Јас бев на затворено, климатизирано, па не знам баш на сонце каков ќе биде. Но со оглед на тоа колку тешко се мие не би требало да се растекува. За отцртување не забележав, но и линијата ми беше толку тенка што немаше шанси за нешто такво Ќе го пробам утре на сонце, па и цел ден на мене, па ќе ти пишам подетални впечатоци.
јас користам туш на малена што се и добар ми е,и едвај си најдов затоа што од секаков туш ме печат очите
Го земав тушот на Гош со тврда четка, многу од овие што ги фалете кај нас ги нема. Се мислев мегу овој и на Буржоа, ама кога ја видов четката на Буржоа, го земав овој. Многу, значи ептен е прецизен и остава многу тенка линија како што сакав, ама во однос на трајноста па и не сум баш задоволна, дали не ја бев оцртала линијата како што треба . После 4 часа како да почна да избледува, дали кај сите е така или кај мене така се погодило незнам, инаку немам мрсни капаци. Баш читав дека многумина го фалевте. Дури Голден Роуз кој го имав за 90 денари, повеќе од 12 часа ми стоеше без да мрдне и тоа на влажно време, само чувствував дека ме печат очите од него понекогаш. Е сега кога ке одам за Ск планирам да го земам на Лореал, велите дека стои додека не се избрише, е сега ме буни четката, дали може со неа тенка линија да се исцрта, јас сум малце несмасна за туш кога се работи
Moже да се исцрта убава, тенка и прецизна линија. Четката е доволно мека за да може да се маневрира со неа како сакаш и умееш. Ќе се навикнеш на второто нанесување, на почеток ако до сега не си нанесувала туш со таква четка ќе ти биде чудно, ама не е ништо страшно, за брзо ќе ги совладаш потезите, немај гајле.
http://t1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... ESdBHXa-k1 ефтино а квалитетно Стварно сум задоволна од тушот, со оглед и на тоа дека сакам со мека четка јас
Го користела некоја? Ме интересира дали се отцртува на капаците и дали се размачкува, за четкичката не е проблем, се прилагодувам.
Да,може,полека нема да брзаш , на почеток може и да грешиш но ќе се навикнеш предобар е тушот , само кога ќе купуваш ќе го отвараш кутивчето и ќе си проверуваш во случај да немаш четка јас така се зезнав и потоа одвај четка за туш најдов
Тушов за секој ден ми е незаменлив затоа што не е скап а е преубав. Ептен ми се допаѓа четкичката, прецизна е, можеш лесно и потенка и подебела линија да исцрташ. Ептен е интензивен, многу убава боја дава, баш црна, за разлика од оној на менхетен Инаку баш е траен, не се оцртува на капаците, барем јас немам таков проблем. Водоотпорен е, ама лесен е за вадење. Би го купила пак, за тие пари нема подобар туш од овој
Потврдувам и јас за истиов туш и стварно за тие пари тешко дека нешто подобро ќе се најде. Течноста е убава и доста црна, долготраен е и не се размачкува, четката е прецизна ама има една маана, многу е тенка па ако сакате да повлечете некоја подебела линија од прва - мало морген Како и да е ништо страшно не е тоа, супер си е тушот, нема да згрешиш.
Женски предложете ми туш со тврдо четче, да не биде во стил пенкалце/фломастер, туку класичен туш.Водоотпорен да биде, силно црна боја и да не бледнее.Цената нека биде до 250, еве и 300 денари, повеќе не можам, во криза сум. Моментално користам туш на голден роуз со златно капаче, тврдо четче, и прецизно се исцртува,али за два/три часа почнува да бледнее бојата.
Фала жени за препоракава, го купив (мислам дека беше 195 денари, купував повеќе работи, така нешто ми кажаа за цена, во парфимерија во Прилеп). Ептен ми се бендисува, не се размачкува, лесен е за нанесување. Морам да кажам дека малку сомнително ми изгледаше четкичката на прв поглед (со оглед на тоа дека имам користено досега само четкички како од фломастери и не сум многу вешта со туш) ама оваа се покажа супер и за не многу вешт човек ко мене.
Не сум личност што многу се шминка, ама мислам дека добро би ми се нашол понекогаш за излегување. Имав купено еден од Farmasi, ама беше буквално како вода, со претенка четкичка и би требало најмалку 20 пати за да испадне добра црна боја. Денеска го порачав The One- Stylo од Орифлејм, ефтин беше. Го има некој користено, некоја критика, пофалба?
http://www.malenacosmetics.com.mk/image ... nliner.jpg здраво...какво мислење имате за овој туш, дали е добар според вас, дали е доволно црн и колку е цената отприлика?<3333
Ма ја си го користам оној од Голден Роуз класик, си го земав 100че од парфимерија ич гајле си немам И предобар е
Во принцип, не користам туш за очи, меѓутоа сакам да купам некој од Орифлејм за посебни прилики. Дали некоја има искуство со тушот за очи Oriflame beauty eye liner stylo и дали сте задоволни?