Се согласувам, ова е единствен туш со чија четкичка успевам да направам перфектно winged eyeliner, а и ми се допаѓа што е мат. Но за жал мене ми се рони после 2 часа и морам да го корегирам.
Алал вера за нервите, јас го имав истиот туш од Малена, ама четката е толку тенка (снопче од некои десетина споени влакненца), што мислам ме разденуваше додека успеам да извлечам линија каква што сакам. Формулата како за чудо му е одлична, мене не ми се ронеше, ниту пак се пресликуваше. Ама кога четката не ми одговара, тоа е. Ептен е мека, лесно се витка и лесно се губи контрола над неа. Плус толку е тенка, што мислам ептен ми одземаше време за да ја постигнам посакуваната дебелина. Ништо и од тушот на Аура дефинитивно, премногу се пресликува и покрај нанесен фиксатор. Денес пак си купив Есенс - стара љубов. Додека го има, ќе терам со него. Штета, затоа што четката од тушот на Аура многу повеќе ми одговараше, ама тоа е.
Девојки ми треба предлог за ваков сличен туш, интензивна црна боја и да биде мат. Цена до 300 ден. Го користам на есенс со плаво капаче и сум прилично задоволна али сакам да пробам нешто ново.
Овој туш е на Мејбилин , баш истиот од сликата. Го препознав , моја другарка го користи. Презадоволна е , баш мат и е многу траен тушот. Јас лично го немам пробано. Порвери дали го имаат донесено и во ДМ или Космо, кај нас во Гр го има
Koristev na essence toj vodootporniot crno so plavo so cetlkucka... super mi bese i ubava crna boja imase i dolgo vreme moze godina necela go koristam .. pa nes so me natera go zemav essence penkalce katasttofa nemase mesec edvaj boj pusta.. Sto miselete za golder rose da si zemam i koja cena e ? Dali ima crna boja da ne bide bled.. o da drzi poveke vreme ?
Мислин има многу добар туш и не се пресликува. Е сега цената му е малку над 300, не се сеќавам точно колку, но не е повеќе од 400. Ако ти одговара цената види го.
Од малена ми е супер од коа го користам само тој го зимам не е скап уопшто 100 ден мсм дека е Сакам потенка четка и тпј ми е совршен не ми се растекува или слично
Секое око - своја приказна Синиот туш на Есенс, на моиве очи исчезнува се брише, посебно "вингот" Од друга страна, белиот на Аура (за чувствителни очи) - не можам да го избришам со ништо, мислам око ќе откорнам додека да го отстранам. Никакво размачкување или пресликување, дури нервоза ме фаќа кога треба да вадам шминка. Најново купив ајлајнер на Вет Енд Вајлд, конкретно на него пишува Мегалајнер, со тврдо четкиче, и не сум го носела доволно за да кажам за трајноста, АМА, јас како некој кој мака мачи со ајлајнери + спуштени капаци - го препорачувам секому кој има две леви раце За мене барем, најбрза и најпрецизна апликација имав со овој туш
Да, дефинитивно. Мене нај нај ми се покажа тушот на Мислин и по толку време, пак му се вратив. Кошта речиси колку Аура и Есенс заедно, ама мме, бар не сум панда. И четката е многу убава дури и за почетници или не толку вешти раце. Имам пишувано многу пати за него мислам. Одвај го најдов, имав среќа изгледа. Иако во лето многу ретко нанесувам туш, во последно време терам со обичен црн молив од Авон, му извлекувам опавче со тенка четка како за веѓи и предобро изгледа, не се пресликува. Дали се навикнав вака на некој полесен изглед, сега тушот ми изгледа ептен чудно.
Јас ако не го нанесам ултра тенко, изгледа за никаде, пошто не ми останува капак Јас и онака скоро немам капак, се е puffy, затоа ич не можам со моливчиња Некогаш игра улога цена, некогаш нема врска во тоа што ќе се погоди На пример, од 1000 маскари, мене лично најпогодена ми е на Орифлејм, Colourbox Fat Lash, која ја платив некои 100-120 денари, мислам редовна цена околу 200 дека и` е, а истовремено имам отворено на Мејбелин и на Макс Фактор маскари, кои сум ги платила 700-1000 денари и не ми се ни половина добри колку оваа А, инаку покрај тоа што многу ми е убава оваа на Орифлејм, ненормално долго трае и не се суши тоа е секако плус.
Дали го има тушов во Шатци и дали е добар? Имам спуштени капаци и мрсна кожа, па важно ми е да е навистина водоотпорен и да не се пресликува. Го користам водоотпорниот на Есенс како пенкалце, предобар е, но мнооогу брзо ми се потроши. А со класичниот со четкичка не можам баш прецизно да исцртам.
Го купив пред неколку месеца ама не е воопшто добар не е траен како што пишува. мене ми се пресликуваше
Девојки предлог убав црн туш. Баш црна боја. Мене не ми е проблем зашто знам да редам секакви. Го користев тој од малена, мислам го купив 150 ама преубав стварно. Ама сакам да сменам да видам друг. Па некој предлог?
Сум пробала повеќе од 5 различни и секогаш се враќам на Есенс водотпорниот. Ама тој класичниот со тенка четка, бидејќи они како пенкало едвај месец ми траат.
Мислење за Макс Фактор тушот како пенкалче што е? Овде го пробав на рака и баш е супер,продавачката ме убедуваше дека е екстра,но јас сум скептична не ми се експериментира.