Најискрено го препорачувам на сите... Водоотпорен, брзо се суши и без проблем се отстранува. Ми се случувало и 2 дена да го носам и линијата да изгледа потполно исто како што сум ја ставила.
Tуш за очи користам веќе пет години , редовно , секојдневно . Од самиот старт почнав со Голден Роуз(со четкичка ) и бидејќи комплетно ги задоволува моите потреби ,до денес не сум го сменила. Немав никакви проблеми на почетокот ,прецизно го аплицирав , со единствена разлика што изцртував подебели линии. Инаку,очите секогаш ми изгледаат симетрично. Обожавам да експериментирам со линијата - потенка,подебела ,за погламурозен изглед повлекувам тенка линија од внатрешниот раб на окото кон носот(слично на гепард) ,понекогаш ставам само на горниот капак . Сметам дека тушот најдобро ја дефинира формата на окото ,дава длабочина на погледот и ја истакнува бојата на ирисот. Затоа го обожавам !
Меже да ми пишиш колку колку кошта и дали убаво црни ? Моментално го користам на Голден Роуз ама не ми се допаѓа некако не црни убаво морам да повторувам, а мислам дека кошташе нешто помалку од 100 денари
Совршенство јас сум презадоволна од него и верувај ми нема да има потреба да повторуваш линија по 2 пати. Цената му е 200ден. (ја го земам за 199 ) и ми трае више од 6 месеци а секојдневно го користам.
ах колку сум само глуперда кога е тушто во прашање,па незнам бе,крива рака имам и незнам, е коа имам некоја другарка до мене да ми стави е многу подобро,ептен ми се свиѓа девојка со туш поготово ако има плави или зелени очиња ммммм
Веке 2 години го користам тушот од орифлејм и навистина сум многу задоволна од него.Постојано ставам од него и сеуште не е потрошен,а ниту пак да е исушен.Погоре една феминка кажа дека не е задоволна од него и брзо и се исушил,што кај мене е обратно.
Јас користа го користам тушот за очи на Golen Rose со тврдо четче и многу сум задоволна, супер црта.Ми требаше некое време да се научам да си ставам ама вредеше цела мака
Користам туш од Golden Rose и сеуште го користам, со тврда четкичка ми е и лесно се нанесува Го обожавам, и секогаш си го ставам кога е потребно
Супер е тушот со тврдата четкичка од Голден Роуз, многу ми се свиѓа. Ама не ме бива јас сама да си ставам линиите ко планини ги правам, така да ретко ставам.