Го користев на Голеден Роус ама некако не бев многу задоволна и сега си го купив на Импала 175 денари и ептен ми е супер, лесно се нанесува и убаво црни. Ви го препорачувам
имам користено од орифлејм еден туш и задоволна сум од него,и плус мислам дека долго траеше сега ќе земам еден најнов што е,мора да се испроба,исто од орифлејм
Јас кога нанесувам од тушот не ми се прави линија во текот на денот/ноќта, а креонот ми остава линија...тоа е...
порано никогаш не користев туш затоа што некои другарки ми дадоа сугестија дека нема да ми стои,се додека една другарка која ме шминкаше за на свадба ми стави туш.прекрасно изгледаше и сега редовно го користам од голден роуз најдобар ми е за нанесување,дури научив и форми за окото како да изгледа
Very Me од Орифлејм? Дали е убав? Чекам одговор од некоја задоволна\ незадоволна 140 денари беше, на попуст да знам дали да го порачам.
Јас ставам пудра во прав или некоја неутрална сенка на горниот капак и така останува суво и не ми се лепи, така ги решив и тушот и креончето
Да, точно. Заборавив на тоа дека откако ќе нанесеш пудра (течна или во прав) или коректор и после тоа нанесеш туш или креон, дека нема да се лепи
Да, точно. Заборавив на тоа дека откако ќе нанесеш пудра (течна или во прав) или коректор и после тоа нанесеш туш или креон, дека нема да се лепи [/quote] не бе маче, ислкучиво нешто сувко(во прав) камена пудра е најдобро, со течна или коректор ке ти се размачка
Хехехе ок е, јас еве си ставам коректор па не ми се размачкува, добро сеа.... течна пудра не ставам ама коректор да и добро е, се држи
Отсекогаш го користев на Орифлејм и ми беше добар.За таа цена одличен е! Сега имам Викторијас сикрет,не да е добар,предобар,ама 13долари е,па ќе го штедам за екстра прилики
Јас изгледа се правам обратно... почнав да учам како да нанесувам туш со мека четка, а сега користам со тврда. Задоволна сум од Golden Rose, го имам пробано и тој на Авон, ама некако брзо се суши и не е толку интензивна бојата.
За да не ви се размачкува тушот обавезно пред нанесување ставете база или пудра во прав или камена. Исто така може и некоја наутрална боја на сенка за очи. Значи очниот капак мора да биде сув. А за да не ви се оцртува линија горе одкога ке ставите туш, врз него ставете и црна сенка за очи, така ке трае подолго.
од орифлем порачав сега еден со тврда четкичка ..само еднаш имам ставено..за сега е добар задоволна сум.