Го земав овој туш за очин од Есте Лаудер заедно со сенка,маскара и несесер од Космо. Го имате ли користено?
Еее и јас сакав да прашам за овој само црна боја , и дали воопшто го има во Мк? Јас го користам моментално гел тушот на Есте Лаудер ама бидејќи е само 2 грама не би сакала да го истрошам брзо , скап е па барам поевтина варијанта , илин Рмел или на Гош
Бев во дм и космо, никаде го нема тушов на Римел, така да го земав на Гош, ист е како на Сефора секако и многу поевтин само се надевам да е и траен Морам да го пофалам уште еднаш тушов на Есте дека е прекрасен! Само мора да се штеди
Предлог виолетов туш? го купив гел тушот на есенс виолетовиот, супер си е, ама бојата не е толку јака како што барам, како сиво-виолетова е :/
Јас ако го нарачувам би го нарачала од ebay или amazon и ме интересира дали е убав,дан го купам па после да се покајам :р
Јас го имам користено виолетов на Сефора има интензивна боја и долго трае, но го нема во мк , единствено ако одиш до грција па да го побараш Исто ако порачуваш од нет, можеш да го порачаш на NYX виолетовиот туш, сите нивни производи се предобри и не се воопшто скапи За во мк незнам навистина дали постои некој со интензивна боја, имам барано и јас порано но немаше, освен овој на есенс незнам некој дуг
Golden Rose metallic dipliner, 120 денари е во Голден Роуз продавничките и доста е убав, интензивен е и има дискретни светки. Нешто посветол е од Есенс гел лајнерот - ги имам и двата, споредив. Не е некоја ептен драстична разлика, ама не знам дали заради светките мене ми изгледа нешто посимпатичен. Спојлер
Фала многу на двете, сепак секогаш се одлучувам за попрактична варијанта, не сум навикната да порачувам од нет, така што ќе си го пробам од Голден роуз, а и цената е добра
На сите кои се почетници во ставањето туш би им го препорачала Golden Rose Dipliner со тврдо четче. Воопшто не е скап, околу 100 денари е. Мене повеќе од пола ми си потроши во пробување додека се научив сега можам да си земам некој поскап кој нема да го потрошам како предходниов. Многу прецизно се нанесува и трае се додека не го одстраните од очите.
овој го купив последно, за 120 ден е сосема ок, има добра црна боја, не е блед како некои и е со тврда четкичка, па лесо се нанесува. Само мислам дека на повисока температура нема да издржи, али за сега е добар
Потврдувам за диплајнеров. Совршен е, не се троши брзо, не се прецртува на горниот дел од окото. За 100 денари и те како вреди. Од мене 10/10.
Препорачајте ми убав сребрен туш за очи,да не биде многу нападен и да го има во Македонија. Ви благодарам однапред девојки
^ Golden Rose metallic dipliner. Не е лош навистина, 120 денари се тушевите во боја на ГР, имам пишано малку поназад. Не знам кое бројче е, не ми е во близина, ама ќе го најдеш сигурно.
Не користам туш за очи од естетски причини.Имам ситно лице,а крупни очи и не изгледа добро кога ќе нанесам.Премногу ми се истакнати очите и се добива нападен изглед со туш.