Јас го имам и не пушта доволно, не го купувај залудно парите само ќе ги потрошиш. Воопшто не сум задоволна.
Ова се совети и за сите останати кои имаат проблем со нанесувањето на туш. Не е толку многу важна четката колку што е важно вежбањето. Rabbit за почеток, можеш да земеш некој поефтин за да можеш да се учиш со него. Од поефтините можеш да земеш еден со мека и еден со тврда четка. Оној што најмногу ти одговара после можеш да го дотрошиш со четката која најмногу ти одговара. Вежбај тогаш кога имаш време за да можеш да го избришеш и повторно да почнеш или некоја вечер кога нема да имаш потреба да излегуваш.
Јас од овој сум презадоволна, веќе никогаш нема да земам од оние другите Убаво пушта, лесно се користи и долго ке се користи.. Четкичката доколку се стврдне со памук и масло за чистење шминка одма се средува..
И јас го користам овој подолго време и сум задоволна. Четката не ми се стврднува бидејќи ја бришам после секоја употреба. Во последно време почнав да го нанесувам со четката за туш од Real Techniques. Поубаво ми е дека е помала и правам потенка линија.
Околу 600 ден, ама во Космо е често на акција, можеш да го земеш за некој 450 ако не се лажам. Мислам дека јас толку го земав. Ама по второто ставање го баталив. Не ми се допадна. Четкичето е некако млитаво, тушот водникав. Не доволно цврст. Го користам извесен период гел тушот на Мејбилајн и е далеку подобар. Многу повеќе пигментиран со постабилна четкичка. За жал кај нас го нема уште. А на цена се исти. Јас не ти го препорачувам. Ама ако имаш да го пробаш кај некој прво проби го, после земај.
Јас сум задоволна од овај што го имам сеа Eveline воодотпорен. Убава интезивна црна боја и не се пресликува има тврда четка што ми е малку потешко да го нанесувам. Затоа сакам да ми предложите некој туш ама со мека четка и пристапна цена да не е прескап.
@Rabbit гел тушот си има гел конзистенција и искрено мене ми е полесен за нанесување, а обичниот туш е воденикав. Ама се е ствар на навика. Штом немаш ставано до сега гледај да земеш некој со тврдо четче. Полесни се за маневрирање.
Јас го начекав предновогодишен попуст 300 и нешто а инаку 500/600 е а инаку може грешно паковање сум ставила, не е ич водест мојот, густ како кармин е и ептен лесно се нанесува, одма црна јака боја остава Гел е овој што го имам.. се зависи и од навика, каква форма на око имаш.. јас имам крупен капак, па со секаков туш можам да се снајдам, битно ми е само убаво да пушта...
Барам добар туш за очи , да не е гел туш го имам од nyx. Го имам на essence водоотпорниот и не ми е убав кога ќе се исуши забележав дека пука и не изгледа убаво. Цената не ми е битна нека биде само траен. Девојки вие сте предобри во нанесување на туш па чекам препорака од вас. @kim.k @Rose96 @Irreplaceablee
Јас едно 2год ако не и повеќе го користев тушот со мека четка на голден роус. Пред недела дена го добив гел тушот на гл и се заљубив во него. Толку по лесно се нанесува тушот што си се чудам сама на себе како сум можела да не го пробам порано. Али бидејќи сакаш течен, ти го препорачувам тој со мека четка на гл. Црн е, никогаш не ми се пресликал, не пукал и е мат.
@lovemme https://cdn.shopify.com/s/files/1/0899/2964/products/M37-10_large.jpg?v=1436857840 Ќе ти го препорачам овој. Остава многу убава црна линија и не мрднува, а после него на гош. Порано на форумов беше многу фален овој https://en.manhattan.de/sites/defau...ull/public/Dip Eyeliner RGB.png?itok=rQhOEVL7 меѓутоа го немам пробано каков е.
Од тушеви - диплајнерот на ГР ептен ми се свиѓа. Се цртам со него а имам мрсни капаци. Е сега во план сум да пробам од овие Боби Браун нешто, читав рецензии за неговата козметика. Инаку а @Rose96 колку чини тушот на Боржуа и дали брзо се суши?
Ај плис најди слика да видам како изгледа течниот И дали се растекува лесно? Ми солзат очите понекогаш