Gosh со тврдо четче, околу 360 ден е. Бидејќи ставам само за вечерно излегување, тушот ми стои неразмачкан цела вечер (освен малку на краевите на очите) а имам мн поблематични очи што секоја шминками се разлева. Со тој на голден роуз кога ќе се вратев дома ми беше пресликан на горниот капак . А го фалеа и тој пиши бриши на боржуа, пробав малку на рака ми се виде како издржлив туш. Е овој е поскап 450 ден е. Се надевам ти помогнав малку
Помагајте сеа женски. У сабота сум на роденден,и сеа сфатив дека немам туш(т.е имам од Есенс гел-лајнер ама не е црн,некоја сивкасто-кафеава боичка е). Дајте ми предлог што да купам,да остава интензивна црна боја и да не е многу скап. Е,да и по можност да е како пенкалце,или било како,но да е прецизен,бидејќи не сум некој мајстор. Се наВоѓа нешто такво?
Јас го имам овој и сум задоволна иако во принцип, не користам често туш за очи.... Маки мачев додека се научив да го нанесувам
Лично го немам пробано, ама продавачката рече дека бил убав. Малена како пенкалце, околу 150 ден е, го пробав на рака како црта, убава црна боја оставаше
Јас користам туш од Catherine Arley и сум многу задоволна. Не сум сигурна колку пари беше ама не е многу скап, со тврдо четче е и многу многу долго седи на очите. Дури некогаш ќе заспијам со туш и сабајлето е ист нечепнат еве слики како изгледа. http://www.dogalecza.com/images_buyuk/f ... 9051_1.jpg Само црн шо е. Неможев црн да најдам на слика
Јас денеска го земав овој на фреш минералс, намален беше од 370 на 260. убав е, многу е долготраен, треба да трзаш многу за да се избрише, многу тешко се брише, ама сакав да знам колку е тој на боржуа што го пофали анабелка?
Каде да го најдам Impala следниов туш Си го набавував од Куманово,ама веќе немам кој да ми го донесе?Некаде по Скопјево
Искрено многу се разочарав од еден туш од орифлејм. Си порачав црна боја, значи на сликата е црна ептен, мрак.. но кога го нанесам на окото е проклето сиво Користам само туш молив, тие ми се најлесни да ги нанесувам а и се добри за почетници.
Значи тушов го пробав синоќа првпат на очи, а ова што го имав претходоно напишано беше само на рака. Многу е долготраен, нема шанси да се избрише, минерален е, е тоа сите веројатно го знааете Ама највеќе што ми се свиѓа е тоа што кога ќе го ставам и кога ќе се засуши, и сакам да се избришам не се правам цела црна, туку како налепница е,поминувам со влажно мамарамче и како да се одлепува, не се рашлакува, многу лесно можеш да го избришеш. Мене ми е преубав.
Пудрите и тушот се преубави од фреш минералс,сенки,кармини и моливчиња не знам, а маскарата никаков ефект не дава , не издолжува,ни волумен ни ништо а скапичка е
Пробај го овој на L'oreal, малку е скапичок но навистина вреди за парите гледано според ефектот кој го дава. Многу е долготраен и издржлив на секакви временски услови, само на снежно време го немам испробано ама ќе биде кај и да е. Интензивна е бојата уште при првото поминување со четкичката и истата ја добиваш во кутивчето со тушот.
Од Космо, не се сеќавам точно колку, беше околу 900 денари. Мислам дека со клуб картичка пред неколку месеци ми фати околу 800 и нешто.
550 денари беше на попуст во Шатци во август го купив јас,тушот со четчето,а иначе редовна цена е 800,така барем ми кажаа тогаш.