Тушов го земав пред некое време и многу ми беше катастрофа претечен, вода со малку како црно така да воопшто не ми се допадна и си стоеше некои недела две, му дадов втора шанса да видам дали се средил и како друг туш да е прецизен дури само со една рака го ставан без да го држам капакот. Имам спуштени и масни капаци и не ми се пресликува али си користам скоро секогаш и база за сенка и сенка имам и супер ми е
Јас сега почнувам да се вежбам со шминкање, па ред недела-две си го купив тушот, добро е од прва се научив како да ставам, е сега ми треба усовршување. За 90 денари е супер, кој сака поефтин туш, а воедно траен, па и не се копира на капакот, ама не знам јас немам мрсни капаци, па може до тоа е. Инаку го земав по препорака на БлекМистери и добро се покажа. Ама не излегувам уште во јавност со него, засега само по дома го тестирам.
Интересна работа, искрено прв пат дознавам за вакво нешто. Значи четка од стар туш само си ја брцкаш а? И ова ќе трае бееее. Од каде го зема?
Есенс гел ајлајнер - многу добар. Ми го подари другарка, темно кафена нијанса е ама кога ќе се нанесе изгледа ко да е црн ама не толку јака боја што мене многу ми се допаѓа. Мислев дека многу е тешко да нанесеш ајлајнер од ваков тип ама се излажав. Со помош на четчкича за нанесување гел ајлајнер од Лореал со еден потег се нанесува и тоа многу по прецизно од класичен туш па дури и послено од оние што се како маркери. Текстурата е супер со едно брцкање во тегличката можеш комотно да нанесеш на цел капак линија, а одкако ќе нанесеш се суши одма и не се пресликува на капаците. Трајноста е сосема ок, досега сум го теситрала 8 саати и солидно се покажал. Ме интересира која цена е ако знае некој и каде би можела да го најдам.
^Овој туш колку што знам го укинаа од продажба, можеби ќе го вратат во поинакво пакување како што прават со некои производи но сепак не знам. Од ваков тип има и од Manhattan и L'oreal, за другиве фирми немам видено. Спојлер
Туш во боја ама да не е Голден Роуз и да не е над 300 денари? Видов на Артдеко ама 500 и нешто беше, премногу ми е тоа.
Ако не можеш со ваква четка тогаш купи си обична тенка,ваква ја има во Шатци обично ја нудат кога ќе го купуваш тушов.Јас долго време користам гел туш а не течен,веќе неколку години,многу по убаво и по природно изгледа. Многу лесно се нанесува,нека не те буни четката,дури и полесно од течен туш
Фала ти, баш ќе пробам. И онака сум сеуште во потрага бидејќи престанаа да ми го носат тушот од кој бев најзадоволна.
Имаш на Аура ,околу 270,300 ама ретко го наоѓам по парфимериите. За 370 ден предобар е на Seventeen,долго трае и убава црна линија остава.
Јас користам туш на Голден Роуз, ама ако веќе зимате ви препорачувам со цврста четкичка затоа што е многу полесно.Да ставам туш веќе ми е скојдневие.На почетокот ми беше малце потешко една линија подебела, друга потенка, па грешки па неможев да се направам ама ако ставаш секој ден веќе станува навика и многу е лесно и за брзо време се става
Одамна не сум била на форумов, а одамна сакам да го пофалам тушот за очи на L'oreal. Најпрво читав по форумов критики, затоа што стварно сакав да си купам добар туш за очи со којшто можам да си ги направам сите посакувани форми без да си го размачкам целото око како што е случај со оние тушеви со тенка четкичка. Се мислев долго време затоа што и не е баш евтин, чинам накај 535 денари го начекав во Космо и на крај реков што биде нека биде ќе го земам, башка имав читано и добри критики на него по интернет и на youtube. Пуштив срце и ги дадов тие пари. Луѓе верувајте сум пробала секакви тушеви ама на овој му нема рамен! Тушот е предобар. Не се размачкува, чинам дека е водоотпорен ама не сум сигурна не ме фаќајте за збор, со прст тешко се размачкува скоро и невозможно е, а рачунајте јас имам мрсна кожа и на лице и на очи, сум го пробала на секакви временски услови дожд, сонце, есктремна топлина, тушот не мрда и не остава црни траги на горниот дел од очниот капак како што е случај со другите тушеви. Буквално можам да го носам 24 часа и ништо нема да му биде. Има одлична гел структура, лесно се нанесува и со четкичката, можете да прави потенки и подебели линии нема потреба да купувате други четки, не се троши за брзо време, еве јас го имам веќе пет месеци, а не ми е ни до пола потрошен, а редовно го користам. Како и да е за тушов можам да пишувам до утре позитивни критики, ама верувајте ми девојки ако го земете нема да се покаете. И јас сум штедлива кога е во прашање козметика зашто сеуште сум тинејџерка, ама можам да кажам дека ова е една од најдобрите инвестиции во врска со козметика во мојот живот. Го препорачувам! Оценка: 10/10 Ценам: чинам дека беше 535 денари во Космо, ама не ме фаќајте за збор
Го имам тушот на MAC и сум презадоволна. За тие пари 300 денари вреди. Не се размачкува и стои долго време. Се суши веднаш.
Sensitive Fine Liner за мене најдобриот туш за очи. Не само што е најдобар,туку не содрши парабени и е посебно наменет за осетливи очи и за оние кои носат леќи. Структурата му е нешто како фломастер-апликатор не е многу ни тврд,ниту па премек -нешто измеѓу. ептен лесно се нанесува . Маана му е што е многу мал 1 ml и многу брзо се троши ако се нанесува секојдневно.
Препорачајте ми некој туш до 250 денари најмногу. Да не се копира и да не е со тенка четка, како овој на голден роус.