Гииирлс, ај препорачајте сребрен туш за очи. Некој кој ќе биде со тврдо четкиче. Или во краен случај екстра добро моливче.
b.u.tt.e.r.F.L.Y Golden Rose имаат многу нијанси на тушеви со светки и металик нијанси. Со светки: http://www.goldenrose.com.tr/en/product/47/eyes-eyeliner-extreme-sparkle-eyeliner/1 (порано имаа многу поголем избор на нијанси) Металик нијанси: http://www.goldenrose.com.tr/en/product/44/eyes-eyeliner-style-liner-metallic-eyeliner/1 Низ интернетов можеш да побараш и слики од примери како би изгледале или како изгледаат на рака.
Еве некои тушеви од Голден Роуз @b.u.tt.e.r.F.L.Y Како изгледаат Ај некоја ако знае нека каже дали ги има по продавниците? Гледам добро се пигментирани
Читав на блогот дека траат околу 5 часа. Повеќе овде пишува http://lipstickattack.blogspot.gr/2013/08/golden-rose-style-liner-metallic-tusevi.html
Конечно го најдов идеалниот туш! Лесен и прецизен за употреба, брзо се суши и не се пресликува + остава убава црна боја. Ова форумов е стварно поучен и од помош, не знам кој ми го имаше препорачано тушов уште поодамна и НАЈГОЛЕМО ФАЛА.
Се сoглaсувaм сo тебе. јaс лaни гo земaв aмa не ги зaтвoрив убaвo кaпaчетo и се исуши. А нaвистинa е прекрaсен
Некој долготраен туш, да не се брише да ми препорачате.. зборам за набавување од парфимерии.. ? (црн)
Го користам со тврда четка, има убава интензивна боја, не мрда од око се дур не го избришеш го купив околу 100денари
@Veki4kaa јас лично го немам користено тушот, една моја другарка го има, и воопшто не е задоволна. Ми кажа дека воопшто не пишел, како да е потрошен, а само што го отворила првиот ден. Еве ако гледаш веќе туш и ако сакаш да пишува добро и да ти стои цела вечер, еве кој ти го препорачувам. Не само тебе, туку на сите феминки. Женски, прекрасен е тушот. Го користам веќе повеќе од година и само пофални зборови!
Ги имаш во Космо , Еликсир , ДМ.. Сега ако си од др град и ги нема овие парфимерии пиши од каде си па ќе ти помогнат женските.. бидејки јас за Скопје зборувам За цена околу 300-350 денари (Менхетен е малку поскап) ама долготрајни се , мат , ако имаш мрсни капаци не се бришат
Се согласувам за водоотпорниот туш на Есенс, имам пишувано и поназад, до сега ми се нема отцртано или размачкано. Цената е 195-210 ден. и за таа цена немам сретнато подобар.
Со оглед на тоа дека тушот општо го користам пола година, треба да ми издржи секакви температури. За цената е сосема во ред, иако би ти го препорачала тој водоотпорниот на Есенс што го има на постовите поназад, 200 ден е, али долго се користи.