Ви благодарам девојки. Инаку, @OmniaVanitas , пробав со такви мали notes ливчиња што се тенки и лепливи од едната страна, и планирав да ставам прво моливче самоостречко па потоа туш. Ми испадна супер и со моливчето што дури и не ставив туш потоа бидејќи и така многу ми се допадна. Ви благодарам што ме инспириравте
Девојки, предлог за туш но да биде како во вид на маркер дека со таков најпрецизно ми е за нанесување. Го имав на евелин ама по неполни два месеци е сув, треба да го стискам за да пушти боја.. Имаат есенс такви, повеќе видови, некоја искуство со тие?
Имав на Менхетн и уште два од нз која фирма, сите ми се исушија за два месеци, мислам дека сите што се во форма на пенкалце се такви. Инаку тој на Есенс го фалат на јутуб доста, водоотпорниот. И тој сигурно ќе се исуши како овие, али барем помалку пари ќе дадеш.
Јас па од тоа пенкалцето на Есенс не бев воопшто задоволна. Некако не оставаше боја како што треба , а од тој со синото капаче исто на Есенс сум презадоволна , ама на @sofija014 не и го предложив бидејќи бараше во вид на фломастер
Овој од авон ако сакаш. Јас на голден роуз со тврда четка го користам на секои 6 месеци купувам нов бидејќи не се суши брзо. И овој од авон ќе се исуши за брзо ама добар е.
Approved by Femina btw @koritsaki видов дека си купила туш од Аура како пенкалце (ако не се лажам), чекаме рецензија
@sorbet да го купив денес не знам каков е , ама нов е изгледа па викам да го пробам А и тој погоре на сликата белиот е одличен само што го потрошив , но ајде реков да сменам
На попуст е да, би требало да е околу 180 денари. Јас го земав пред некој месец 239 ден, со 25% попуст толку излегува.
Дали некоја го има пробано? Ок ли е? Го видов во Шатци на попуст за некои си 160 ден. ама не сум сигурна во квалитетот. Или пак да не ризикувам и да си го земам тој на Лореал...
Да пишам update за тушот на Аура. Го користам веќе 2 недели, мнову траен е исто како тој во белата опаковка што го фалев погоре- само што овој е во вид на фломастер. Го земав со 25% попуст , на цената не се сеќавам воопшто но мислам беше околу 200 ден. Црн е и интензивен , лесно се нанесува и не се размачкува!
МАТ туш со интензивна црна боја? Да не е Есенс, дека ми се распукува на очниот капак? Ми се свиѓа на Аура wing it up ама не е мат Пс. Имам осетливи очи, да не ми се растече одма па да бидам панда
Веќе 1 месец го користам овој ајлајнер на Аура. Мене ми е мат , не се распукува , не се копира , не се растекува... (на очите секогаш користам база зашто имам премрсни капаци) Одличен туш за евтини пари , бев задоволна и од тој што го спомна ти , но и овој ми се допаѓа