Го земав на Аура wing it up за осетливи очи, што е разликата меѓу него и црниот wing it up? @koritsaki можеби знае
Да ти кажам , мислам дека единствена разлика е тоа што едниот туш е за осетливи очи (во белата опаковка) а другиот не е. Јас само тој во белото шишенце го имам пробано , и навистина ми беше траен. Сега го користам тој во вид на фломастер и исто така ми е супер
Предлог туш како фломастер кој нема да се преслика или размачка? Имам мрсни капаци, а особено ми е страв кога е потопло, па не сум користела одамна.
Здраво Девојчиња би сакала да прашам каде може да најдам пластичен туш за очи црн онака со многу сјај Благодарам
Дали кај нас го има водоотпониот туш на Wet n wild и која цена е? И доколу некоја го користела или прочитала мислења нека каже дали е добар
Дали станува збор за овој лајнер? И мене ми треба нов, па може да се проба ако е цената таа што ја пиша @buba4e89 Бубаче, да не случајно го имаш пробано? Не ми се допаѓаат дебели четки кај лајнерите, ама ако е убав, зошто да не. Ми здосади оној туш од Есенс, го користам со години веќе.
Jac го имам. Четкичката е убава ама не остава убав траг, премногу е воденест. Gosh ми е сеуште без конкуренција кај тушевите со тврди четкички.
Некоја од членките во темата "Што последно си купивте?" ме праша дали се пресликува тушот на Аура wing it up за сензитивни очи (бело пакување), па да одговорам, затоа што тогаш го немав уште пробано. Тушот го помина успешно тестот на насолзени очи од сончеви зраци, не се пресликува затоа што веднаш се суши (имам спуштени капаци), не ми предизвикува иритации на очите и малку потешко се вади со влажна марамица. Четката е одлична за нанесување, мене лично полесно ми е нанесувањето со вакви флексибилни четки и не ми треба многу професионалност за да ја добијам посакуваната линија, а и колку потенко толку подобро, така можам да си играм со различни видови линии. За мене би бил совршен доколку финишот би бил мат.
Значи ништо. Мене повеќе ми одговараат тушеви со мека четка, а онаа кај тушот на Гош со мека четкичка ми е премногу тенка. Ќе си барам друго чаре тогаш. Фала ти Лоли.
Не, го гледав, меркав читав рецензии, но сеуште се немам нафатено да го пробам. Сеуште имам од стариот на Голден Роуз едвај чекам да го потрошам од ова пакување ме печат очите.
@Mishela го пробав пред неколку месеци ајлајнеров на Wetnwild ама мене ми се пресликуваше на капаците (секогаш претходно нанесувам база на капаците)
Preporacajte mi dobar crn ajlajner so tvrda cetkicka samo da ne toa vo penkalo i da ne se preslikuva i ne mnogu skap?
Мислин со тврда четка, околу 300-350 денари е. Баш е прецизен и не се пресликува. Го користев пред неколку години, но уште би требало да го имаат во Шатци.
Дали ви се пресликува Wing it up тушот на Аура во бело шишенце? Без фиксатор невозможно е да не ми се преслика, а капаците на очите па и не ми се толку мрсни за да се пресликува до толку. Прекрасен е тушот, многу лесно се исцртува и презадоволна сум од тоа, ама и многу се пресликува. И малку глупаво се вади, се расцветува и се кине како фолија. Чистење очи само со масло. Ниту двофазен, ниту мицеларна.
Не ми се пресликува ниту ми се има размачкано од солзење на очите. Потешко се вади да, како лентички се остатоците но со стапче за уши и мицеларна вода го средувам нередот. И мене ме нервира тоа, но сепак си останува најдобар туш што сум го користела.
Чистењето искрено не ми е ни толку битно, ама ова со пресликувањето, ме остави без коментар. Ќе видиме што ќе испадне од него, убав е многу ама штета навистина.