Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туш за очи

Дискусија во 'Лице' започната од Zaljubena111, 27 март 2011.

  1. viviette

    viviette Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од тушот на Manhatten. Долготраен е и не се размачкува. Дефинитивно препорачувам! :inlove: :)
    [​IMG]
     
    На Mina_Z и rainbowec им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.319
    Пол:
    Женски
    Женски,што мислите,син туш за очи на кафени очи одговара? Сакам да си купам ама па потоа да не не го користм и така да си седи? Што викате? Еве овој сакам да го земам
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На LaraSolare и rainbowec им се допаѓа ова.
  3. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    Jas imam sin tush,go poracav od Orifflame cisto onaka da vidam kakov e,ista nijansa kako ovoj ti sto sakas da go kupis.A inaku i jas imam kafeavi oci i mene mi se dopaga kako mi stoese,a i mislam deka bas najveke i stoi na kafeavi oci.
    Kupi go,mislam deka nema da zgresis. :)
     
    На kala21, rainbowec и koritsaki им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.319
    Пол:
    Женски

    Фала ти на мислењето @mirandaa тогаш ќе го земам, и јас мислам дека убаво ќе ми стои (y):)
     
    На mirandaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Heart *21*

    Heart *21* Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2015
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
  6. Katina007

    Katina007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Многу е добар тушов, мат, многу црн, го имам веќе два месеци ќе си го купам пак кога ќе го потрошам. :)
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Јас го користам Golden Rose веќе неколку години и сум задоволна .. Кој пробал знае :)) 247.jpg
     
    На BabyStyle, Mina_Z и Marmalade им се допаѓа ова.
  8. CocoLady

    CocoLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    159
    Девојки ај препорачајте некој добар мат туш во вид на пенкалце :)
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.570
    Допаѓања:
    106.319
    Пол:
    Женски
    Од тушот на гош нема подобар , само што тој што го користев беше со тенка четкичка во шишенце , баш провери во дм или космо дали ќе ги најдеш овој во вид на пенкало

    [​IMG]
     
    На CocoLady и rainbowec им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Плаво најмногу стои на кафеави очи и црна коса. Така да не се мисли земи си го.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Еве го и мојот омилен ајлајнер (flashing star) на Аlverd. Откако го купив просто се вљубив!!! :)
    еве ви кратка рецензија доколку сте заинтересирани да го пробате со слики од нанесувањето.



    [​IMG]

    Откако почнав да рецензирам разни природни и органски производи, добив навистина многу приватни пораки во кои ме прашувавте каква шминка користам, која шминка на пазарот е природна и не содржи нафтени деривати и силикони, а сепак модерна и убава. Во изминатиов период тестирав голем број на производи кои се природни и органски, а сепак трајни, убави и што е најважно сигурни за нашето лице и очи. Едвај чекам да ви ги презентирам сите.
    Во денешнава статија се одлучив да ви го презентирам мојот најомилен производ кога станува збор за шминката, односно ајлајнерот. За вас го одбрав ајлајнерот на Аlverde, а во продолжение ќе ви објаснам зошто.

    [​IMG]

    Ајде најнапред да го разгледаме составот на овој производ:

    Aqua, CI 77499, Sucrose*, Alcohol*, Mica, Glycerin, Calcium Aluminium Borosilicate, CI 77891, Simmondsia Chinensis (Seed Oil)*, Glycine Soja (Oil)*, Aloe Barbadensis (Leaf Extract), Prunus Amygdalus Dulcis (Seed Extract)*, Dehydroxanthan Gum, Silica, Tocopherol, Helianthus Annuus (Seed Oil), Ascorbyl Palmitate, Parfum**, Limonene**, Linalool**, Citral**, Citronellol**, Geraniol**.

    * ingredients from certified organic agriculture
    **natural essential oils

    Од самиот состав може да забележиме дека овој производ не содржи силикони ниту нафтени деривати кои доста често се наоѓаат во декоративната козметика (јупиииииии), туку во својот состав вклучува прекрасни масла како јојоба, сончогледово масло, потоа екстракти од алое вера и семка на сладок бадем, витамин Е и глицерин, а секаде каде што ќе видите една ѕвездичка, станува збор за состојка од органско потекло.

    [​IMG]

    Од оваа марка имаше вкупно три ајлајнери (или барем толку имаше кога бев јас во ДМ маркет), од кои два беа течни, а третиот беше гел ајлајнер. Лично го одбрав овој flashing star, затоа што многу нежно светка кога ќе се нанесе на очите. Ќе ги пробам и другите два со цел да ви направам споредба помеѓу трајноста, бојата и јачината. Според мене оној во гел беше најцрн, односно имаше најинтензивна црна боја, меѓутоа и овој е доволно црн со нежни светки.

