега вчера го земав на Essence, оној со тенка четкичка, не сум имала прилика да го пробам сеуште, ќе видам каков ќе излезе па ќе ви пишам.
     

    Прикачени фајлови:

  4. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Има некој искуство со водоотпорен туш и да ми препорача некој убав?
    Зошто времево заладува а кога дува ладен ветар мене ми солзат очите и кога се бришам, па и внимателно, ми се размачкува "опашот" :worried:
     
  5. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Летово почнав со користење туш.Го користам за некои посебни прилики еве овој го користам :)
     

    Прикачени фајлови:

  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Jaс го земав вчера на Еssence, џамбо ајлајнерот, некои си 180 и нешто денари беше.
    Сега само што го пробав, и не сум нешто воодушевена од интензитетот на црно на што го пушта, а намерно го земав најцрниот, deep black. Е сега, не знам колку е издржлив, според критики што читав, прилично долго држи - што мене секако ми одговара, а и доста лесен е за исцртување. Значи едина маана му е интензитетот на бојата, али шо знам, може мојот па и таков се погодил, малце фалш.

    И дефинитивно кај мене не ја остава оваа нијанса на црно како на сликата.
    :D

    [​IMG]
     
  7. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    ^^ anabel-a јас го имам овој туш за очи, го земав во август месец кога имаше акција на розовата маскара + подарок туш за очи за 499 денари.

    Предобар е. Дава интензивна црна боја, не се размачкува, не се пресликува на очниот капак и трае цел ден (на него пишува 16ч, јас го тестирав 15ч и пред да го измијам лицето делуваше како штотуку нанесен)

    Препорачувам...

    [​IMG]
     
  8. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Јас го коментирав овој ајлајнер, некаде низ темиве (претпоставувам во таа за Есенс) само што се појави. Се залетав да го купам, и веднаш штом го пробав дома - се разочарав. Ниту мене не ми се погоди. :^)

    Ми делуваше премногу водест, воопшто немаше врска со бојата на сликата.
    После мене прочитав позитивни критики за истиов, па си реков дека мене само ми го утнале :^) :lol: :rofl:
     
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Дефинитивно ајлајнерот на Bourjois што го препорача Sweetheart87 погоре е прва лига. Го користев долго време и бев презадоволна ама во меѓувреме го најдов на Essence и го заменив.
    Едно што тој на Essence е три пати поевтин, друго што уште подобро исцртува и е подолготраен.
    Најсрдечно го препорачувам.

    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Која е цената на овој туш?
     
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Обожавам туш за очи и навистина ми прилега на очите, тој е најважен дел од мојата шминка, дури и пред пудрата и карминот бидејќи ептен ако немам време или потреба, нив се случува да ги изоставам, а тушот може само за до продавница да го изоставам. Тој е како дел од моите очи, чудни ми се без него. :D Овој го користам веќе речиси две години мислам и не би го менувала за ништо. Презадоволна сум, не се размачкува, се вади како корупка. Водоотпорен во права смисла на зборот.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_4078.jpg
      IMG_4078.jpg
      Големина на фајлот:
      139,8 KB
      Прегледи:
      676
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Го купив овој туш сега пред 2 недели и убаво се нанесува,ама нема ни В од ВОДООТПОРЕН :shake: Малце водичка и одма се размачкува. Не вреди баш многу,подобро ако земате од Есенс,земете си од другите тушови. А кажете од Golden Rose waterproof ако има некој купено,како сте задоволни.

    [​IMG]
     
  13. bbutterfly

    bbutterfly Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12




    од каде го купи овој на Есенс и колку пари?
     
  14. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    ^
    Овој туш на Есенс мислам дека го нема веќе во продажба.
     
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    bbutterfly летоска ми се падна во Еликсир списанието,а иначе го гледав во Комо имаше останато уште неколку мислам дека беше околу 260ден.
     
  16. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Која е цената на овој туш?[/quote

    Не ми е од тука. Немам заприметено дали го има кај нас. Инаку е 10$
     
  17. NakedTruth

    NakedTruth Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Омиленото нешто без кое не можам,убаво ги дефинира и истакнува очите ако знаеш правилно да го нанесиш,имам користено од орифлејм,голден роуз.... :P
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Во живот не сум ставила туш :D која трагеди комија ќе бидам додека ставам :lol: си зедов од малена, се надевам убаво ќе го нанесам.
     
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    По препорака на девојките од тука, го земав вчера тушот на Bourjois - за прв пат и го пробав, И НЕ ГО МЕНУВАМ ЗА НИТУ ЕДЕН ДРУГ! Ете колку сум задоволна, дури и капс лок употребив да ја искажам возбудата. :D

    Фантастичен! Ф-А-Н-Т-А-С-Т-И-Ч-Е-Н!
    [​IMG]
     
    На Sweetheart87, Sexybaby86 и senza.parole им се допаѓа ова.
  20. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    Колку е? И Каков е? со четкичка е така?
    Инаку јас морам да го искритикувам тушот на голден роус со тврда четкичка, јатастрофа жива, по ѓубре од туш јас немам видено :D Не шала на страна, никаков е, треба да повторувам два-три пати за да биде како што треба. И не само тоа - многу се размачкува. Отидоа 120 денари курбан :rofl: Па не за џабе рекле - Колку пари, толку музика. :emo: Ќе ве молам препорачајте ми стварно добар ЦРН туш кој не се размачкува и да е траен.