А да пробаш со мимоза? мала шала Blanca тој лине стилето од мејбилин гледам е многу фален на интернет, го опишуваат како еден од најдобрите ајлајнери ако не и најдобриот.. но кај нас мислам го нема
Ахам. Ма да не сум голем симпатизер на Голден Роуз, тушот им е доста фин. Инаку, ме бива за вакви работи т.е нанесување на шминка на попрецизен начин така што немам проблем со ставањето, само по себе ми е тоа бавно движење на раката. Инаку, сакам да ги правам очите подолги со тушот, а во определени случаеви округли со многу маскара.
Јас користам туш на Голден Росе со тенка четка, добар е ама ми здосади, па најверојатно ќе го сменам, ќе земам да пробам некој со тврда четкичка
И јас порано не бев сигурна во врска со употребата на туш, но решив да пробам. Го користам скоро секојдневно веќе 7-8 месеци и сум презадоволна од ефектот. Ми се допаѓа што можам да го користам и за дневна шминка, но се разбира во мноооогу мала количина, само на крајот од окото. Совршен е за постигнување на уреден, елегантен изглед. Не знам која марка е овој кој го користам, го купив околку 80 денари, само за проба, а еве уште ми трае и сум задоволна
Секојдневно користам туш...го користам веќе 3 години. Научена сум на различни начини да ставам туш, неопходен дел од шминкањето ми е!
Според мене ова е најдобриот туш кај нас. Има совршена четкичка. Особено за почетници е одличен. Супер се нанесува. Лесно и брзо. Останува долго и одличен е. Цената му е околу 500 денари, го има речиси во сите парфимерии. Го има овој во црно шишенце што е посјаен и го има во златно шишенце кој е помат. Пробајте го и ве уверувам дека нема да зажалите.
Јас не користам туш. Имам пробано многу одамна, во периодите кога експериментирав и тоа чисто бидејќи ми изгледаше убаво на други девојки. Ама ај што цела се исцапав и бев пострашна и од Џокер, па и кога ја усовршив тоа линијата вежбајќи пред огледало, сфатив дека тушот просто не е за моите очи Креон си користам јас.
Сакам туш и користам.Си ставам многуу тенка линија на очите и другаркиве се чудат како можам толку тенко и прецизно.Користам многу кратко време а доста професионална сум за ставење
Јас редовно го користам тушот. И да ви дадам еден совет: за оние кои користат туш со меко четче, а честопати се размачкуваат или линијата им миспаднува криво, ќе ве советувам да си купите туш со тврдо четче. Овој што јас го користам е со тврдо четче и преубаво се нанесува, без грешки. + водоотпорен е (за во базен не знам, но при плачење воопшто не се размачкува), но сепак лесно се брише со еден потег со влажна марамица. Јас го користам од Golden Rose и сум премногу задоволна.
И јас го имам, но многу важна улога има и формата на окото, на некои очи се нанесува поедноставно...тие ко затегнати што се.
прво го користев овој на Deborah ама не ми се допадна некако па се префрлив на овој од Bourjois и не го менувам за ништо
Користам од Голден роуз и со тврда и со мека четкичка и незаменливи ми се! Инаку земав еднаш од Авон и ништо не чини, по 5 минути ко некоја грда црна сенка да сум ставила така изгледа.
без туш јас не сум јас...ме научија сите и веке испраксирана сум, па им ставам на сите блиски коа сум расположена иначе ставам баш како овие на сликиве зашо некако ми изгледа како да ми ги зголемуваат очите, дека се мн мали моиве!