    Внатрешноста на ајлајнерот е следнава

    [​IMG]

    Има тенка и мала четкичка која е навистина многу практична и прецизна, и без разлика на тоа што секојдневно го нанесувам четкичката воопшто не го промени составот, ниту пак почна да губи влакна или да се расчупкува, туку остана мазна како првиот ден кога го отворив овој ајлајнер. Овозможува исцртување дури и на тенка линија (иако јас сакам подебела линија за подраматичен изглед). Она што ми се допаѓа кај овој производ е што има убав нежен мирис и многу лесно се нанесува. Со оглед на тоа што постојано го користам и можеби веќе сум навикната веднаш и многу лесно да го нанесам на очите, ја прашав сестра ми (која исто така го користи) дали има проблем при нанесувањето, и таа ми потврди дека лесно се нанесува.

    [​IMG]

    Друга работа која сакам да ја напоменам, и според мене е многу важна, е фактот што овој ајлајнер е навистина многу траен. Верувајте ми, имам пробано навистина многу органски ајлајнери додека живеев во Рим, и тоа од најразлични марки, меѓутоа ретко кој имал ваква трајност како овој на Аlverde. Фасцинирана сум. Воопшто не се размачкува или брише на краевите од окото. Со цел да ви докажам дека навистина трае направив слики на истата шминка наутро во 10 часот и навечер во 21:30 мин. после цел ден поминат надвор со истата шминка. Верувајте ми кога се вратив дома, воопшто не ја поправив или допрев шминката, се сликав онака како што се вратив без никаква корекција.

    Еве го ајлајнерот кога го нанесов наутро во 10 часот



    [​IMG]

    и еве го истиот мејкап навечер во 21:30


    [​IMG]

    Ова го направив со цел да им докажам на девојките кои понекогаш мислат дека само традиционалната козметика е трајна, дека не е баш секогаш така. Еве станува збор за природен производ кој навистина долго трае. Верувајте ми воопшто не користам никаков фиксатор за шминка, ниту пак некоја специјална подлога (а да си бидам најискрена не се разбирам многу во тие работи). Ако ми верувате сенката која ја имам ја нанесов со прсти (во принцип сенката ја нанесувам со прстите затоа што така ми е најзгодно и најлесно), а ја користев палетата на Аlverde бр. 46

    [​IMG]

    [​IMG]

    Мојата оцена за овој производ е чиста 10-ка, и топло ви препорачувам да го пробате.
     
    На senza.parole, Giovanna и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.964
    која цена е ?
     
  13. maggy95

    maggy95 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.317
    Пол:
    Женски
    Feminki ajde malce pomose,koj e najdobar tus sho ne se mrda od oci,se mislev za toj na Gosh pa ajde spodelete i vie
     
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    @maggy95 За овие два потпишувам со две раце. Едниот е со тенка, другиот со дебела четка. 195 ден. се.
    [​IMG]
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maggy95

    maggy95 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.317
    Пол:
    Женски
    Bas go imav ovoj vtoriov i voopsto ne mi bese dobar,ama sepak ti blagodaram :)
     
  16. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    72.658
    Пол:
    Женски
    Нешто најдоброто што сум го користела и го користам веќе 5-6 месеци. Лесно се нанесува, има убава интензивна црна боја, тра 7-8 часа без проблем. [​IMG]
     
    На Lina2031 и ivancekitty им се допаѓа ова.
  17. maggy95

    maggy95 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.317
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam so tebe bidejki go imam tusov,ama sakav tecen,se mislam toj na gosh dali mozebi go imas probano?
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.949
    Допаѓања:
    81.260
    Пол:
    Женски
    Мене убедливо најдобар туш ми е оној на Misslyn со полутврда и дебела четкичка.
    Ниту Gosh, ниту гел-лајнерот на L'Oreal не му е рамен.Чини 400 денари, формулата е прекрасна - интензивен, мат, долготраен, водоотпорен, не се разлева или брише и трае додека не го избришеш сама.
    После толку многу купени тушеви за очи од различни брендови, овој е мојот совршен и не планирам да го сменам додека го има во продажба.
    [​IMG]
     
    На Edie.S, ivancekitty и maggy95 им се допаѓа ова.
  19. maggy95

    maggy95 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.317
    Пол:
    Женски
    E stvarno me ubedi,utre odam i go nabavuvam,ti blagodaram
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.949
    Допаѓања:
    81.260
    Пол:
    Женски
    Нема на што, @maggy95. И јас дознав за истиот од форумов, не се сомневам дека ќе те разочара, предобар е.
    Многу сум задоволна од козметиката на Misslyn, квалитетни производи со ненапумпани цени.
    Цените им се можеби слични со оние на Manhattan, но Misslyn се каде каде подобри од нив. Барем таков е мојот впечаток од сето она кое сум го пробала од нив. :)
     
    На rainbowec и maggy95 им се допаѓа ова.