Конечно го најдов!! Презадоволна од пигментираност од трајност и од апликаторот. Ќе продолжам да го купувам дефинитивно!
Да ми препорачате некој добар гел ајлајнер што може да се најде кај нас? Да биде со добра пигментација и скроз мат?
Дајте предлог за кафеа туш за очи, ако воопшто уште може да се најде таков? Имав гел-туш во тегличка на Есенс пред сто години, ако најдам нешто вакво слично би била пресреќна. Нормално, не ги исклучувам како опција и класичните верзии на туш-пенкалце и класичен туш.
Веднаш, наjубавиот моj незаменлив туш од Gosh Со години ги користам и црниот и кафеавиот. Со тврда гумена четкичка е, околу 350 денари
Е многу ти благодарам, ама навистина! Мислев дека нема да најдам таков туш, ме утеши немаш поим како и колку. Ти благодарам уште еднаш, од обичниот црн туш на Гош сум многу задоволна (немав поим дека има и кафеав), па не се сомневам дека ќе ми се допадне и овој.
Имам туш на есенс тој водоотпорниот ама многу ми е водлест и слабо е пигментиран не ми се допаѓа Ми треба некој баш црн и долготраен може некоја препорака? А за четка не знам каква дека јас се навикнав со тој како фломастер што е па не знам дали ќе знам да ставам со некоја друга четка
Голден Роуз Dipliner ќе го бараш, имам мрсни капаци и го земав, не погрешив воопшто. Задоволна сум бидејќи не се пресликува.
Подобар гел туш немам користено. Не се пресликува, трае цел ден, а и на крајот од денот едвај го бришам со влажно марамче, треба плус да додадам мицерална вода на гарниер, и тогаш дури го бришам. Колку што се сеќавам го земав околу 500/600 ден. Најдобар!
@QweenSM Овој туш го немам пробано никогаш , а го имам гледано во А.козметикс , од nyx го имам користено тој со тенка четкичка што е и навистина беше одличен , баш толку околу 500 денари го платив. Сега го имам се уште на Мејбилин гел тушот и е исто така многу добар , ако нешто во иднина го снема од продажните места ќе го пробам и овој на Nyx. Во последно време се навикнав некако со гел тушевиве , а и ми се по стабилни одколку останатите со четка или во вид на фломастери. Од Голден роуз мене лично не ми се допадна воопшто евтин е да , убава црна боја вади ама ако имате масни капаци се копира и растекува
Обавезно да го пробаш, ако имаш можност мислам. Може на некоја од девојките му е скап, разбирам, затоа што и мене ми беше на почетокот, ама нема да си ги жалите парите. Многу се практични гел тушевите, мое мислење е дека е најдобра опција од тие со четка или пенкалце.