Девојки на импала тушеви каде купувате? До сега немам ништо на импала користено а колку што се сеќавам не сум сретнала некаде низ космо или дм на импала производи. Го изгледав тоа видеото на Роуз, со Импала туш во вид на пенкалце и баш би сакала да го пробам каков е. Општо повеќе сакам такви тушеви како пенкалца многу полесно ми е со нив да исцртам линија отколу со другите. Тој што го користам на Дебора ми е при крај па овој како доста поефтин би му бил добра замена ако ништо друго барем за секој ден, до факултет.
Купив за матурата, но не го искористив бидејќи не знам да го ставам. На крај го фрлив. Користам моливче за очи, попрактично ми е.
Јaс мoментaлнo гo кoристaм oвoј туш нa nух , oдличен е стoи цел ден , вoдooтпoрен е. Презaдoвoлнa сум, четчетo е дoлгo дoвoлнo зa дa се нaнесе леснo нa oкoтo
Препорачајте ми некој водоотпорен туш, имам капаци што кога ќе ги отворам очите тушот ми се копира на капакот. На голден роуз ги имам користено ама само 5 минути имам убава линија после ништо...
Исто така за да не ти се копира...Мораш мнг тенка линија да ставиш туш бидејки имаш капаци така убаво изгледа а ако линијата е по дебела не лици на спуштени капаци
Дали ова го има кај нас? Некако се одлучив ваков гел да си купам, па ме интересира мислење за ова ако го има или за некој сличен. Тнх
@kate89, овие гел-лајнери веќе одамна се повлечени од продажба. Вакви слични имаат L'Oreal и Maybelline. Инаку, Maybelline не знам дали е донесен кај нас, мојот е земен од странство. L'Oreal гел-лајнерот е 500 и некој денар, ако добро се сеќавам, не знам.
Oф... За Лореал знам, прееска во ДМ го видов беше на попуст 400 и некој денар. Баш ќе проверам на Мaybelline дали го има. Фала
Јас го имам користено само оној stays matt no mather what - така некако му беше називот, но не ми се допадна, не пушташе воопшто течност и пребрзо се исуши, така да, за таа цена од 200 и кусур денари, сметам дека постојат многу поквалитетни тушеви за очи. Од Есенс е фин оној со плаво капаче, него го имам користено и многу е лесен за употреба. Иста „копија“ на овој туш имаат и Catrice, јас мојот го купив кога имаше попуст на извесни артикли од оваа линија, ама затоа што имав од стариот туш на Misslyn, дури сега пред некое време почнав да го користам и многу сум задоволна. Четката иако е тенка, многу е прецизна и лесно се нанесува, формулата не е многу течна, а самата линија која ја повлекувам е мат и доста интензивна. Водоотпорен е, не се распукува по очниот капак, не се растекува или пресликува, многу лесно се црта и тенка и подебела линија. Ептен фин туш за тие пари, добро искористен попуст. Единствено ми смета тоа што четката не завршува во шпиц, но како што спомнав и претходно, многу лесно се постигнува свиткувањето во надворешниот агол од окото - ништо страшно. Станува збор за овој туш.
Мене ми е еден од подобрите што сум ги користела, особено за таа цена. Долготраен е, а остава доволно црно да немора по 10 пати да поминеш.
Deborah Ultraliner ги иритира очите, не знам дали на мене така ми се погоди или на сите им ги иритира ама воопшто не сум задоволна.