Ваков сличен со таква четкичка имаш во Орифлеим мене ми се допадна што е интензивен само незнам дали уште го има или му ја смениле амбалажата, провери си.
Околу 3 недели го користам тушот на Лореал, позитивно искуство. Лесно го нанесувам со четчето, долго ми трае. Експерт станав со нанесувањето
И јас овој го користам. ПОсле долго време барање на идеален туш пред месец дена го земав овој и стварно сум презадоволна. Во право си се станува експерт .
Колку пари е тушот ја сго користам на голден росе и сум презадоволна па да пробам и друг кога ке го истрошам овој
А каква база користите под него? Јас приметувам во последно време дека некогаш и кога имам ставено камена пудра ми се случува да ми се преслика малку, нешто што страшно ме нервира. Ќе треба да набавам база, очигледно камената не е доволна.
@Winter Lady тушот е 500 и нешто денари, веќе месец дена го користам, а изгледа како да не ми е почнат. @sesilija понекогаш ја ставам базата за очи од artdeco, али почесто без база.
Бубаче ништо конкретно не ми кажа, користиш база ама каква, од која фирма? Се мислам меѓу Артдеко и Авон, до душа не знам дали има понуда на некои други овде на нашиот пазар.
Фала ти Мачка, многу ми помогна. Таа од Есенс ја елиминирам од старт, не сакам такви амбалажи што не можат да се искористат до крај, е сега во потесен избор ми остануваат Менхетн и Артдеко, за Авон не ми се чека дали ќе ја има или ќе биде на попуст. Веројатно се тука некаде со цените?
И двете се добри. И двата ги имам не правам разлика. Па ти како сакаш. Артдеко е 380 денари мислам. И повеќе трае, мислам долго ќе го користиш Авон е мала грамажа, го зедов когаа излезе по симболична цена од 129 денари.
Се искористува оваа од Есенс до крај и тоа како. Јас два-три пати ја купувам, секогаш си ја имам во несесерот. Могу лесно се маневрира со четчето кога е при крај, мене баш ми се гледаа празните ѕидови од шишенцето кога ја потрошив. За тие пари е одлична, а според мене онаа на Артдеко е најдобра барем на нашиот пазар. Само што мора да се води многу голема грижа за одржувањето на кутивчето и смесата внатре, многу брзо знае да се исуши ако не се затвара добро, ако се остава отворена и капачето многу лесно пука ако многу го стегате. Или пак јас имам силен ракофат.