Jaс не ставав туш,само креон на долните капаци.Сега убаво се навежбав,па почнав со оној на Есенс-Stays no matter what.Луѓе,по траен туш незнам дали ќе се најде. Пред некоја сабота,во 12 попладнето го ставив на очи,а го избришав вечерта во 00:40.Единствена мана му е што се копира горе на капаците. Како и да е,на темава сум за да ми препорачате туш како фломастер што трае но не се копира.До кај 300 денари.
На почетокот го избегнував тушот бидејќи секогаш кога нанесував се случуваше да ми избега раката и да се ичкртам или па никако не можев исто да ги потрефам и двете очи, но со тек на време, со малку вежба се научив супер да го нанесувам тушот во разни облици, дебелини, а за тоа заслужни се видеата на youtube кои многу ми помогнаа за усовршување на техниката. Инаку користам разни видови на тушеви, за излегување користам со дебела четкичка, а за во школо го користам тој што е како моливче затоа што многу лесно се нанесува, а исто така изгледа убаво.
Девојки предложете некој туш ама што не се копира на капаци, значи имам ужасно мрсни капаци. Ама и да не е многу скап- оскудација влада, парре су скупе
Овој е прееедобар 260тина денари е што е супер за козметика на гош,траен е многу,со вазелин го вадам и пак останува бледа линија на капакот :up: Само единствено што ме нервира е што со нанесувањето ми ги слепува клепките и после ништо не може да ги раздели.
Најдобар туш,сега незнам колку сакаш да дадеш пари ама овој е околу 500 ден а цел ден стои и не се копира и јас имам исто мрсни капаци како и ти
^ Не би го купила пак овој. Има многу тенка четкичка, треба по неколку пати да ја зголемувам линијата за да ми испадне како што сакам.
Мала шега Спојлер TRYING TO PUT ON EYELINER The first eye: The second eye: Кога сум веќе тука - при крај ми е тушот (Golden Rose тврда четкичка), па сега се мислев дали да си купам ист таков туш, или нешто вакво Никогаш немам користено ваков, а имам убава четкичка, ама не знам дали ќе се снајдам Any advice?
Ако мислиш на тоа дали да купиш гел туш,колку што сфатив јас ќе речам да,пред да го земам гел тушот на Есенс се мислев,си викав дали ќе знам да го нанесувам.Се покажа супер,лесно ...многу едноставно се нанесува и мислам дека сега ми е подобар од течниот туш.Пробај,а ако прашуваш за овој туш,незнам каков е не сум го користела.
Девојки, имам еден проблем. Единствениот туш за очи кој ми се задржува и не ми се размачкува, е водоотпорниот туш со четкичка (не оној како пенкалце) на Misslyn, но каде и да отидов викаат дека веќе не го носат, дури и во Шатци од каде што го земав постојано. На Golden Rose пример многу го фалат, земав таков мене ми се размачкува. Немам споени капаци, но мрсни ми се и веројатно тоа е проблемот. Некој совет или пак да ми препорачате туш со слична текстура, од оние пластичните што се вадат како лента а не со бришење? Ми препорачаа еден во Шатци, ама кога го пробав и тој при мал допир се размачка.
Го користам тушот на гош и не се размачкува. И јас имам проблем со мрсни капаци. 350 до 380 денари е.
Јас го мијам со вода одма излегува, само овој туш е обичен не е како тие пластичните, но сепак не се размачкува или сосема малку, но нема шанси да ти се преслика цел како на пример тој од голден роуз.
Го користам тушот на гош и не се размачкува. И јас имам проблем со мрсни капаци. 350 до 380 денари е. [/quote] Фала многу, баш ќе го пробам, и мојов беше таа цена. А се вади исто на тој начин или нормално?[/quote] Јас го мијам со вода одма излегува, само овој туш е обичен не е како тие пластичните, но сепак не се размачкува или сосема малку, но нема шанси да ти се преслика цел како на пример тој од голден роуз.[/quote] Овој туш нс Гош е најдобар до сега што сум користела, ти го препорачувам
^ Јас сум ситничар и не сакам ич да се размачка, ми боде очи па затоа и користев пластичен. Но штом толку го фалите, ви верувам и ќе го пробам.
Јас го земав гел тушот на Менхетен.Добар е,не се размачкува иако јас имам мрсни капаци,траен е и е околу 350 ден како што памтам.Јас го нанесувам со четка за туш на Есенс.Ви го препорачувам.