Иако ставам туш за посвечени прилики, ретко за вечерни излегувања, во секое време си имам едно шишенце во несесерот за секој случај. Дава навистина софистициран изглед
Последен туш што го купив и трае неколку месеци, и зачудена сум од фактот дека за таа цена (70 ден.) црта добро, бојата не избледува, а и ми трае доста долго. Алал нека му е. Golden Rose, дами и господа:
Дами подготвени сте? Конечно олеснување за оние кои користат туш за очи и кои се мачат секој ден да ја нанесат секоја можна капка правилно. Благодарејќи на волшебниците од Диор, нееднаквите линии и очите како на ракун сега се минато, а совршената линија на туш за очи сега ќе можете едноставно да ја залепите. Колекцијата на налепниците од Диор отскокнува од линијата на невкусни леопардски принтови. Колекцијата "Velvet eyes" Диор ја претставиле во својот специјализиран салон за време на Њујоршката модна недела, а кутијата со овие налепници содржи четири варијанти кои можете да ги лепите и да ги користите зависно од приликата и настанот на кој треба да се појавите. "Effeft Velours" се мат налепници, а "Effeft Brilliant" на себе имаат Сваровски кристалчиња со кои очите можете да ги украсите за свечени прилики и луди забави. Цената на овој сет е 55 долари, а ќе се продаваат само во продавниците на Sephora, па се надеваме дека овие волшебни кутиички наскоро ќе пристигнат и кај нас.
Definitivno najdobar tus sto sum go koristela e onoj kako flomasterce od oriflame,crvena pakovka(eye liner stylo).Go koristev sekojdnevno celi 4 meseci!Go vleckav i na odmor so mene,duri do Italija Duri mi se izgubi kapaceto i si rekov -tolku amin, posle nekoe vreme go najdov,go staviv i povtorno funkcionirase!!! Toa bese cudo od tus,samo ne znam so e problemot zosto ne go nudat vo oriflame poveke, ovie novite slicni nemaat vrska! [mod-kirilica:2mcznw12][/mod-kirilica:2mcznw12]
и јас го имам истиот, го користам една година постојано и тој не е потрошен, што е чудо, бидејќи претходно туш сум трошела за 2 месеци... а сега го порачав оној новиот на орифлеим со четкичка, па ќе видиме како ќе се покаже...
Користам Голден Роуз и сум пре задоволна, од коа почнав да нанесувам туш за очи го користам само тој . Имам пробано и некои други тушеви, ама пак си се навраќам на старото . Предобар е а и нее скап секој може да си го дозволи, поздрав
Имам еден проблем. Секогаш кога ставам туш или креон на очниот капак ми се отцртува горе Сум пробала и со коректор под нив ама џабе :/ Чаре?
користам голден роуз и презадоволна сум .. а тие ко пенкала шо се многу се разочарав пошо одма се бришат боле молив да се стаи место тоа... =)))))
Чаре - кога ќе нанесуваш гледај надоле и откога ќе нанесеш туш или креон тогаш почекај малце така гледајќи надоле за да се исуши, не да ги креваш одма капаците, или пак мафтај си со раката кон очите за да се исушат
Јас туш за очи користам еден турски од на пазар на една тезга го купувам...Пластичен го викаат... Преубав е, башка то што едно шишенце ми трае долго (бидејќи не се шлакам секој ден) и се ваѓа во еден потег ... Малце четчето зафркава ама затоа си имам едно четче од друг туш што перфектно си ја врши работата