Има на импала ваков туш, сиво е шишенцето, 200 денари мислам дека беше. Јас го користам и задоволна сум.
Супер туш. Четката е добра, посебно за тие што не се вешти во нанесувањето, трајноста е исто така ок, се суши брзо и после не се размачкува. Јас го имам тушов некои 4 години веќе и уште пушта боја, така да ако ти е само за посебни прилики, ќе ти трае долго без да се исуши.
Девојки, што мислите за овој туш? Дали е траен? Наскоро сум на свадба и ми треба добар црн туш што ќе издржи цел ден За секој предлог сум ви благодарна.
Одличен е тушот на Гош! Правиш прекрасен избор со него, за цената е навистина одличен. Траен е, а сепак лесно се брише со средство за отстранување шминка. Со влажно марамче малку потешко. Само, не знам дали уште го има во Космо ? Нели наводно ги повлекуваа нивните производи.
Мојата нова љубов! Ме фати дождот и воопшто се немаше размачкано. Ми се допаѓа и што четкичката е потенка, па може лесно да нанесам на внатрешниот агол. Исто и бојата е баш интензивна црна. Цената е 210 ден. мислам
viviette се согласувам со мишела , нема подобар туш од овој на гош , јас лани го земав од дм во трговски околу 550 мислам беше..ама многу е траен , по цел ден стои
Хелоу девојки. Дојдов на оваа тема да го пофалам веќе новит туш за очи кој го купив пред неколку дена , денес го тестирав и можам да кажам дека е феноменален и вреди за секое денарче. Како прво станува збор за тушот од Catrice Ultra Fine Ink Eyeliner. Тушот поседува меко четче за нанесување, има средна густина и катран црна боја. Лесно се нанесува и трае еве веќе 10 часа на мене без да мрдне. Мн. е прецизен во неговата апликација. Се мие лесно доволно е само вода за да го отстрани. Ви го препорачувам.
Јас го имав овај туш и не сум задоволна, зошто кога се шминкав не доаѓаше до израз црна боја, како во каталогот. Уште го чувам и го користам за да си ставам од тушот на Голден Роуз, зошто во тој туш четчето многу е меко, а на овај е потврдо.
Моментално и јас овој го користам, ама не можам, иако е темен, многу се размачкува ко ќе ставам и многу време ми се губи, затоа сега пенкалце ќе си купам, разбрав од Гош дека биле убави па таков ќе барам, иначе и од Орифлејм ми вршеше добра работа,барем убаво и лесно се нанесуваше.
Јас досега најзадоволна сум од водоотпорниот на есенс, сум била и на дожд со него и на 40C и останал ист. Чини 200 ден. http://3.bp.blogspot.com/-RJ4NE5DN3ts/T4KhBoK9gbI/AAAAAAAAAaI/clVDBr4lOIU/s1600/DSCF5496.JPG
thanks видов понапред колку пари е. а гош сигурно имаше во дм или во космо да одам не се сеќавам? извини вака...