Јас имам проблем со нанесувањето на ГР диплајнер. Иако ми е незаменлив и најубав до сега, мене по нанесување ме печат очите, тоа трае 1 -2 секунди и не можам да се доцртам. Треба да му најдам замена, имам мрсни капаци,па препорачајте нешто.
Мислин водоотпорниот. И тој има иста дебела четкичка како Голден Роуз, ама водоотпорен е и не се разлева на мрсни капаци. Многу е добар, околу 350 денари е во Шатци.
Се вади, без гајле. Сум го чистела и со влажни марамчиња и со маслени отстранувачи и мицеларна, си се чисти убаво. Ако не го најдеш него, види го и тушот на Гош. Тој е слична цена како Мислин, само со потенка четкичка ама исто така одличен туш за оние со мрсни капаци.
Не можам да си најдам убав туш Последно во космо на fresh minerals две продавачки ме убедија, дека е wow и нема подобар. Некои 450 ден лупнав и кога го нанесувам ми се оди ним да им го лупнам Прекинува, а тоа највише мразам. Претходно користев аура, најдолго, просечен , за парите ок. Голден роуз не, авон, орифлејм не. Би дала повеќе зошто ми трае доста ( на работа ставав секојдневно, сега сум дома , ќе се користи ретко )
Јас сум многу задоволна од тушот на Eveline водоотпорниот. Не знам со каква четка сакаш да користиш ама овој е со тврда и стварно многу добро се нанесува,не се размачкува и воопшто не се пресликува. И има солидна цена 160 денари го земав јас.
Па би требало да го има секаде каде што држат козметика на Eveline.Јас го земав од локална парфимерија.
@eli25 Гош https://img.makeupalley.com/4/6/7/0/2728817.JPG, Мислин https://www.pinkmelon.de/wp-content/uploads/2012/11/IMG_0608.jpg, тој со сино капаче на есенс https://makeupandbeauty.com/wp-cont...uid-Ink-Eyeliner-Waterproof-Black-Review5.jpg. Јас со овие 3 имам искуство и не се пресликуваат на капакот.
Пробај го тушот на Eveline, јас го користам долго време и сум презадоволна. Долготраен е и има интензивна црна боја со едно нанесување.