@koritsaki на последната слика видов дека си се нацртала со тушот од Аура. Дали е сличен на водоотпорниот од Есенс? Овој од Есенс ми е многу лесен но ме нервира што се распукува. Би била благодарна ако ми предложиш некој убав туш.
@sorbet Да , моментално го користам тој на Аура т.е. само тој го имам моментално наменет е за осетливи очи (истиот во црна опаковка го немам пробано) Мене ниту едниот ниту другиот ми распукуваат- и двата се трајни не се бришат лесно поготово тој на Есенс , го имам нанесувано и без база и не ми се копира на капакот. Единствена разлика ми е при нанесување , тој на Аура ми е малку по сув од тој на Есенс- морам неколку пати да ја ставам четкичката внатре во пакувањето за да направам линија на капакот , мислам дека со Есенс тушот ова не ми се случуваше. Од есенс овој го користиш така?
Да тој, го купив демек да се увежбам да ставам туш и ептен ми се погоди. Но има една мана - ми се распукува . Не знам дали со не-мат тушеви ќе го немам тој проблем.
Јас секогаш барам такво нешто - водоотпорно , бидејќи капаците ми се многу масни и ако не е тушот водоотпорен и со база на капакот (што секогаш нанесувам) пак ми се копира на горниот дел од капаците. Тој на Аура не е скап , можеш да го пробаш, јас мислам ќе ти се допадне
Не е. Иначе, дајте ми предлог за некој мат туш, црн пигментиран и траен, до кај 200/250 најмногу(ако е можно тоа ). Го користев од есенс со плавото капаче и сум презадоволна во секој поглед, ама некако сакам мат да пробам, поубаво ми изгледа.
Овој горе (лилјаковиот) го имаш некогаш пробано? порано го гледав низ парфимериите (јас стандард 2-3 пати го купував само тој со синото капаче), но овој незнам дали се уште го носат
@koritsaki тој матот на Essence јас го имам купено од Германија, тука го немам сретнато Мене одма ми се суши, месец два после отварање, а секогаш внимавам убаво да е затворен. Инаку супер е, мат и долготраен, ма да повеќе распукува од тој со плавото капаче. @christinnn пробај со црна сенка да нанесеш над тушот што го користиш, ефектот е тој.
Можно е и да грешам , може и да сум го гледала и кај мене во Грција, незнам А тоа мислев и јас дека повеќе распукува мат ајлајнерот ако го најдам ќе го пробам зашто да не @Artemission
@christinnn најтопла препорака за Евелин Celebrities тушот, имам пишувано и во темава. 190 денари мислам дека е, во Космо го има и е мат, најмат од сите drugstore што ги имам пробано. Не е водоотпорен, ама си стои цел ден како ќе го нанесам, ме има и дожд фатено со него и не сум имала проблем.
Види ги тие на NYX , имам купувано на Голден роуз ама за брзо време се растекуваат т.е. се копираат на капакот. Сигурно има тестери да си пробаш во Александар козметикс
Здраво, Ве молам препорачајте ми го најцрниот туш кој го знаете, да е мат и.секако да не се рони или пука. Не е битно дали е водоотпорен. Фала Ви многу.
Не знам за тебе, ама јас овие 200ден што ги дадов не можам да ги прежалам. Катастрофа е тушот. Пигментација 0! И по 10 пати да поминам на истото место џабе е. Не остава црна боја. За мат веќе и да не правиме муабет. Се бриши многу лесно, не е воопшто траен. За тие пари ќе си земев есенс, можда не е мат али вреди за секој денар. Тоа е тоа, ум за друг пат.
@christinnn cudno mozebi tvojot se pogodil takov, jas pak bas od pigmentacijata sum najzadovolna. Promuckaj go ubavo, moze stoel dolgo vreme. Sepak da bese tolku katastrofalen ko sto kazuvas nemase ni da se osmelam da go spomnam i pofalam tuka. Mene licno mi e 100 pati podobar od Esens, toj mi se razleva i raspukuva. Ama sekoj so svoeto uskustvo, na kraj kraeva za 200 den ne moze da se ocekuva kvalitet kako kaj high end brend.
Здраво. Сакам да прашм за туш кој што е како мат и многу убав До душа не знам дали е мат а и слик не можам да најдам. Голден росе не сакам . Сакам туш нов да пробам.. убава црна боја да е.