Страв ми е за тој од есенс баш дека има тенко четче, а јас не сум ич прецизна со текни четчиња.Доволно ми е да има убава црна боја, да не е блед, па сеа колку ќе биде траен тоа мање битно.
Истиот го има и со тврдо четче и како пенкалце. Али не би препорачала пенкалце пошто брзо се сушат сите.
Откако ќе се исуши се прават пукнатини на линијата, се разделува, цела е со рецки. Прочитај рецензии низ интернетов и други се жалат за тоа. Да го дотрошам и не би го земала по втор пат. Инаку околу четкичката и јас бев скептик, ама верувај попрецизно се нанесува дека е потенка, не би се вратила на тврдите четкички.
Да знаеш дека не е толку тенка четкичката како снопче од три влакненца. Многу е стабилна и прецизна, не се витка и нема шанси да утнеш дури и доколку не си доволно прецизна во нанесувањето. Овој е многу траен и дава многу длабока, интензивна црна боја. Не е како водичка и не бледнее. Толку време го користев, никогаш не ми се случило да ми распука поочниот капак. Вака ми се случуваше со тушот во розе шишенце од Bourjois, со Есенс никогаш.
Нај добар туш досега користен, ми е тушов на Giordani. Дава интензивна црна боја, без проблем трае 12 часа ( а можеби и повеќе) на очите без притоа да избледне, не се пресликува на капаците и не се размачкува воопшто. Единствена маана му е што е малку повеќе течен,па често на четкичката има многу повеќе од производот одколку што е потребно. Тенката четка со меки влакненца овозможува прецизно нанесување. Редовна цена е околу 600ден,на намаление може да се најде и за 300-400ден.
Може некој да ми препорача добар туш со тврда четкичка што навистина ќе трае бидејќи го имам тој на голден роус и порано беше топ но сега се повеќе ми се брише. По можност да не е многу скап
Дали некој го има користено овој туш? Јас сакам да го сменам мојот да пробам некој нов, па ме интересира мислење ваше.
Огромни пофалби, не би го менувала долго време. Предолготраен за цената, остава интензивно црна боја и ептен е прецизен, иако бев голем скептик за тенки четчиња.Се научив прецизно да "се туширам" со тврда четка и премногу се мислев дали да го земам, али не згрешив.Ептен прецизни крилца се цртаат, баш јас како што сакам. Лесно се отстранува со влажно марамче, а не се рашлакува ако си на дожд или снег.Не мрдна и покрај снегот и снежните топки кои ми завршија на лицето. Со еден збор, тушов е ПЕРФЕКЦИЈА.
Го имам пробано ама не ми се допадна , не се суши и ако имаш плус спуштени капаци или недај боже се фатиш за око отидоа светките на NYX ги фалат , ако си од Ск можеш да пробаш на тестер во Александар козметикс